МАМА МИА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:88:"ВоЕвропаќевлеземесошкембе-чорбаирасолница

    1. На почетокот бевме искрени и простодушни. Потоа се правдавме дека сме биле наивни. Подоцна веќе се почувствувавме длабоко навредени и излажани. Накрај излезе дека сме биле дефинитивно – глупави. Притоа не нé правда никакво обвинување кон другите кои се – расипани.
    Секој ден очекувавме некакво изненадување со наша парична единица, кога како новогодишен порадок си добивме српски динари. Велат: “Нема место за паника, ги има доволно!” Таман колку и ние да го поднесеме товарот на платите на воените злосторници. И да придонесеме за рентабилно производство на печатницата во ТОП-чидер.
    Граѓаните на Македонија, длабоко убедени дека со пребојадисаните хартиички, од кои е избришано името на нивната република, им се заштитува закрпениот џеб, во знак на благодарност кон правовремените решенија на македонската влада чекаат во редици за да се поклонат пред шалтерите на банките. Во областа пак на курирската и преведувачка дејност за 1991 година, особено признание за унапредување на преведуваштвото од српски на македонски јазик, ѝ се оддава на Народната банка на Македонија за нејзиниот последен труд: “Воведувањето српски динари на територијата на Македонија нема никакво политичко значење”.
    Сосема ослободен од помислата дека можеби Србија пак сака нешто да нé зафркне, се зафатив со темелно читање на Уставот и конечно се успокоив кога ја пронајдов одредбата според која “Народна банка на Македонија е емисиона банка”. Друго прашање е што на гувернерот никој не му кажал што треба да емитира. Па, сиромашкиот, шалтерите мора да ги снабдува со пари кои един­ствено му биле понудени. И не треба да му се лутиме што сега ни нуди најевтина хартија. Едноставно, човекот немал избор.

    2. Дента кога пристигна веста за експресната замена на југословенските динари со српски и кога црниот курс на девизите почна нагло да расте, еден колега од Македонското радио со скриен микрофон меѓу дилерите на скопската берза во Старата чаршија го забележа овој дијалот:
    – Брзо реагирате?
    – Нормално! Тоа ни е работа.
    Немаме никаква причина да се сомневаме дека новинарот би го добил истиот одговор, ако по некоја случајност тој ден се појавеше на седницата на Советот на мудреците, во јавноста познат како Влада на експерти. Впрочем, од соопштението што вечерта пристигна по редакциите, јасно се виде дека експертите, среде метежот и хаосот што настана со замената на парите, решиле да направат радикален пресврт. Македонската новинска агенција ТАМ повеќе нема да се вика ТАМ, туку ќе се вика  МИА. Мама миа!

    3. Во општиот тренд на осовременување и премин од там-там на висока западна технологија се приклучи и Собранието на Македонија. Со должна почит кон покојниот систем, бидејќи сепак почека да му направи четириесетдневен парастос и да му го испрати духот, на четириесет и првиот ден од донесувањето на новиот устав реши малку да го измени. Амандманите за измена одат на експресна јавна расправа. Европа нема време за чекање, па до 5 јануари треба да завршиме со расправата. Овој пат, за разлика од времето кога го донесувавме уставот, имаме шанси амандманите мазно да ни поминат. Ќе бидат залеани и добро подмачкани.
    Ќе си ја чекаме Новата година и ќе дискутираме. По првиот амандман ќе расправаме со чашка ракија. Со вториот ќе се префрлиме на вино. Третиот најдобро оди на европски начин – со шампањско. Ама од македонско потекло. Ќе биде малку незгодно ако се најде некој како Тодор Петров, па да почне да дава амандмани на амандманите, особено ако му пречи пиењето. Но, во секој слу­чај, расправата ќе ја сумираме на тој начин што сé ќе залееме со расолница и ќе подмачкаме со шкембе чорба. Во никој случај не смееме да си дозволиме во Европа да влеземе мамурни.

    4. Во веселата јавна расправа најтешко ќе падне отсуството на Драги Арсов. Неговиот најнов хит “Жал за Солун”, што пред два дена го промовираше во Собранието, е премногу тажен и не само што не е пригоден за народно славје, туку не е ни компониран во духот на современата европска музика.
    Македонската јавност сепак требаше, во спомен на неговите музикални настапи во Парламентот, да му се оддолжи за задоволството што ѝ го приредува­ше на тој начин што барем ќе го изгласаше за “Фолк хит на годината”. Вака негова­та кариера, и покрај тоа што во последно време настапува со уметничкото име “Дракче контра-бенд” е пред сериозна неизвесност, па ќе мора да размисли да поч­не да настапува како во младите години. Кога не знаеше да им рече “Не!”на сите што доаѓаа на власт.
    Но дека, за жал, се работи за безнадежен случај, доказ е сведочењето на моите колеги, кои од новинарската галерија го следеа неговиот последен настап и целос­на­та незаинтересираност на публиката во салата за она што се случува на сцената. Ќе остане забележано дека дури и госпоѓата Димитрова, како реноми­ран музички уметник и педагог, дигнала раце од усовршување на Арсов. Била видена како не можејќи да ја слуша новокомпонираната, а до крај демодирана “Жал за Солун”, се занимавала со читање весник.

    5. За новогодишната ноќ најдобро е да не се занимаваме многу-многу со разни петарди или, не дај боже, бомби и други експлозиви. Бидејќи и тука може да важи предупредувањето што им беше дадено на хрватските граѓани пред Божик, во случај нашето МВР да заборави да ве потсети, “Сакам да кажам” ви советува:
    “Не фрлајте петарди, за да не ја испровоцирате армијата. Може да одговори жестоко и со сите расположливи средства”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари