КУРАТОРКИ КАСТРАТОРКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:161:"ДаживеатграѓанитенаРепубликаМакедонија.Акогипреживеатпрвитемесеципораѓањето

    1 Со две раце би потпишал сe што кажа премиерот во интервјуто за МИА. Впрочем, сум бил уште попоган кога сум пишувал за дволичноста и на НАТО и на ЕУ, кога јавно сум ги изразувал разочараноста и очајот што поради Грција н оставаат повеќе од 20 години да скапуваме во црнава дупка. Го разбирам кога вели дека му се лошело од нивното лицемерие. И нам ни се гади. Можеби уште повеќе.
    Ама јас не сум премиер. Јас сум новинар кој, ете, има привилегија секоја сабота да напише нешто, па кој прочитал, прочитал. И немам шанса да одам на самит на НАТО во Чикаго, па на тие таму да им кажам колку ми се гади од нивната дволичност. И уште еднаш да ги соочам со нивното непочитување на правото, преку игнорирањето на пресудата од Хаг. А Груевски е премиер. И за разлика од мене, имал ем шанса ем обврска да оди во Чикаго, и тоа што ни го раскажа преку МИА да им го плесне таму в лице. Ќе бев среќен тоа што тука ни го кажа да им го каже на лидерите на 28 земји членки на НАТО. Тие да го видат колку му се гади од нив. Па можеби, кога веќе ќе беше таму, ќе дадеше и некоја изјава или интервју и за странски медиум. Па и некому во странство ќе му се згадеше од лицемерито на нивните лидери.
    Оти тоа што тој нам тука ни го кажа, ние многу добро го знаеме. И, навистина, убаво ни е кога го слушаме, оти исто мислиме, исто сме лути, исто сме фрустрирани, исто сме разочарани, исто како него сме очајни оти што и да на правиме, не можеме ништо да смениме. Додека не го смениме името.
    2 Но што добиваме ние од лутината на премиерот? Дали достоинството на земјата е спасено само со тоа што само ние дома ги чувме неговите ставови? И што сега?

    Логичното прашање е: Дали Македонија ќе ги повлече војниците од Авганистан? Официјално добивме одговор дека нема. А неофицијално ни беше забележано дека ова прашање сигурно ни го нарачал СДСМ.

    Што мислат тие? Дека новинарите се идиоти, а граѓаните пијат нафта? Па јас сум уверен дека дури и новинарката или новинарот на МИА би го поставил тоа прашање. Може и го поставиле, ама не им било одговорено. Оти на таков тон, на таква лутина и разочараност од премиерот, единственото логично прашање е токму тоа – зошто нашите војници уште се борат под знамето на НАТО во Авганистан? Зарем тоа прашање не е логично кога и на самиот самит во Чикаго главната тема беше што со Авганистан? Зарем тоа прашање не е уште пологично кога дури и новиот француски претседател Франсоа Оланд, два дена пред тоа, најави предвремено повлекување на француските војници од Авганистан?

    Кога премиерот ќе ми каже дека му се гади од лицемерието на најголемите сили на најсилната воено-политичка алијанса, тогаш очекувам нешто да направи. Зборовите не се важни. Важен е гестот. Затоа, премиере, кога веќе не замина во Чикаго за да им кажеш колку ти се лоши од нивната дволичност, тогаш барем направи гест – повлечи ги војниците. Играј исто како што играат тие. Па можеби тогаш и ќе те сфатат сериозно. Оти и нам ништо не ни значат нивните убави зборови дека сме многу фини и напреднати во реформите. Ама би ни значел гестот кога би н примиле во НАТО.

    Е затоа била паниката зошто не треба да се поставува прашањето за нашите војници во Авганистан. Затоа што Груевски сака да мислиме дека тој им е лут на Американците. А тој, всушност, се плаши да им покаже дека им е навистина лут.

    3 Дали кога Груевски зборува за лицемерие, мисли и на неименуваните женски организации кои, наводно, се пожалиле дека новиот споменик на Прометеј во паркот Жена борец во Скопје бил непристоен оти бил гол? Па сега уметникот мораше да го кастрира и да му стави некаква наметка за да му ги покрие гениталиите и газот.
    Бидејќи истите женски организации ниеднаш досега не се пожалиле кога брутално се кршат основните женски права, баш ме интересира кои жени се вознемириле поради голиот Прометеј? Криво им е дека мажите што ги имаат дома им пуштиле стомачиња и не се згодни како Прометеј? Каков секс имаат дома? Се покриваат со перница за да не гледаат? Не го прават тоа за задоволство? Туку само кога мораат, за да родат некое дете за татковината и за реклами? Или не го прават тоа сосвоите мажи туку со некои туѓи? Па оттука и стравот од искушението кога ќе им забега погледот кон голата скулптура. Кога такви пуританци се згрозуваат и на уметничка скулптура, сигурно мислата не им е чиста. А од мислата с почнува.
    Од една страна, министерката за култура Бети Канческа – Милевска н искара сите дека не сме се разбирале во уметност кога ги критикувавме врбите, а од друга страна, дозволи кастрација на уметничко дело во центарот на Скопје. Како тргнале со моралот, сега наместо кустоси и куратори, ќе вработуваат и кастратори. Или кастраторки.
    Па нели сме во филмот на антиката? Нели во антиката, па и во времето на ренесансата и барокот се величaла убавината на телото и на душата? Колку што сум учел нешто, од општа култура знам дека само во мрачниот среден век телото било покриено. Не знам зошто Груевски толку инсистира на антика, кога неговата партија уште не е созреана да живее во антички дух. Тие се заглавени во времето на мрачниот среден век. Во оној кога бркале вештерки, истерувале ѓаволи и своите неистомисленици ги палеле на плоштад.
    4 Откако ќе го кастрираат Прометеј, гордите Македонки ќе можат достоинствено да ги шетаат децата во центарот на Скопје и слободно ќе можат да гледаат лево – десно. Нема да има ниту еден пенис што ќе може да им го расипе задоволството. Освен тој на Букефал.
    А министерката Бети кога ќе оди во Фиренца, нека се подготви за културен шок. Оти Давид на Микеланџело с# уште не е кастриран. Еве едно шeст века никому не му текнало да му стави наметка.
    5 Чекајќи ги големите одлуки од НАТО и од ЕУ, нам веќе 20 години квалитетот на животот ни паѓа кон африканските стандарди. Да не се загрижи некој политичар на фрапантната статистика дека 61 новороденче умреле само во првите три месеци од годинава? Тоа не е се. 61 мајка е во шок и траума. Тоа се 61 семејствo што преживеале трагедија. И тоа само за три месеци. Од општа човечност, па макар бил и политичар, треба да се загрижиш зошто тоа се случува.
    Супер му беше и писмото на премиерот Груевски што им го испрати на пратениците од опозицијата кои му побараа отчет во Собранието зошто дал толку емотивно интервју против НАТО. Го заврши со зборовите: “Да живеат граѓаните на Република Македонија”. Му фалеше само да додаде: “Ако ги преживеат првите месеци по раѓањето”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира