МАЈКИ СТЕЧАЈКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:26:"Бозатаезакон

    1 Во Охрид за Нова година имало над 20.000 туристи. Тоа за туристичко место како што е Охрид е рамно на елементарна непогода.
    Во новогодишната ноќ неколку часа до полноќ немало струја.
    На лето, особено во шпицот на тие 20 дена колку што трае сезоната, снемува струја оти размазените туристи сакаат после плажа да се тушираат со топла вода.
    В зима туристите сакаат да се згреат.
    Слушнав на една телевизија локалпатриотски извештај на нивниот дописник. Неколку часа пред дочекот центарот на градот останал без струја. Имало голем дефект. Ама, во интерес на гостите, домаќините од приградските населби се согласиле тие да ја пречекаат Нова година во мрак, за центарот да има струја.
    Познавајќи ги Охриѓани како познати љубители на гости – сигурно доброволно се откажале од струјата.
    Подобро им е на тие што го виделе спотот на Си-Ен-Ен и на кои им се допаднала Македонија да не брзаат да дојдат. Оти, ако дојдат ќе мора цела Македионија од струја да се откаже за да има за туристите.

    2 Владата неодамна презеде десет мерки за пресретнување на последиците од светската криза. Ама ќе мора да донесе и единаесетта мерка. Да го изгаси светлото на крајот на тунелот
    Сега ми е јасно и зошто инвеститорите не брзаат. И зошто уште не почнале да се градат педесетте фабрики на Велија. И тие чекаат на Македонија да и светне.
    .
    3 Почнаа да се раѓаат децата што на мајките ќе им донесат плата и пензија. Но, законот за стимулирање на раѓањето трето дете во општините со природен прираст помал од 2,1 отсто е даден на Уставен суд како дискриминирачки.
    Што правиме ако уставниот суд го поништи, или укине законот? А жените веќе родиле. Почнале и плата да добиваат за тоа.
    Што ќе прават родилките ако одеднаш не добиваат плата, а инвестирале во својата иднина раѓајќи деца. Ќе станат мајки – стечајки. А децата – технолошки вишоци.
    Ако законот се поништи, дали државата ќе бара од мајките да ги вратат парите што ги добиле? Или, ако се укине, тоа значи дека се треба да се врати во првобитна состојба. Брачните двојки да се вратат на предигра. И таму да запрат.

    4 Уставниот суд веќе поништи или укина пет-шест законски одредби кои беа клучни за реформите на оваа влада.
    Кога падна законот за патриотските фискални сметки, еден правен експерт изјави дека законите се такви што изгледа како во Собранието да работат бозаџии, а не правници.
    Време е сите бозаџии од Собранието да се пратат во слаткарница. А правниците од слаткарниците да се вратат во Собранието.
    Ај што законите паѓаат на Уставен суд. Туку и бозата се расипа.

    5 Нема ни 90 дена до претседателските избори, а ниту една партија нема истакнато свој кандидат за претседател.
    Што зборува тоа?
    Дека не можат да најдат соодветен кандидат за функцијата. Зошто? Затоа што го бараат само меѓу своите.
    На СДСМ му е многу потешко. Оти тие имаат проблем и лидер да си најдат, а не пак кандидат за претседател.
    Ни на ВМРО-ДПМНЕ не им е лесно. Тие додуша имаат лидер. Ама, на власт се, па имаат и повеќе места за полнење. Па ги истрошија своите. Башка што неодамна Груевски во едно интервју рече дека при изборот на соработниците околу 60 отсто пресуден му бил карактерот на човекот.
    Што фајде ќе има државата од добриот карактер на кандидатот, ако е неспособен за функцијата што треба да ја врши?
    Сега на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од глава им се удира тоа што свесно го правеа последниве 18 години кога се менуваа на власт. Од чистачки и инкасатори на наплатни рампи, преку директори на театри и училишта, до претседател на држава ставаа партиски војници. Во оваа држава театарскиот репертоар се менува во зависнот од партијјата на власт.
    Е па тоа се само војници. А и толку се. Се потрошија. Со карактер, или без карактер толку ги бива.
    Е па Бранко и Никола, затоа вие немате ни надпартиски консензус за интересот на државата. Ниту пак професионалци и интелектуалци кои ќе смеат да работат за својата држава. Затоа немате ни кандидат за претседател.

    6 Пукна скандалот со понуденото диригирано интервју за премиерот во емисијата “Гласот на народот” на јавниот сервис МРТВ.
    Во исто време оди владина кампања “На патот кон ЕУ тргни од себе”. ВО неа, владата ги охрабрува новинарите да се спротивстават на притисоци. И да обезбедат слобода на говорот.
    Среќа што се обелодени скандалозното сценарио за “интерпланетарното соочување на пастирот со својот народ”, претставен како гости во студиото избрани од пратениците Илија Димовски и Влатко \орчев. Па, премиерот на патот кон ЕУ, тргна од себе. Се откажа од “Гласот на народот”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира