КОЛОНИЈАЛНА МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:105:"РадавокампањазаЕУпредБакингемскатапалатавоЛондон

    1. До каде ли ќе одат? Што се се во состојба да направат за да го понижат сопствениот народ? Прво одеа во Брисел да не кодошат, а сега и дома ни ги носат за да ни го враќаат саатот наназад.
    Излезе еден државен службеник пред вратата на Собранието на Македонија и во улога на најомразен британски колонијалист се закануваше да не излегуваме на референдум. Државниот службеник излезе од состанок со претседателот на државата.
    Ден пред тоа Никола Поповски во Битола им порачуваше на граѓаните дека не смеат да излезат на референдум и на 7 ноември да си седат дома, да си гледаат телевизија. Истото го викаше и колонијалистот. Се гледа кој им кажал што да зборуваат. Ете до каде стигнаа Бранко и неговата дружина. Има ли поголемо понижување од тоа да викаш странци за да си го караш сопствениот народ?
    Колонијалистот во Скопје го враќаше саатот назад и ни велеше да си седиме дома. По три часа во Приштина ги караше Србите зошто седеле дома и не излегле на гласање. Си го курдиса саатот и – си замина.
    Британците треба да излезат на референдум за прифаќање на Уставот на ЕУ. Баш ме интересира дали и ние ќе им испратиме некоја државна службеничка што ќе ја прими кралицата, а потоа ќе излезе на телевизија пред Бакингемска палата и ќе им каже на кралските поданици што да прават на денот на референдумот. Или, бидејќи сме поголеми Европејци од Британците, ќе им ја пуштиме Рада. Единствен начин да им успее референдумот е да ја вртат Рада на сите телевизии. Да им збори цел ден, како што ни зборува нас. За да не ја гледаат, сите ќе избегаат од дома. Анџак е надвор, може некој и ќе гласа.

    2. Што сакаше да каже колонијалистот кога велеше дека ако сме гласале, тоа ќе не вратело назад?
    Во кое време ќе се вратиме? Сега е полошо од времето во кое се заканува дека ќе не врати. Тогаш имавме визи, сега имаме уште повеќе. Тогаш имавме невработени, сега имаме уште повеќе. Тогаш контролиравме поголем дел од државата, сега контролираме помал дел. Едно време, кога бевме назад дури и индустриското производство почна да расте. Сега паѓа.
    Каде ќе се вратиме? Има ли поназад од ова?

    3. СДСМ им се заканувал на вработените во јавната администрација и во државните претпријатија дека ќе ги брка од работа ако одат на рефередум. Ќе се проверуваат списоците дали гласале браќа, сестри, снаи, баџанаци, свастики…
    Расколникот Јован колне до седмо колено. Бранко е широк човек. Дисциплинира до второ колено.

    4. Пред доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, претседателот Црвенковски рече дека е “време да почнат суштински, а не фингирани преговори за името”.
    Преговорите во ОН се водат од1995 година. Бранко беше премиер до 1998 година. Потоа пак беше премиер од 2002 година. Кој ги фингирал преговорите?
    Кога втор пат стана премиер, Бранко му се согласи на Борис да го сменат преговарачот Иван Тошевски. Имаше голема причина за тоа. Така им рекол Фрчко. За преговарач го ставија амбасадорот во САД Никола Димитров.
    Суштинските преговори сега ќе почнат со Димитров. Тој заедно со неговата секретарка Бојана од Сител Бамбини и нејзината другарка што се мотка низ амбасадата во Вашингтон сериозно ќе се зафатат со името на Македонија. Сите тројца заедно имаат помалку години од грчкиот преговарач. Бранко со бамбините суштински ќе ги зезне Грците.

    5. Во Струмица изгоре тригодишно девојче оти немало вода да го гаснат пожарот. Гледам вести на телевизија и не верувам. Во Струмица, во турското маало 200 семејства живееле без вода. И дошол оној колонијалистот да ни го врти саатот да ни кажува дека ќе сме се врателе назад. А Рада ќе ни се фали дека пополнувањето на прашалниците одело добро. И дали според рамковен договор во турско маало не мора да има вода.
    Има ли во тие прашалници некое прашање колку семејства во Македонија живеат без вода?

    6. Не ни ги кажуваат прашањата за да не ги фатиме како лажат. На пример, ги прашувале колку машки и женски говеда имаме. Тие не знаат колку говеда има, а не колку се машки, а колку женски.
    Дај некое полесно прашање за ЕУ. Колку министри има во владата? Колку од нив се машки, а колку се женски?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира