МАЈКА ТАТКОВИНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:130:"МакедонцитетребадаплаќаатзаситедржавикадештоживеатАлбанците

    1 Владата подготвува нова кампања за подигнување на свеста за вредностите на семејството и за поттикнување на наталитетот.
    Првин решија да ми ја подигнат свеста со реклами дека јас сум Македонија, а сега, исто така со реклами, ќе ми кажуваат дека е важно да имам семејство. Не знам за што нѐ сметаат. Сега очекувам Владата да направи кампања за подигање на свеста дека 2+2 = 4.
    Премиерот Никола Груевски е магистер по економски науки. Би требало да знае дека за да рекламираш нешто, првин треба да имаш производ.
    Државата ќе вложи пари за реклама, ама еве како го поддржува раѓањето деца.
    Лекувањето стерилитет не е на државна сметка. Со државни пари можеш да направиш ин витро оплодување само два пати.
    Да не зборуваме за тоа колку жени не се решаваат да родат затоа што се плашат дека ќе загубат работа или ќе ги сменат по партиска линија.
    Болниците каде што се родилките и новородените бебиња ги затвораат затоа што има бактерии.
    Породилното боледување е голгота. Ако мајката е вработена и ако има среќа газдата да ја пријавил во Фондот за здравство на цела плата, ќе си ја земе првата плата најмалку три месеци откако ќе се породи. Ако жената реши да раѓа деца затоа што има добра плата и по некоја случајност е легално пријавена на целиот износ, додека е на породилно боледување, ќе прима максимум 25.000 денари. Тој закон на мала врата го донесе СДСМ. Значи, државата ги обесхрабрува да раѓаат оние што потенцијално не би имале економски пречки за повеќе деца.
    Детскиот додаток е толку мал и толку доцни што исто како да го нема.
    Кога ќе дојде време за градинка, ќе се соочиш со 30 деца на една воспитувачка. Нема пари за нивните плати и за нови вработувања. И таму каде што одат, ако сакаат да вежбаат физичко, ќе треба дополнително да плаќаш.
    Кога ќе тргнат на училиште, треба да си на штрек да не решиле учителките да штрајкуваат оти три дена им доцнат платите. Оди чуди се со три деца што да правиш со нив кога ќе застанеш пред затворено училиште. А треба да одиш на работа оти некој треба да ги нахрани и да ги облече.
    По сѐ што гледаат во училиштата, оди натерај ги децата да веруваат дека учењето е важно, дека не е битно од која партија се родителите и дека со пари не се купува сѐ. Ајде пробај, превоспитај ги дека не мора да штрајкуваат затоа што треба да си го местат креветот и да му речат “добар ден” на комшијата.
    Ако веќе дојдат до студирање, ќе се соочат со разнебитени државни универзитети и со приватни универзитети со сомнителен квалитет.
    Ако треба да им најдеш државна работа, зачлени ги во партија.
    Ако детето се разболи и не дај Боже дојде дотаму да му требаат цитостатици, на Клиника ти викаат: “Таква му била среќата. Цитостатици нема, дури ни да ги купиш”.
    Ако се смени сето ова со една рекламна кампања, тогаш ајде да ја направиме веднаш.
    Владата не треба нам да ни ја менува свеста за семејните вредности и за намалениот наталитет. Нека си ја сменат свеста себеси. Оти, очигледно, не знаат каде живеат.

    2 Гледам вести на телевизија и не можам да поверувам. Оди прилог за намалениот наталитет во Македонија и новинарката го вели ова: “За да се одржи проста репродукција, демографите велат дека секое семејство треба да има три деца. Едно дете за мајката, едно за таткото и едно за државата”.
    Кои демографи го рекле тоа? Да не се напојувале од идеите на СС лидерот Хајнрих Химлер од 1943 дека секоја жена, мажена или немажена, мора да роди најмалку четири деца?
    Во нацистичка Германија секоја година на роденденот на Хитлер на жените кои родиле четири или пет деца им се делеле бронзени, на оние со шест или седум сребрени, а на оние со осум или девет деца златни ордени.
    Според озлогласениот “лебенспрограм”, мажите кои веќе направиле четири деца со сопругите се стимулирале да прават деца настрана и била организирана цела мрежа од домови за самохрани мајки. Тоа, според хуманата идеја на Химлер, било со цел “да им се овозможи на немажените да бидат оплодени”. Нормално, со маж од ариевска раса.
    Што се однесува до Македонија, имам конкретен предлог за државните деца. На првото и на второто дете ќе им се даваат имиња по бабите и по дедовците. За третото дете ќе бидат резервирани “државни” имиња. Ако третото дете е машко, треба да се вика Никола, Бранко, Али или Мендух. Ако се роди девојче, ќе се вика Силвана, Радмила, Гордана или Теута. Тоа се основните имиња во програмата “И татковината е мајка”.
    Споредните имиња, според оваа програма, што може да им се дадат на третородените деца се Тито и Љубисав. За да се отслика меѓунационалниот карактер на државата, Србите ќе го викаат третото дете Слободан, Власите Хари, а Ромите Амди. Оние што потекнуваат од Егејска Македонија ќе бидат Јагнула или Циле. А Македонците чиишто родители имаат и бугарски пасоши ќе го крстат третото дете Љубчо.
    Со програмата “И татковината е мајка”, на третите деца ќе им се олесни животот. Бидејќи ќе имаат одредени имиња од државата, како што ќе растат, ќе знаат што ги чека. За нив нема неизвесна иднина. Во зависност од тоа кој е на власт, ќе знаат дали ќе можат да се вработат или ќе чекаат нови избори.

    3 Се дигна цела паника затоа што Албанците морале да ги вадат визите за Македонија во амбасадата во Тирана. Се побунија цели општини, некоја стопанска комора, туристички работници, бизнислобија…
    Од осамостојувањето на Македонија Албанија прави дискриминација меѓу македонските државјани. За Македонците треба, а за Албанците од Македонија не треба виза. Македонците плаќаат 10 евра за виза, Албанците не. А и едните и другите имаат македонски пасоши.
    Поранешниот лидер на ДПА, Арбен Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сто пати биле во Тирана и се среќавале со тамошните власти. Како ниту еднаш не им текна да го постават тоа прашање?
    Тие немаат проблем. А за Македонците баш им е гајле. Албанија си ја чувствуваат како своја држава. Национален интерес е Македонците да оставаат пари за нивната држава.
    Македонците плаќаат дома. Но, треба да плаќаат и за сите држави каде што живеат Албанците.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира