МАКЕДОНОИДИ И СОРОСОИДИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:92:"БукефалетројанскиоткоњнаГрцијазаМакедонија

    1 Хрватско словенечкиот спор околу границата станува сериозен. Сега Словенија ја злоупотребува својата позиција како членка на НАТО и на ЕУ за да ја уценува Хрватска. Собираат потписи за референдум на кој треба да одлучат дали Хрватска заслужува да влезе во НАТО, или не. А пред два месеца ставија вето на продолжувањето на преговорите за пристап на Хрватска кон ЕУ.
    И тука важи принципот на солидарност. И тука еден од критериумите е добрососедски односи. Арно ама, зад интересот на Словенија не застана Европската унија. Напротив, притискаат врз Словенија, а не врз Хрватска. А во нашиот случај се солидаризираа со Грција.
    Словенечкиот претседател Данило Тирк во Скопје рече дека не треба да се изедначуваат хрватско словенечкиот со грчко македонскиот спор.
    И навистина. Случајот не е ист. Тие имаат територијален проблем. А ние имаме ментален проблем.

    2 Уште не ми е јасно како можеа да се соберат цел автобус Грци и при здрава памет да се истоварат пред Психијатриската болница во Бардовци да посетеле некој болен за кој мислеле дека е репресиран прогрчки настроен блогер. Ај што тие дошле да го посетат туку и психијатар си донеле. За секој случај.
    Ај нека пробаат така во Грција да влезат во болница. И нека проба тој доктор да прегледува пациенти кај што сака, а не во болницата каде што работи. Ако им дозволуваат така во Грција, зошто и ние да не им дозволиме.
    Туку таа директорката на “Бардовци” згреши кога се караше на портата со нив. Требаше да им отвори врата. Нека влезат, нека поседат малку да одморат. Автобусот можеше да им го врати. А ним не мораше да им дава ни терапија. Освен ако поинаку не оценел докторот што си го носеа со себе.

    3 Груевски конечно ја откри Америка. Рече дека не треба да се делиме на антички и на словенски Македонци. И дека сите сме Македонци.
    Е па убаво. Штом се одважи и тоа да го каже, ај сега нека продолжи. Па за почеток нека ги повлече имињата на Аеродромот во Скопје и на автопатот. И нека му го подари споменикот на Александар Македонски на Караманлис.
    Кога ќе го направи тоа, да видиме што друго ќе им пречи на Грците. И уште што друго ќе им пречи на партнерите од ЕУ и од НАТО за да имаме добрососедски односи.
    На крајот на краиштата, Македонија е таа што поради овој спор ги смени и Уставот и знамето. Па и тоа не беше доволно. И на крајот излезе дека Грција е таа што сакала да преговара, а Македонија не сакала.
    Груевски ја откри Америка ден пред да се објави говорот на Бакојани со кој на некој собир во Атина рече дека одлуката за ветото во Букурешт била донесено уште пред летото 2007 година.
    Се покажа американското разузнавање. Грците цела година ги влечеле за нос. Го оставија Буш да треска ден пред букурешкиот самит дека и Македонија ќе биде во НАТО. И после му се смееја.
    Проблемот е што кога Груевски реши со букефализам да се кара со Грција, покажа заби без да прави истовремено и пријатели што ќе му го штитат грбот. Дури и ги изгуби пријателите што до Букурешт ја поддржуваа Македонија.
    Кога тогаш ќе се дознаеше дека не е проблемот во Александар Велики. И дека не е ни во името ни во знамето.
    На крај ќе излезе вистина мислата на угледниот американски лингвист и славист Виктор Фридман: “Букефализмот е тројански коњ на Грција за Македонија”.

    4 Откако Груевски кажа дека Македонците не треба да се делат на антички и на словенски, СДСМ одговори дека токму ВМРО-ДПМНЕ прва почнала да го дели народот.
    Сега вистинското прашање не е кој прв почна туку кој прв ќе престане. Оти за овие три години додека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ забегуваа во антикомунизам и антика, не видов дека некој од СДСМ се истакна со концепт за обединување и помирување. Единствено што понудија е исмевање со антиката и букефализмот. Што направија тие од што беа толку паметни и имаа идеи? Го најдоа Фрчко.
    И така, плукаат едните, плукаат другите, прес на едните, прес на другите и покрај сите поделби што ги имавме на
    а) Македонци Албанци,
    б) комуњари антикомунисти
    в) србомани бугарофили
    г) верници атеисти
    д) за абортус против абортус,
    ѓ) провладини невладини организации антивладини невладини организации…
    на крај го поделија народот на Македоноиди и Соросоиди.

    5 Додека не почне кампањата, претседателските кандидати шетаат по амбасади. Таму се сликаат, па после даваат изјави пред камери.
    Баш ме интересира што зборуваат кога се среќаваат со амбасадорите. А уште повеќе ме интересира зошто се среќаваат. Бараат поддршка? Бараат пари за плакати? Им викаат излезете да гласате за мене? Замислете го Барак Обама додека беше кандидат како оди во француската амбасада во Вашингтон. И кога ќе излезе од таму на француски дава изјава дека САД мора да продолжат по патот на евроатлантските интеграции. Или Саркози пред да му почне кампањата бил кај американскиот амбасадор во Париз. И му ветил дека нема да има палење коли во француските предградија.
    Ај што шетаат по амбасади туку Фрчко дури и до Брисел отиде. Што бараше таму, кога попустите се веќе завршени. Или останало уште нешто за докупување. Што им викал на европратениците? Дојдете цела фамилија масовно да гласате за мене? Или дај кажете им на неосвестените Македонци да гласаат за мене оти јас сум за евроинтеграција без изолација.
    А од кога, пак, ние паѓаме во несвест за тоа што ќе ни каже Брисел. Од 1991 година па досега ни викаат дека не треба да има пукање на избори. Па некои пак пукаат. Па Брисел за тие што пукаат бара човекови права.

    6 Груевски не го решава проблемот со гимназијата “Нико Нестор”. Рече дека тој пред пет години предупредувал оти ќе се случи вакво нешто и се противел на територијалната поделба што ја донел СДСМ. ДУИ заборави да ја спомене.
    Типично македонско сеирџиство. Ќе рече: “Ви викав јас” и мисли дека со тоа проблемот е решен.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира