МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:167:"ПогледнетеподалекуодСтруга.КонРадушакадеДУИнајавувауштееднасензационалнапобеда

    1. Поминаа законите за новите општини и за двојазично Скопје.
    Денеска се чувствувам како граѓанин на Европа. Ѓубрето пред зградата во која живеам веќе не смрди, туку лошо мириса, оти Скопје стана европско. Викендов ќе се качам на планина, ќе одам до последното село во кое не стапнала ногата на Пенов, да го почувствувам шмекот на европско Скопје.
    Гледам и редовите за визи пред амбасадите некако се посредени. А и барикадите на патиштата попуштаат како што се бришат границите меѓу државите на Европа.
    Пратениците си заминаа на одмор. Солана може да не пофали. НАТО ќе ни даде уште една шанса.

    2. Бранко ни порача да погледнеме подалеку од Струга и Кичево. Пораката сериозно ја сфати неговиот коалиционен другар Фазли Велиу. На прославата од тригодишнината од рамковниот договор пратеникот од ДУИ порача дека “визијата на УЧК почна со Косово, а ќе заврши со големо сензационално обединување на Албанците во идната голема Албанија која ќе ги опфаќа Македонија, Албанија и Косово”.
    Тригодишнината од рамковниот договор ни ја честитаа и специјалниот пратеник на ЕУ Микел Салин и амбасадорот на САД Лоренс Батлер. Тие ги поздравуваат постигнатиот напредок во “придвижувањето кон целта за мултиетничка и унитарна Македонија интегрирана во Европската унија и НАТО”.
    Ќе го сочувам ова писмо. Да го имам идната година ова време. Оти Велиу порача дека “идната година ќе се слави и нова победа на сензационално обединување на Албанците”.
    И после Македонците биле ксенофоби и ги плашеле Албанците!
    Да дадеше ваква изјава пратеник од некоја македонска партија, па дури и од владејачката, сите ќе паднеа во несвест. ЕУ и САД ќе го ставеа на црна листа, Карла дел Понте ќе испратеше истражни службеници, Меѓународната кризна група ќе објавеше вонреден извештај…
    Македонија отсекогаш била мултиетничка и унитарна. Македонците со рамковниот договор докажаа дека ја прифаќаат таквата држава. Каде се Албанците да не убедат во тоа? Не слушнав дека Али Ахмети, или некој од ДУИ се огради од изјавата на нивниот пратеник.

    3. И портпаролот на СДСМ Борис Кондарко не ја чул изјавата на неговиот коалиционен другар. Тој и не верува дека некој може да даде таква изјава.
    Ќе поверува кога ќе го чуе Велиу истото да го каже од собраниската говорница. Или, кога длабоко во ноќта со принципот на т.н. бадинтерово мнозинство набрзина ќе ја изгласаат и голема Албанија, додека нивните сопруги ги пакуваат куферите за одмор.
    Или за бегање, сеедно.

    4. Трифун Костовски пред извесно време рече дека се срами од оваа власт иако беше носител на листа на победничката коалиција “Заедно”.
    За законите не гласаше ни Тито Петковски. И тој беше носител на листа на Коалицијата “Заедно”.
    Јани Макрадули му порача на Костовски да го врати мандатот, оти му го изработиле членовите на СДСМ. Каде е сега да му го порача истото и на Тито? И нему ли членовите на СДСМ му го изработиле мандатот? Каде е Кондарко да даде изјава дека е згрозен од однесувањето на другарот Тито?
    Од шесте носители на листи на победничката коалиција, двајца гласаа против законите за новите општини и двојазично Скопје. Другите четворица не се во парламентот. Бранко е претседател, Илинка и Никола Поповски министри, а Петар Гошев гувернер на НБМ.
    Против законот беше и потпретседателката на Собранието Лилјана Поповска од ЛДП. Против беа и претставниците на Србите и на Турците. Сите тие беа кандидати на коалицијата “Заедно”. И – победија.

    5. Струга се отцепи, Вевчани прославува, Џепчиште не сака во Тетово, Кичево бара самостојност, Чешиново се кара со Облешево…
    Законите ја расцепија државата. А богами и коалицијата.
    Бранко во 2002 година порачуваше “да тргнеме во нова победа за Македонија”. Во 2004 година Фазли Велиу најавува “нова победа за сензационално обединување на Албанците”.
    Победничката песна на коалиционите партнери се пееше: “За Македонија заедно ќе се бориме”. И сите го чекавме 15 септември 2002.
    Еден месец пред 15 септември 2004, ниту тие се заедно, ниту Македонија е заедно.
    Ние веќе ништо не чекаме.

    6. Министерот за одбрана Владо Бучковски на тригодишнината од масакрот кај Карпалак најави скромно обележје во спомен на десетмината прилепски резервисти.
    Се надевам дека скромното обележје ќе биде барем толку скромно колку што се спомениците за паднатите борци на ОНА ширум западна Македонија. И одбележувањето на овие трагични настани да биде скромно, барем колку парадите на УЧК во Радуша.
    Децата на загинатите бранители кај Карпалак и Љуботен нека ги испратат на одмор. Во Струга. Да видат зошто им загинале татковците.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира