КОРИДОР ДРЖАВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:110:"Транспарентност-да,аманеипоценанаТВпрограматанаМТВ

    1. Министерот за образование Азис Положани може да си замине. Тој си ја заврши работата со реформата на образованието. Го легализираше парауниверзитетот во Мала Речица.
    Значи, “издуваниот балон”, “мртвото новороденче” и “приватната журка”, како што тетовскиот универзитет го нарекуваше Фрчко, кога му беше министер на Бранко, стана дел од македонскиот обрзаовен систем за кој ќе треба да се одвојат пари од буџетот. Сега, откако и Мала Речица стана државен универзитет, тој ќе има ист третман како скопскиот и битолскиот универзитет. Како даночни обврзници до сега ги финансиравме тие два универзитета. На нив, Албанците не се запишуваа со приемни испити, туку со национална квота. Баш ме интересира дали сега, кога и Тетово си доби државен универзитет, и Албанците ќе плаќаат данок за да си го финансираат. И дали и на Универзитетот во Мала Речица Македонците ќе можат да се запишуваат, ама без приемни испити со повластена национална квота.

    2. Во Електростопанство на Македонија беа отпуштени работници кои ги примила на работа ВМРО-ДПМНЕ.
    Во аеродромското претпријатие исто така има превработеност. Таму, за време на минатата влада, на големо примаше ДПА. Ама, на аеродромите нема да има отпуштања. Таму проблемот ќе го решавале со принудни одмори.
    Да беа отпуштените од ЕСМ примени по препорака на ДПА ќе си останеа на работа, а ќе заминеа на принуден одмор. Убаво си рече еден пратеник на ДУИ: Реформи во државната управа може, ама да не се отпуштаат Албанци. Сега уште да се најде јунак – пратеник на СДСМ и да и даде име на реформата во државната администрација: “Отпуштете Македонци, да се примат Албанци”.

    3. Кога веќе се во државата се прави според рамковниот договор и според пропорципоналната застапеност на Албанците, зошто тогаш и законот за амнестија не важи пропорционално. Само 23 отсто од амнестираните да бидат Албанци.

    4. Полицијата на Меџитлија со ќотек ги сопрела Ромите од Косово да ја минат границата кон Грција. Види, види… А како на друг начин полицијата може да спречи насилно минување граница? Со убави зборови!? Баш ме интересира дали ако насилно ја пробиеја границата, и грчката полиција со исто толку убави зборови ќе ги пречекаше. Или, со цвеќе.
    Македонија со Ромите од Косово е оставена да решава проблем што воопшто не е наш проблем. Ем не ги враќаме во Косово, ем не ги пуштаме да влезат во Грција, ем ги тепаме во името на ЕУ, па како што сме кабает сега и ќе не обвинат за претерана употреба на сила.
    Кога на меѓународната заедница и требаше ни викаа: “примајте ги”. Сега ни викаат: “Држете ги!” Немале документи за да заминат. А кога доаѓаа, со документи ли дојдоа?

    5. За да не натераат да плаќаме ТВ претплата на МТВ ни го емитуваат спотот во кој ни порачуваат: “Ние мислиме на вас, мислете и вие барем еднаш месечно на нас!”.
    Сега на сметките за струја веќе нема да има ставка за претплатата за МРТВ. Така што тие ни го одзедоа правото да мислиме на нив. Не знаеме колку ќе им плаќаме. Во киловатите ќе ни ја подметнат и ТВ програмата.
    Зошто волку генијална идеја за полнење на буџетот не му текна на Петар Гошев уште порано, туку мораше да чека на иницијативата на Гордана Стошиќ. Во сметките за струја, покрај скриената програма може да ни подметне секакви давачки кои не сакаме да ги плаќаме. На крајот на краиштата, како што на сметките не мора да има ставка колкава е ТВ претплатата, зошто мораме да знаеме и каква ни е состојбата на броилото и колку киловати сме потрошиле. Транспарентност – да, ама не и по цена на ТВ програмата на МТВ. Плати си струја и гледај телевизија. Ако не, државата е силна. Ќе те исклучи.
    А во Арачиново и низ Кумановско гледаат ли телевизија? Или, тие само не плаќаат струја?

    6. Претседателот на државата Борис Трајковски во Загреб рече дека Македонија на патот до ЕУ ќе го следи примерот на Хрватска.
    Македонија, инаку пред Хрватска го потпиша договорот за асоцијација и стабилизација, а Хрватска веќе има поднесено и официјално барање за членство.
    Пред две-три години се фалевме дека сме лидери на Западниот Балкан. Добро што другите држави не го следеа нашиот лидерски пример. Да го следеа, до сега дури и зад нас ќе останеа.

    7. Минатиот викенд, претседателот Трајковски во Охрид го промовираше Коридорот 8.
    Еден ден подоцна, во понеделникот Грците го промовираа Коридорот 10.
    Ние сме збунети. Ова – коридор држава ли е, или крстосница. А на крстосница велат, ни нужник не се прави.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира