ЛЕНИНИОВ МАРШ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:184:"КажиниТеута,кадеќебарааталатернативаАлбанците,можеиниеМакедонцитесакамедадојдемесовас

    1 Бранко се врати во СДСМ. И јас добив блокада за пишување. Досадно ми е веќе да пишувам за него, а тој е пак вест на неделата.
    Каква ли очајна држава сме ние. Главната поента од говорот на лидерот на опозицијата што се очекува да и се спротивстави на власта беше дека “отсега политиката на СДСМ нема да се води во кафеаните на улица Македонија туку на Бихаќска”.
    Па и досега не се водеше политиката на улица Македонија. Таму шминкерите од СДСМ само се сликаа. Партиската политика се водеше на улица 11 Октомври во кабинетот на Претседателот на државата.
    Плус рече дека ќе ставел нов куќен ред во партијата. А кој досега го правеше редот? Кој го врати од амбасадор во Вашингтон поранешниот спикер на Парламентот и угледен СДСМовец Љупчо Јордановски? Партијата со стариот ред? Бучковски, Рада да не го сменија случајно? Три четири партии направи од еден СДСМ, па сега стариот редар ќе воведува нов ред. И со старите фрази од времето кога се бореше против октоподот. Демек, ни СДСМ ни свети СДСМ нема да седи на улица Македонија.
    Е Бранко, Бранко, те прегази времето. Главните шизици во Скопје веќе не седат на улица Македонија. Сега се популарни кафулињата на улица Ленинова.
    Така што политиката на СДСМ може да им се врати на изворните принципи. Кај Ленин. Бранко ќе мисли дека другарите му седат во канцелариите на Бикаќска. Гласачите очајно ќе ги бараат на улица Македонија. А СДСМовските шизици седнале на Ленинова и учат, учат и само учат.

    2 Пратеничката на ДУИ Теута Арифи и се закани на Владата дека “ако до крајот на годината не се реши прашањето за името и не се напредува во евроинтеграциите, Албанците во Македонија ќе бараат нови алтернативи”.
    Кои се тие нови алтернативи? И каде ќе ги барате? Во Албанија или на Косово? Или имате некои други алтернативи кои ние не ги знаеме. Кажи ни Теута, може и ние Македонците сакаме да дојдеме со вас.
    Теута како да заборавила дека не е 1999 или 2001 година. И дека нема кој да ги евакуира алтернативците со автобуси од Арачиново.

    3 Лидерот на ДУИ Али Ахмети во потрага по нови алтернативи стигна до Брисел. Таму го прими високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана. Беше објавено дека Солана и Ахмети разговарале за визната либерализација за граѓаните на Македонија.
    Истиот ден пратеникот Талат Џафери, патувајќи со дипломатски пасош, беше запрен на Аеродромот во Виена оти во џебот од палтото обезбедувањето му најде чаура од куршум.
    Ако е тоа придонесот на ДУИ кон напорите на Македонија за визна либерализација, се плашам и да помислам каков ли ќе биде придонесот ако се вклучат во преговорите за името.
    Не ја чув Теута да зборува за таа алтернатива.

    4 На улица Македонија минатиот викенд преку ноќ осамна нова скулптура. Некој поставил златна веце шолја на мермерен постамент и ја потпишал како да е дело на Павел Шатев, со наслов “Празнење”, и поддржана од “Културата на Министерството на Македонската Република”.
    Не знам дали полицијата го истражува случајот и дали зела отпечатоци од прсти или од нешто друго на шолјата. Ама градските инспектори енергично го отстранија уметничкото дело оти немало градежна дозвола.
    Веројатно за да направат повеќе место за уште некоја маса во летните бавчи на кафеаните.
    Да беа инспекторите толку ревносни во својата работа, сигурно немаше Скопје да биде хорор место за живеење и да се дави во гомна по секој дожд.
    Ама ете, од некаде мора да се почне. Па и шмизлата и шизикот останаа без шолја. Ќе мораат да стискаат до некој нов конкурс и ќенев со градежна дозвола.
    Добро е што с повеќе има луѓе што покажуваат смисла за хумор. Ама, во исто време и ме плаши. Затоа што ме потсетува на Белград во времето на Слободан Милошевиќ. Десет години Србите живееја со плата од 20 евра, ама барем имаа хумор. И само хумор.

    5 Министерот за правда Михајло Маневски пред неколку дена зборуваше дека “власта ќе направи обид преку законска регулатива да го намали непотизмот во судството”.
    Кога ќе направи обид? Кога сопругата на министерот ќе признае дека има 64 години и оти мора да оди во пензија?
    Министерот Маневски уште кажа дека “не може адвокат да оди на судење кај судија негов брачен другар”.
    Ама затоа може министерот да биде член на Судскиот совет, а истиот Судски совет треба да ја пензионира судијката која му е сопруга на министерот.
    Брачната двојка Маневски се како поповите. Се држат до познатата реченица: “Не гледај ме што правам туку слушај ме што зборувам”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира