ЛОШ ДЕДО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:52:"НиштелитнемсрештуАнглија

    goran-mihailovski 1 Дали се сеќавате дека пред неколку години британскиот конзул во Скопје за да им даде виза на група играорци што требаше да патуваат за Лондон ги тераше да играат оро пред Британската амбасада во Скопје? За да покажат дека се вистински играорци.
    Е па дојде време за одмазда. Од први јануари, сите што имаат бугарски пасоши можат да играат оро и пред Бакингемската палата. Дури и кралицата ништо не им може. Па и социјална помош ќе им даваат ако не се снајдат.
    Им фаќавме сеир на Бугарите дека Велика Британија не ги сака. Лондонски “Телеграф” дури објави и дека македонски граѓани ќе ги преплавеле оти имале бугарски пасоши, а не биле вистински Европејци. Ама ние само тоа и знаеме да правиме. Сеир да фаќаме. Тие што си беа визионери и што гледаа во шофершајбна наместо во ретровизор, ко што би рекол американскиот амбасадор Пол Волерс, си извадија на време бугарски пасоши. Зошто извадија? Дека многу ја сакаат Бугарија? За да можат да работат и да заработуваат за нормален живот. И да не мора да играат оро пред секој европски конзул.
    Жално. Ама вистинито. Ни ште литнем срешту Англија. Нека им е со среќа. Само, ќе ги замолам тие со бугарските пасоши да не ни кажуваат нам што имаме само македонски пасош дека ќе бидеме предавници ако во пасошот ни го сменат името на земјата. Ние имаме разбирање за нив, нека имаат и тие за нас. Не сме Бугари. Ама и ние сме патриоти. И ние сакаме во ЕУ.

    2 На пример, во новогодишната програма прво одеше рефренот: “Ние не сме Срби, Бугари ни Грци, чеда сме на Александар, гордост македонска”, и после за расположение се распукува со “А где журиш, а где журиш бато бре, а где журиш, најбоље ти године…”.
    А каде брзаме ние во најубавите години?
    Еве на пример, на 6 јануари 2007 година, значи пред седум години, на ова исто место сум напишал: “Се сеќавате ли кога Бранко не плашеше пред десетина години дека ако не гласаме за него и за неговата СДСМ ќе завршиме како Бугарија? Ние го послушавме и си гласавме за него. Се покажа дека Бранко бил визионер. Навистина не завршивме како Бугарија”.
    Една година подоцна, додека Груевски ги консолидираше врските со медиумите, на 5 јануари 2008 година го напишав ова: “Дали го гледавте обраќањето на премиерот на државната телевизија? Она што беше снимено на скалите пред Владата, кога Никола не гледаше одозгора. Не може да сте го промашиле. Гарант сте го фатиле. Имаше едно 156 репризи во сите делови од денот. Кога не одеше на МТВ интегрално го пренесуваа на Сител. За да го утврдиме материјалот едно 105 пати ни го читаа и интервјуто што претходно го дал за “Вечер”. Во меѓувреме, за тие што не биле екстра внимателни по 53 пати одеше долгочасовно лежерно интервју на една од скопските телевизии.
    Ако сте фатиле барем дваесетина појавувања на премиерот, сигурно сте го научиле напамет. Тоа е добро. Никогаш не се знае. Оти, можеби утре ќе нe застануваат на улица и ќе нe испрашуваат што сме запамтиле. Кој не знае, за казна ќе добие ДВД со снимениот материјал”.
    И другата година, на 3 јануари 2009 година сум напишал: “Нема ни 90 дена до претседателските избори, а ниту една партија нема истакнато свој кандидат за претседател”.
    Каде брзаме? Се сменило нешто? Кај нас не. Во Бугарија, не знам. Прашајте ги тие со бугарските пасоши.

    3 На први јануари се вративме во иднината. Конечно дојдовме во Скопје 2014.

    4 До полноќ на 31 декември бевме загрижени каква ќе биде наредната година. Оти прогнозите беа фифти-фифти. Или ќе биде добра или ќе биде лоша. Арно ама, веќе една минута по полноќ ни олесни. Во Скопје се роди машко дете. И градоначалникот Коце Трајановски рече дека тоа е “добар знак дека цврсто ќе газиме со зацртаните проекти во новата година”.
    По оваа забелешка на скопскиот градоначалник следеше лавина од вести за првородени машки деца од општините низ Македонија. Се пофалија и градоначалниците од Велес, Кочани, Прилеп, Битола, Кавадарци и Штип. И таму било – прво па машко. Во другите општини или не се родиле деца, или добиле девојчиња. Ништо од цврстото газење по зацртаните проекти.

    5 Министерот за образование и наука Спиро Ристовски вчера најави дека управата на ски-центарот во Маврово донела одлука пензионерите да можат да скијаат бесплатно. Ете ти сега гужва на ски-лифтовите. Можам да замислам како ќе изгледаат градските автобуси во Скопје во вторник и петок. Наместо со ќесите од пазар, сега пензионерите со скии и санки ќе се стискаат до “Дрводекор” да го фатат автобусот за Маврово. На овој проект му фали уште една бомбастична реклама и слоган: “Го пратиле дедо в планина, мечките да го изедат”.
    Ова со скијањето доаѓа како дел од фитнес програмата за скијање и бањање. Со уште еден слоган “Го пратиле дедо на бања, жените да го истријат”.
    Бреј бреј, лош дедо бре.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира