МАГИЧНИ ГЛУПОСТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:179:"Ниенеопределенитеграѓаниќеодимевоспецијалнаустанова.Данeмачатдодеканеизбереместрана.

    1 Одвај ја чекам владината кампања за поттикнување на меѓуетничката толеранција. Баш ме интересира кој креативец во агенциите во Републиката ќе биде ставен на мака за 500 илјади евра да ни каже колку Македонија е стабилна мултиетничка држава. Дали спотовите ќе бидат снимени во Слупчане, во Чаир, во Аеродром или во Карпош? И дали ќе се свират македонската и албанската химна, или само албанската?
    Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ одобрила половина милион евра за кампања за меѓуетничка толеранција. А во исто време, градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ ја уриваат кампањата.
    Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски ги ставил сите ученици што учат на албански јазик од различна возраст во една паралелка. Уште истиот ден градоначалникот на Чаир Изет Меџити се закани дека ќе го направи истото со децата што учат на македонски јазик во неговата општина, по принцип на реципроцитет. Неговиот сопартиец од Сарај градоначалникот Беким Мурати не се ни трудеше со дипломатски фрази да се заканува. Реципроцитетот го примени веднаш. Ги премести сите деца што учат на македонски јазик во една паралелка.
    Оваа војна меѓу општините е како војна меѓу држави. Па затоа, време е во целата приказна да се вклучи и СДСМ. Глупаво е во овие историски моменти да се делиме само на Албанци и Македонци. Чукна часот кога при упис во основно училиште треба да се побара и партиско изјаснување на родителите. Па кој не практикува СДСМовска вера, не смее да учи во Карпош туку само во Ѓорче Петров или во Центар. Децата на ВМРОвски родители од Охрид ќе патуваат до Ресен. Оти Охрид е на СДСМ, а Струга е на ДУИ. Слично е и со СДСМовските деца низ Источна Македонија. Пристапот да им биде дозволен само во Струмица и во Куманово.
    2 По истиот принцип ќе ги поделиме и болниците. Ако си болен СДСМовец, ќе си одиш на лекар кај штрајкувачите. Ако си ВМРОвец, ќе те лекуваат штрајкбрехерите. Ако не ти чини, жали се на суд. За три дена судот, најверојатно, ќе заклучи дека нема потреба да се лекуваш. Само пациентите од ДУИ и од ДПА немаат проблем. Нив ќе ги примат секаде. Оти се убедливи. Си имаат пушки и права за бранење. И на белите мантили не мора да стои името на докторот и разни титули и кратенки др, доц, сци, асс, прим… Доволно е само да се стави ВМРО или СДСМ. Колку да знае судијата што го забрани штрајкот кому да му пријде ако, не дај боже, му затреба лекар.
    А ние неопределените ќе му ја мислиме. За нас министерот за здравство Никола Тодоров ќе подготви специјални установи. Во кои ќе нe мачат додека не избереме страна.
    По истиот принцип ќе функционира и јавната администрација. Шалтер за ВМРОвци, шалтер за СДСМвци, шалтер за албанскиот политички блок. На патарините едната рампа е за СДСМ, другата за ВМРО-ДПМНЕ, а третата е цело време дигната, за да минуваат Албанците, оти им се брза да ги заштитат човековите права.
    Така што на Републиката не $ е потребна кампања за меѓуетничка толеранција. Туку кампања за меѓупартиска толеранција. Само кој ќе ја плати? Па ние, се знае. Дури можеби ќе чини и поевтино. Само што треба да трае многу подолго време.
    3 Во светот универзитетите се натпреваруваат дали оваа академска година ќе смислат нешто што ќе им донесе Нобелова награда. Нашите државни универзитети бркаат друг престиж. Дали на почетокот на годината ќе викнат поп да им пее, или ќе пуштат химна на туѓа држава.
    Така е затоа што на нашите професори не им е ни до наука ни до техника. Туку до задомување и фаќање позиција. Од која најдобро може да се оцени чија рака вреди да се баци.
    4 Барем лекарите од Инфективната клиника овој месец не треба да се грижат дали ќе ја остварат нормата за плата по учинок. Додека некому не му се стемни, на докторот нема да му светне. Затоа експертите по јавно здравје нека не даваат совети по телевизии кои ќе влијаат лошо врз буџетите на инфектолозите. Каков е тој лекарски совет да се ставале мрежи на прозорците за да не влегувале комарци. Порано ни кажуваа да пиеме витамини. Сега ни препорачуваат да си викнеме џамџија. Кој треба тука да ќари со зголемен учинок? Џамџиите или лекарите?
    Нема место за паника. Ќе ќарат и едните и другите.
    5 Пак дојде комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе. И пак кажа нешто колку да се кажело. Дека “би сакал пресудата од Меѓународниот суд во Хаг да биде магичното решение на кое сите чекаа, но за жал, тоа не е”. И нe просветли со изјавата дека “таа пресуда гледа кон минатото и претставува оценка за минатото, а ние зборуваме за иднината”.
    Што значи тоа? Дека во иднина Грција нема да става вето на секое барање на Македонија да се приклучи кон ЕУ и НАТО? Или дека Македонија, кога некогаш, евентуално, ќе почне преговори за ЕУ, ќе го скокне поглавјето Правда? Оти тоа за нас е веќе завршена работа. Сме го оставиле тоа прашање во минатото. Сме научиле дека тие не го почитуваат судот што сами го создале затоа што таков им бил договорот. Па зошто тогаш правото би го почитувале и ние?
    Магично решение, нели? Барем според Филе.
    Мене ми е сосема јасно зошто Филе измислува вакви бирократски глупости. Оти нему тоа и му е работа. Тој е комесар за проширување. Ако се прошири Унијата, ќе остане без ресор. Затоа и мора да ја тегне мастиката.
    Ама жално е што ние дваесет години му се радуваме на некој Филе да нe пофали. И трагично е што немаме лидери кои наместо да чекаат пофалби од бирократи, ќе бидат кадарни директно да им се обратат на нивните шефови. Кој во Македонија во моментов може да им се јави на Меркел, Оланд, на Камерон…?
    А и да им се јави… Што ќе им каже?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира