КРАВАТА ДИШЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:132:"ПодобронаБатлердамуплаќамемостарина,отколкунаАлиАхметицарина.

    1. Кај нас и да одиш во клозет прво ќе се прашаш, да не случајно овој потег го одолговлечи патот кон ЕУ. Затоа и не е за чудење што што луѓето на ТВ анкетите по признавањето од Америка со уставното име, се радуваа и одговараа: “Убаво, тоа значи дека ќе влеземе во ЕУ”.
    Нормално, кога со месеци наназад не плашат дека ќе го блокираме патот кон ЕУ и секој ден ни држат прес конференции на кои ни соопштуваат колку проценти од прашалниците се одговорени. Башка , цела Македонија е излепена со плакати на Сорос “Европа сега или никогаш” и со некакви мозаици со Европа во која само уште Македонија не е на место.

    2. Замислете во ЕУ да влеземе сега. Тогаш Хавиер Солана ќе биде и наш претставник за заедничка надворешна политика и безбедност. Платата ќе мора да му ја плаќаме и ние.
    Тој не знаеше дека САД ја признале Македонија под уставното име. Ај што не знаеше, туку не му се ни веруваше. Е каков е тој европски функционер чија прва задача е надворешна политика и безбедност на големата обединета Европа, а не знае што прават Американците. Зарем би сакале да му давате плата на таков функционер?
    И претставникот на Европската комисија во Македонија Донато Кјарини немаше поим што се случило. “Во Југоисточна Европа од ништо не треба да бидете изненадени”, рече тој. Демек, ние си правиме експерименти со вас, па од кај знаеш што ќе донесе денот. Може ќе признаеме, може ќе смениме име, може ќе смениме устав, знамето не ни се допаѓа, тоа што важи за вас не важи за Косово, тоа што важи за Бугарија, не важи за вас… Бил Пињеиро во 1991 година си донел Лисабонска декларација. После дојдоа Британците, си донесоа Единбуршка декларација… Секој си има свој рецепт.
    Тоа ти е како во оној виц од времето на Тито и Кардељ со болната крава. Го прашал Кардељ селанецот “Што и е на кравата”. Овој му одговорл дека е болна. “Дај и кофа со топла вода”, го посоветувал Кардељ. Другиот ден кравата не закрепнувала. “Дај и ладна вода”, го посоветувал Кардељ. Третиот ден Кардељ го прашал селанецот: “Каде ти е кравата?”. “Умре”, “Ту штета, уште колку рецепти имав”, му рекол Кардељ и тргнал да дава рецепти на другите селани.
    Кај нас пријателот Солана ќе дојде во вторник. Кравата уште дише.

    3. На времето имаше една акција што се викаше “Имаш куќа, врати стан”.
    Во времето на рамковниот договор има акција што се вика “Имаш село, врати затвореник”.
    Претседателот Црвенковски помилува двајца затвореници осудени за недозволено носење оружје. Затворениците се од бандата на командант Баци.
    Кондово си ги доби затворениците. Бранко ќе го добие Кондово кога Македонија ќе влезе во ЕУ.
    И Ахмети ни порача да останеме на патот за ЕУ. Тој пат води преку Кондово. А на влезот во Кондово има рампи поставени од криминални банди. Тие за разлика од Ахмети се само криминалци, а не и борци за човекови права.
    Не го чув ни Ахмети, а ни врвните албански интелектулци да дигнат глас против тоа што жителите на Кондово се малтретирани од криминалци. А нас не тераат да го држиме курсот кон ЕУ. Сами ли ќе одиме во ЕУ, или можеби и тие сакаат да се придружат?

    4. Архитектот Живко Поповски собра 14 илјади потписи против изградбата на американската амбасада на Кале. Откако не призна Америка Живко погледнал преку мостот и видел дека сепак тоа не е највисоката точка на градот.
    На една од телевизиските анкети тој рече: “Јас не сум против Американците. Ние сакаме да го заштитиме тоа свето место за Македонија. САД ќе ни помогнат заедно да го заштитеме”.
    Со принципиелните македонски интелектуалци Батлер утре може да побара да ја изгради амбасадата и среде Камениот мост. Не само да ја изгради, туку и мостарина да ни наплаќа. Што нема да биде лошо. Ќе ја обнови стражарската кула. Башка, подобро на Батлер да му плаќаме мостарина, отколку на Али Ахмети царина.

    5. Министерот за внатрешни работи Силјан Мицевски рече дека “тимот работи на создавање услови за одење во Ирак за пронаоѓање на телата на убиените Кумановци”.
    Тие не можат да ги најдат телата на убиените тетовци во 2001 година дома, а ќе ги бараат нашите низ Ирак.
    Ако веќе го испраќа тимот, веднаш нека подготвува резервен тим. Уште сега нека “создава услови за пронаоѓање на телата на тимот”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира