ЛА ФЕММЕ ФАТАЛЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:100:"Задсе­којус­пе­шенмажстоиштед­ли­вадо­ма­ќин­ка

    1. Кој ве­ли де­ка ма­ке­дон­ско­то се­меј­ство не е еман­ци­пи­ра­но? Гле­да­те што по­ка­жаа спи­со­ци­те на при­ви­ле­ги­ра­ни­те ште­да­чи на ТАТ. Зад се­кој ус­пе­шен маж сто­ел штед­ни­от влог на не­го­ва­та соп­ру­га. И што е нај­важ­но, же­ни­те ште­де­ле, а до­ма не ка­жу­ва­ле.
    Ете, же­на му на Жив­ко То­лев­ски вло­жи­ла 300 ил­ја­ди мар­ки. Од кај има син­ди­ка­лист тол­ку па­ри? Си­ро­маш­ки­от, што пла­та има во Син­ди­ка­тот? За­тоа си има штед­ли­ва же­на. Ем на ра­бо­та ем до­ма­ќин­ка. Мар­ка по мар­ка – ете ти 300 ил­ја­ди мар­ки.
    Доб­ра же­на – па­ри вре­ди. А доб­ра до­ма­ќин­ка – це­ло бо­гат­ство. Таа има раз­ра­бо­те­но фи­ло­зо­фи­ја на ште­де­ње­то. Пе­ре на ев­ти­на стру­ја, гот­ви но­ќе, три па­ти пр­жи во ис­то мас­ло, пие ка­фе кај ком­шив­ки­те, са­ма си ја бојадисува и вит­ка ко­са­та, се об­ле­ку­ва во “Еко шо­пинг”, од нај­лон­ски ќе­сиња пле­те чер­ги­чи­ња…
    Не за џа­бе лу­ѓе­то рек­ле: “Зад се­кој ус­пе­шен маж стои же­на”. Во ма­ке­дон­ски ус­ло­ви, зад се­кој ус­пе­шен маж стои доб­ра до­ма­ќин­ка.

    2. Што кар­ма ќе има­ше Со­ња Ни­ко­лов­ска, па ни го ос­вои и пре­ми­е­рот. Се на­пи­ја ед­но пи­во во ка­фе­а­на­та “Кор­зо” во Би­то­ла и оп – еве ти ја “фам фа­тал” од Ши­рок со­как по не­кол­ку де­на во Вла­да­та во Скоп­је. Ако уш­те ед­наш се срет­нат, не ѝ ги­не со­вет­нич­ко мес­то во ка­би­не­тот, а ако про­дол­жат да се дру­жат, згас­наа ѕвез­ди­те на Дос­та, Рад­ми­ла и на Ми­ли­ја­на.
    Не­ма ту­ка не­ко­ја го­ле­ма ло­ги­ка. Ка­ко што ус­пеа од шал­тер­ски ра­бот­ник да заг­ла­ви во зат­вор по­ра­ди фал­си­фи­ку­ва­ње штед­ни книш­ки, па по­тоа да ста­не ме­на­џер на го­ди­на­та и нај­моќ­на же­на во др­жа­ва­та, та­ка мо­же и од ка­фе­ан­ски­от му­а­бет на кор­зо да до­тур­ка до ми­нис­тер­ка. Ха­риз­ма е тоа, не е ше­га.
    Љуб­чо е фа­тен во зам­ка. Од ед­на стра­на сто­јат ве­ту­ва­ња­та да­де­ни на ште­да­чи­те за вре­ме на из­бор­на­та кам­па­ња. Од дру­га стра­на се број­ни­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци кои не са­ка­ат да пла­ќа­ат за не­чии ту­ѓи ќе­фо­ви што им ги овоз­мо­жу­ва­ла Со­ња. Од тре­та стра­на е Ме­ѓу­на­род­ни­от мо­не­та­рен фонд кој не доз­во­лу­ва обес­ште­ту­ва­ње­то на овие ште­да­чи да оди од Бу­џе­тот за­ед­но со вра­ќа­ње­то на де­виз­ни­от долг од штед­ни­те книш­ки од вре­ме­то на СФРЈ. По­ми­на по­ве­ќе од по­ло­ви­на го­ди­на, а па­ри­те ги не­ма. Ште­да­чи­те се нес­трп­ли­ви. А, идат прет­се­да­тел­ски из­бо­ри. А, Би­то­ла – го­лем град…
    Со­ња ни би­ла пи­ша­на. Таа му бе­ше суд­би­на на Бран­ко, таа му е суд­би­на­та и на Љуб­чо. Же­на­та е на­вис­ти­на фа­тал­на. Ве­ќе двапа­ти ја ам­нес­ти­ра­ат. Тре­ти­от пат, белки ќе има­ат сре­ќа.

    3. Има спас за ТАТ, ама има спас и за “Ал­ма­ко”. Ако ниш­то дру­го, ба­рем име­то не­ма да згас­не.
    Пра­те­ни­кот на ПДП Ис­мет Ра­ма­да­ни пред­ло­жи Ал­ба­ни­ја, Ма­ке­до­ни­ја и Ко­со­во да фор­ми­ра­ат за­ед­ни­ца по ур­не­кот на Бе­не­лукс. Бе­не­лукс го фор­ми­ра­ат Бел­ги­ја, Хо­лан­ди­ја и Лук­сем­бург. Бал­кан­ски­от Бе­не­лукс што ќе го фор­ми­ра­ат Ал­ба­ни­ја, Ма­ке­до­ни­ја и Ко­со­во ќе се ви­ка АЛМАКО.

    4. Прет­се­да­те­лот Гли­го­ров пов­тор­но ус­пеа да ја за­фрк­не влас­та. По­ра­ди фр­ка­та што се нап­ра­ви око­лу “Ох­рид­ско ле­то”, ни пре­ми­е­рот ни прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то не се по­ја­ви­ја на све­че­но­то от­во­ра­ње. Ос­вен два-трој­ца ми­нис­три, ги не­ма­ше ни пот­прет­се­да­те­ли­те на Вла­да­та, ни дру­ги бит­ни фа­ци. Де­мек, ма­ни­фес­та­ци­ја­та е еп­тен де­по­ли­ти­зи­ра­на. Ра­ко­водс­тво­то не ни е по кул­тур­но-за­бав­ни­от жи­вот.
    Ги не­ма­ше ни на Га­лич­ка свад­ба. Ла­ни Бран­ко Цр­вен­ков­ски се про­мо­ви­ра­ше во иг­ра­о­рец, ток­му во Га­лич­ник. Тоа му бе­ше прв ес­тра­ден нас­тап пред из­бо­ри­те. Ама Љуб­чо не са­ка та­па­ни, ту­ку пре­фе­ри­ра шу­пел­ки. Ште­та. За та­ков нас­тап ду­ри и Гиш ќе го соб­ле­че­ше гун­че­то и, пред да за­пее, ќе об­ле­че­ше беч­ви. А за Ци­ле ќе го од­бе­реа нај­из­држ­ли­во­то ма­га­ре да го до­ве­де до сретсе­ло без од­мо­ра­ње.
    Мно­гу се не­се­ри­оз­ни. Ка­ко мис­лат да одат на из­бо­ри наесен, а не ги биду­ва ни на та­пан да се ка­чат.
    Си­те мол­чат ко­га е во пра­ша­ње кан­ди­ди­ра­ње­то за прет­се­да­тел. Са­мо Ар­бен Џа­фе­ри се из­јас­ни. Тој ќе ни би­де ид­ни­от пот­прет­се­да­тел. Та­ка што, ако и в го­ди­на, на от­во­ра­ње­то на “Ох­рид­ско ле­то” ни дој­де пот­прет­се­да­те­лот на Бу­га­ри­ја, и ние ќе има­ме пот­прет­се­да­тел да им вра­ти­ме на от­во­ра­ње­то на “Вар­нан­ско ле­то”. То­дор Ка­вал­џи­ев во Ох­рид, а Асен Джа­фе­ров в’в Вар­на.

    5. Ај­де ле­то е, па не­ка ги пуш­ти мал­ку ми­нис­те­рот за внат­реш­ни ра­бо­ти Пав­ле Тра­ја­нов опе­ра­тив­ци­те на од­мор. Не­ка одат ко­лек­тив­но со­се ен­ту­зи­јас­ти­те Љу­бе Бош­ков­ски и Па­не Ве­лев, мал­ку да ги из­ла­дат гла­ви­те со сту­де­на во­да. Ако не по­дол­го, ба­рем до­де­ка СДСМ не го ут­вр­ди прет­се­да­тел­ски­от кан­ди­дат. Ка­ко трг­на­ле, не ќе има­ат ни ко­го да кан­ди­ди­ра­ат.

    6. Не­мам збо­ро­ви да опи­шам ка­ко ги во­ди сед­ни­ци­те на Соб­ра­ни­е­то пот­прет­се­да­те­лот То­мис­лав Сто­ја­нов­ски. Пред не­го мол­чи ду­ри и Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира