ЉУБЧОВИТЕ МЕРМЕРИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:33:"Кадесекокошките?

    1. Љубчо, среде Атина, ја поддржа грчката Влада во барањето, мермерите од Партенон, што сега се наоѓаат во Британскиот музеј да се вратат во Грција. На тој начин премиерот уште еднаш и лично потврди дека тој не е лигуш, како некои други македонски политичари, што се лигават пред ЕУ и НАТО. Љубчо ќе се скара ако треба и со Велика Британија за да се исправи историската неправда што и е нанесена на Грција. Премиерот ја изгуби половина држава, ама тоа не е ништо во однос на мермерите што во 19 век и ги украдоа на Грција. Ако треба, ќе ја изгуби и цела држава, ама мермерите мора да се вратат на Партенон.
    Според методите кои ги применува за целото време на неговото владеење, може да се претпостави на кој начин тој ќе и ги врати мермерите на Грција. Веднаш ќе ги ангажира Љубе Бошковски и Сашко Станинов. Станинов како проверен љубител на се што е вредно, ќе влезе во Британскиот музеј и едноставно ќе си ги земе мермерите. Пред тоа, цел Лондон ќе биде излепен со плакати на брат Љубе во маскирна униформа со слоган “Не даваме ни парче од грчките мермери”, така што јавноста во Британија ќе биде подготвена да се соочи со исправката на историската неправда.
    Мермерите од Партенон во Лондон на времето ги зел лорд Елгин, кој бил британски амбасадор во Отоманската империја. По неговото име, овие мермери сега се познати како “Елгинови мермери”. Откако мермерите ќе бидат вратени во Грција, како благодарност до нашиот Љубчо, тие ќе бидат познати како “Љубчовите мермери”.
    Љубчо не е меѓународен лигуш, како некои други македонски политичари, како што самиот изјави. Љубчо е грчки лигуш.

    2. Во меѓувреме, додека ја подготвува акцијата за враќање на грчките мермери, Љубе Бошковски ќе испитува каде се кокошките што стигнале за време на бегалската криза. Министерот за надворешни работи Слободан Чашуле завчера на министерот за внатрешни работи му предаде документација за хуманитарната помош што стигала во 1999 година. Влегоа во филм на ловци на претседателот и така и се однесуваа. Прво се сликаа пред камерите, па разменија неколку филмски реплики – “Еве ви ги господине министре документите – Ви благодарам, ќе ги разгледаме и ќе поднесеме кривични пријави… ”
    Потоа министерот Чашуле со траорен тон и ептен сериозно даде изјава за новинарите. Имало некои кокошки, биле испратени преку некоја фирма и не се знае каде завршиле… Чашуле не знаеше која била фирмата, ама тоа не било важно. Важно било каде завршиле кокошките. Така да напишеа медиумите, веднаш ќе речеа дека шпекулираат. Ама, Чашуле е во прашање. Толку сериозен министер мора сериозно да се сфати.
    Воопшто не е за чудење што во друштвото што ќе испитува што правел Борис со кокошките се најде и еден чесен човек и експерт од калибарот на Бесник Фетаи. Никогаш не се знае. Чудни се патиштата кокошкини. Можеби и почудни од оние на шеќерот.
    Убаво друштво се собрало да испитува криминални активности – Љубе, Чашуле и Фетаи. Тројцата се природно надарени да се борат против крупни криминалци.
    Акцијата за лов на криминалот на шефот на државата се води под работното име: Поддржи ми го копилево, да и се изнавикам на копиљашката.

    3. Чашуле ова го прави за да се добиела “целосна слика на тоа што имаме и целосна слика на тоа што немаме”. Како министерот ќе направи слика од тоа што нема не е јасно, иако вели дека има индиции, ама нема документи. При тоа не тврди дека имало злоупотреби, ама документите што ги нема веројатно ќе покажат такво нешто.
    Главната индиција е непослушноста на Борис. Не е само Мендух Тачи тој што изјавува дека тие што не мислат како него треба да се дисциплинираат. Тачи е со Љубе и Љубчо. А Љубчо е познат по дисциплината. И од кого треба да се почне со дисциплинирањето, ако не од претседателот на државата што си го намести Љубчо, а го изгласа Тачи. Кога на Борис можат да му вадат афери, за да си ги забошотат своите, што остана за помалите кои само и ќе помислат дека можат да размилуваат поинаку од Љубчо. Ништо. Ќе молчат и ќе гласаат.

    4. Собранието конечно го донесе и Законот за борба против корупцијата. Ќе почне да се применува по шест месеци.
    Нормално. Кој е будала да носи закон против себе.

    5. Кога прашавме чија е вилата на Водно, владата веднаш формираше Комисија за борба против корупцијата. Зафрчија кривични пријави, Љубе го фати атентаторот на Киро, ги откри сите крадци во државата…
    Потоа напишавме дека транспортните хеликоптери на АРМ не се ремонтирани и затоа се приземјени. Другиот ден военото воздухопловство имаше “редовна вежба”. Не летаа транспортерите, ама борбените хеликоптери и авиони парадираа во низок лет над Скопје.
    Не дај боже да објавиме дека и тенковите се неисправни. Уште утре ќе ни ги извадат на улиците.

    6. Петар Гошев излезе на собраниската говорница и кажа дека премиерот е најкорумпираниот човек во државата.
    Да не сте го виделе оној Бранко, ако се сеќавате на него уште од времето кога се фалеше дека ќе формира Влада во сенка. Барем еднаш да излезеше, уста да отвореше… Да кажеше нешто што до сега не сме го слушнале.
    Да не мисли дека некој друг ќе му ја извојува победата на изборите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира