КВАЗИ ЛЕНД

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:126:"ТуркменистаниМолдавијанавредениотигиспоредуваатсоМакедонија

    1 Американскиот претседател Џорџ Буш ја пофали Македонија за три работи:
    – За Авганистан
    – За Ирак
    – За Косово

    2 Кога ја собравме помошта за настраданите во цунамите во Шри Ланка, ни требаа два месеци за да ја натовариме во пристаништето во Солун.
    Сега ни требаа две недели за да ги качиме на авион во Приштина мострите од сомнителната кокошка од Могила.
    Ете, тоа е темпото со кое нашата власт не води во ЕУ и во НАТО.
    Како што кокошката патуваше до Англија, така и ние ќе патуваме до ЕУ. Преку Косово.

    3 Додека директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски бараше авиони, министерот за здравство Владо Димов се прогласи ненадлежен оти тој бил министер за луѓе, а не за животни. А тој што е надлежен за животни не се ни појави. Министерот за земјоделство Садула Дураку не се потресе што се тепаат кокошки, што умираат од непознати причини, што фармерите останаа без пари…
    Зошто Садула Дураку, кој е познатиот командант што за време на војната ги затвори браните на Липковското Езеро и го држеше Куманово без вода би се потресол за некои кокошки. Него не го интересираат сувоземни животни. Тој е задолжен за птици од водени површини.

    4 Зошто некои толку се возбудија кога во Светската здравствена организација рекоа дека само Македонија Молдавија и Туркменистан немаат стратегија за борба против птичјиот грип. Па Туркменистан и Молдавија сега треба да бидат навредени оти ги споредуваат со нас.
    И што е чудно што сме корумпирани како Свазиленд. Свазиленд е барем кралство.
    Видете ги на пример насловите на весниците само од вчера:
    – Премиерот Бучковски и министерката Митрева како домаќини си заминале пред да им дојде гостинот Доналд Рамсфелд на отварањето на амбасадата во Вашингтон
    – Стратегијата за борба против птичји грип не била доставена до СЗО оти прво дактилографката задоцнила со чукањето, а сега треба да се преведе на англиски
    – Туристички работници од Македонија се пријавиле за саем на туризмот што не постои
    – Полицаец ограбувал бензиски пумпи
    – Краделе дрва со зољи и пушки
    Ова го нема во Свазиленд. Го има во Квази Ленд.

    5 Во САД замина и голема стопанска делегација од Македонија.
    Директорот на Телеком Атила Сендреи ги убедувал американските инвеститори да влезат во Македонија. Оти такви овци за стрижење како Македонците не се наоѓаат лесно. На примерот на Матав може да ја раскаже успешната приказна за Македонија. Успешна за Матав.
    На сликите го има и Панде Лазаров од ЕСМ. Да ги провери бушоните во новата амабасада.
    До него е и директорот на Македонски железници Стојан Наумов. Тој веројатно отишол да се поклони на гробот на Кенеди. Затоа што неговиот дух уште живее во Македонија. Уште ги возиме локомотивите на дизел од негово време. Ги викаат Кенедиевки.

    6 Во Тетовско крадат дрва, ама со себе носат зољи и калашникови. Зошто им се? За секој случај.
    Да не треба да се припука на свадба. Или, да не треба да се оди на лов. Или, не дај боже да не треба да се бранат човековите права.
    Сакате случај? Нема проблем? Ние ќе го направиме. Затоа ги имаме калашниковите и зољите. Во планина сме, ама ако треба ќе слеземе и до полето.

    7 Зошто потребата да миеш кола е поголема од потребата да јадеш? Затоа што според новата уредба за работно време во Скопје, работното време на пералните е нон-стоп 24 часа, а на бурекџилниците од 5 до 24.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира