КОМПИР ПИТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:59:"Главатаболи.Македонијазаџабе

    1, Грците се многу горди на нашиот премиер од нашата земја. Нашиот премиер покажа многу политички коректно однесување за време на пуштањето на нафтоводот од Солун до Скопје. За да не ги навреди соседите, цело време, наместо Македонија велеше “нашата земја”. А и тие беа многу коректни. Од министерот за развој, кој му доаѓа како исто ниво на нашиот премиер до претседателот на синдикатот на “Хеленик петролеум”, кој покажа завидна политичка култура кога на почетокот поздрави со зборовите: “Почитуван премиере на соседната земја”.
    Ми олесна кога го чув претседателот на синдикатот. Стресен бев да не рече и тој “нашата земја”. Вака, ние се уште сме соседна земја.
    Нашиот премиер за се си наоѓа виновник кај други. Еднаш му е крив Бранко, друг пат му е крива меѓународната заедница, трет пат му се криви новинарите. Реков, и пак ќе речам, и овој пат, на критиките зошто не го споменал зборот Македонија, сигурно ќе си најде виновник. Дали ќе се вади дека Грците го натерале да не вика “нашата земја”? Го уцениле. Клети Грци, со пари се постигнуваат. Може му рекле дека нафта нема да ни пуштат. Или, што е уште пострашно дека Снешка нема на јахта да ја возат.

    2, Појаснување за читателите: Нашиот премиер на нашата земја се вика Љубчо. Ама не му го споменував името во претходната точка за да не се налутат Грците.

    3, Љубчо доживува трансформација со изборните пораки. Додека беше опозиција ВМРО-ДПМНЕ одеше со слоган: “Гордо Македонијо!” Сега, откако одамна е на власт се прилагодува на општата состојба. Шири оптимизам. Вели: “Главата горе”. Признава дека народот со наведната глава шета по улици.
    Новиот изборен слоган на ВМРО-ДПМНЕ е: “Главата горе. Македонија за тебе”. Објаснувањето е – демек доста ние сме давале за Македонија и сега било време државата да ни враќа. Од каде ќе ни враќа кога се е раздадено? Затоа, новиот слоган на ВМРО-ДПМНЕ би требало да биде посоодветен. Не – “Главата горе. Македонија за тебе”. Туку – “Главата боли. Македонија за џабе”.

    4, Изгледа дека министерот Новковски во спцијализмот бил многу репресиран, па за се што ќе треба да даде објаснување наоѓа виновник во социјализмот. Така и за скандалот со фалсификуваните дипломи од Бугарија и Албанија виновен е социјализмот. Оти, дипломата била обично парче хартија, остаток од социјализмот. А фалисфикаторите стручен кадар без кој не се може.
    Кога имаме таков министер за образование и кога толку си ја цени професорската работа затоа што и дипломата издадена од него е безвредна хартија, зошто не чуди кога професорите на Универзитетот, наместо К-15 (што навистина е остаток од социјализмот) им дели јајца. Веројатно капиталистички, иако не се Труманови.
    И така, универзитетските професори добија по две табли јајца, а докторите во амбулантите – компири. Ако се оценува според зборовите на Новковски докторите и професорите толку вредат. Заедно – колку компир пита.
    Кога ќе го соберат и скапаниот зеленчук од Бит пазар, може ќе им дадат и домати, да се израдуваат. Тогаш веќе вредноста им расте. Колку компир манџа.

    5, Едно време најпопуларна зафрканција беше прашањето “Дали си го гледал филмот ‘Тарзан го брани Бит пазар?” Откако Тарзан не го одбрани Бит пазар сега Фетаи го брани Бит Пазар. Од мафијашите Бранко и Гошев “кои му го цицаат крвта на Албанците”.
    Министерот Фетаи знае дека одбраната на Бит пазар во која најмногу настрадаа пазарџиите ја направи негов човек, по негов налог. И неговиот човек пак излезе крив.
    Знае Фетаи, знае… Ама, тоа мораше да го направи. Само не сака да признае. Оти, ако каже, како што елоквентно се изразува, би рекол: “Му го поддржувам на Љубчо и Џафери”.

    6, На црната листа на САД покрај Али Ахмети, сега се додадени и Хаџи Реџа од НДП и Невзат Халили од РПНЕ. Се стеснува кругот околу Тачи и Џафери. Од сите лидери на партиите на Албанците во Македонија, само уште тие не се на црната листа.
    Тоа што Американците ја шират нивната листа на непожежелни граѓани, за нас не е никаква сатисфакција. Оти, тие не им чинат за таму. А за дома – ни ги нудат.

    7, Претседателот на Советот за радиодифузија Љубомир Јакимовски и на последната прес конференција не одговараше на прашања на новинарите зашто имал назални проблеми.
    На 4-5 прес конференции Јакимовски одбива да одговара на прашања, со исто образложение. Има проблеми со гласот.
    Затоа, бидејќи во Советот има кадри од разни профили, нека вклучат и некој лекар. По можност – оториноларинголог. Оти, Јакимовски нема само проблеми со гласот. Според она што му се случува со радио и ТВ станиците, тој изгледа и не гледа и не слуша.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира