КОЛЕКЦИОНЕРСКИ ЗАПАЛКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:153:"Вочадможешдаправишштосакаш,апоследагиубедувашдругитедекатоанесибилти

    1. Зарем ќе молчиме? Зошто ли ги измислија овие два дена изборен молк. Протестирам против загрозувањето на основното човеково право. Поради тоа што сум ставен во неприродна ситуација да молчам за изборите, еден ден пред да се отворат гласачките места. И тоа да молчам во рубрика што носи наслов “Сакам да кажам”.
    Среќа што ни рекле да молчиме само два дена. Среќа што измислиле и втор круг, па од понеделник ќе си продолжиме по старо. Не велам дека беше баш пријат­но и во изминативе месец дена, зашто што и да напишеш ќе ти го стават во рамки на предизборната кампања. Башка што постојано треба да глумиш неутрал­ност, а нешто не ти се допаѓа, па – амин, ама барем немавме проблеми да го ис­пол­­ни­ме новинскиот простор.
    Освен тоа, ова беше добредојдено време за разни колекционери. За луѓето што собираат изјави на мудрости, глупости, беџови, налепници, плакати, знаменца, пенкалца… И – запалки. Делењето запалки е феномен за сеопфатна анализа. Не само што покрај толку запалки и на непушачот му доаѓа да пропуши. Повеќе поради симболиката. Запалката служи за – потпалување. А потпалувањето служи за да се направи чад. А кога има чад, може да правиш многу работи зашто мислиш дека не те гледаат. Сé е некако магливо. Ту гледаш, ту не гледаш. После кога ќе секнат запалките, а и чадот ќе го однесе ветрот, ќе можеш да се правиш луд. “Не бе, не си ме видел!” “Не, јас не сум правел така!” “Не, погрешно си разбрал!” “Не бе, јас не бев таму, си се препознал”…

    2. Скопски “Комуналец” реагираше последниот ден пред да стапи молкот на сила. Апелираше до политичките партии во Македонија за зачувување на еколошката средина.
    Јавното претпријатие “Комунална хигиена” се јави со сопштение во кое предупреди дека “во жарот на меѓупартиското натпреварување не се води сметка за лепењето плакати и делењето на пропаганден материјал, што по скопските улици и тротоари создава крајна нехигиена”. Сигурно луѓето во портокаловите униформи со гумените ракавици видоа многу валканици. Па уште нивното претпријатие жално нé потсети дека октомври, веројатно традиционално, е месец на хигиената. Што ако? Тоа не се однесува на менталната хигиена.

    3. Предизборниот период беше добар и да ги слушнеме пораките од соседите. Така, белградскиот манекен, и по вокација и по моменталната позиција, Зоран Лилиќ, инаку во улога на претседател на Сојузна Република Југославија, дал интер­вју за грчката државна телевизија. Откако ни ги соопштил познатите и повеќепати чуени ставови на неговиот главен моден креатор, од типот “Скопје следи политика која е спротивна не само на неговите, туку и на интересите на регионот”, а малку им се додворувал на Грците тврдејќи “колку што јас знам, во Грција нема такво (“славомакедонско”) малцинство”, манекенот ни уплатил и една многу интересна порака.
    Имено, во интервјуто рекол дека неговата земја “ќе истрае во напорите, раководството на Македонија да сфати дека мора да се почитуваат сите права на Србите кои живеат таму, исто онака како што инсистира во Босна и Херцеговина и во Хрватска”.
    Супер! Бидејќи веќе две години гледаме како неговата земја истрајува во напорите ширум Босна и Херцеговина и на третина од територијата на Хрватска, можеме да претпоставиме со кои методи тие би инсистирале на правата на Србите и во Македонија.

    4. Грците преку граничниот премин кај Гевгелија го пропуштиле првиот човек со син македонски пасош. И тоа им е дел од сценариото со кое нашиот јужен сосед одеднаш стана конструктивно расположен и подготвен за дијалог.
    Треба да пристигне пченката од САД. Тоа е онаа пченка што ја купивме со кредитот од 8 милиони долари, што го добивме исто така од САД. Бидејќи таа мора да пристигне преку железница (а тоа се вагони и вагони преполни со пченка), ете им алиби на Грците како повторно да покажат флексибилност, а нас да нé обвинат за непопустливост. Така Американците им помагаат двојно – ем да го олабават ембаргото што им пречи и на самите Грци, ем да ги претстават како конструктивни и со добра волја. По тоа, логично е следниот чекор да се очекува од нас.

    5. Не знам што би требало да се случи, па да се организира една искрена весел­ба. Луѓето за своите родендени прават забави, фрлаат конфети, дуват балони, а кај нас се случува светска премиера на македонскиот филм што добил Златен лав, а на артистите никој не им доделува барем едно цветче. Небаре наградите им доаѓаат секој ден, па на премиерата можат да одат и сами, бидејќи не им дале билет ниту за брачните, или било какви партнери. Велат, другите денови, кога филмот го гледале обични луѓе, имало поголем аплауз отколку на премиерата.

    6. Конечно ја пресековме лентата за изградба на пругата кон Бугарија. И на глава ни ги качија 120-те милиони долари што таа ќе ги потроши. И уште некои 2 милиона долари за физибилити студија за коридорот Исток-Запад.
    Имав среќа пред десетина дена да патувам во Њујорк. Хотелот во којшто престојував се рекламираше со податокот дека пред две години за негово реновирање биле потрошени 60 милиони долари. А нас, за пруга, дури со 26 тунели ќе ни требаат 120 милиони долари. Тоа колку за споредба, кај сме ние, а каде е Америка. А за празничното сечење ленти, ич да не зборуваме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира