МАРШАЛОВ ПЛАН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:46:"БилКлин­тонисиоти­шол

    1. Бе­ше Клин­тон и си за­ми­на. Ка­ко на зем­ја по­го­де­на од вој­на, ни ос­та­ви хра­на за 12 ми­ли­о­ни до­ла­ри. Ние не зна­е­ме што да пра­ви­ме со на­ша­та хра­на, ама оваа аме­ри­кан­ска­та е дел од но­ви­от Мар­ша­лов план за об­но­ва на ре­ги­о­нот. Има­ме пи­пер­ки и до­ма­ти, ама не­ма­ме јај­ца. Ци­ле доц­ни со фар­ми­те. На­мес­то Ци­ле­ви, ќе ја­де­ме Тру­ма­но­ви јај­ца.
    Има­ме и тек­стил­на ин­дус­три­ја, ама не­ма­ме ка­де да ги про­да­ва­ме ко­шу­ли­те. За­тоа, Хи­ла­ри ни нај­де ра­бо­та. Три фаб­ри­ки ќе има­ат ра­бо­та ду­ри еден цел ме­сец. Ако ши­вач­ки­те не бр­ка­ат нор­ма, мо­же да по­ра­бо­тат уш­те еден.
    Важ­но е де­ка ја има­ме под­дрш­ка­та на САД. И де­ка Клин­тон ни ре­че: “Бла­го­да­рам”. Тоа мно­гу ни зна­чи. И мно­гу сме ра­дос­ни за­тоа што нé са­ка­ат. Од ра­дост, ши­вач­ки­те зад ма­ши­ни­те ќе пе­ат: “Ил­ја­да на­ши ко­шу­ли за нив­ни­те вре­ли бак­не­жи”.
    Бил Клин­тон и си оти­шол. Од Аме­ри­кан­ци­те тол­ку. Заш­то ко­сов­ска­та кри­за е ев­роп­ски проб­лем, па САД им ре­коа на ев­роп­ски­те пар­тне­ри тие да се гри­жат за Мар­ша­ло­ви­от план. Штом Ев­роп­ска­та уни­ја тре­ба да се гри­жи за Бал­ка­нот, јас­но е де­ка пак ќе нé ос­та­ват на це­ди­ло.
    Се­га смис­ли­ја не­как­ва аген­ци­ја за об­но­ва во Приш­ти­на. Ама, таа не би­ла так­ва аген­ци­ја как­ва што ние се за­не­су­вав­ме де­ка ќе ни от­во­рат во Скоп­је. За под­дрш­ка на мак­ро­е­ко­ном­ска­та по­ли­ти­ка, до­пр­ва ќе раз­мис­лу­ва­ле. Ова се­га им би­ло за сит­ни ра­бо­ти. ЕУ ќе ги поп­ра­ва ќе­ра­ми­ди­те на ку­ќи­те и дуп­ки­те на ас­фал­тот. Ве­ро­јат­но, до­де­ка трае про­це­сот на вра­ќа­ње на бе­гал­ци­те. За ед­на го­ди­на сé ќе за­бо­ра­ват. Се се­ќа­вам кол­ку се фа­леа де­ка ќе ја об­но­ву­ва­ат Бос­на.  А и де­ка на­ша­та гра­деж­на опе­ра­ти­ва та­му ќе се оте­па од ра­бо­та и па­ри.

    2. Се­пак, пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски се те­ши де­ка во Скоп­је ќе ни от­во­рат не­ко­ја но­ва аген­ци­ја. И уш­те се за­не­су­ва де­ка, по не­го­во ба­ра­ње, ќе го нап­ра­ве­ле ав­то­па­тот Со­лун – Скоп­је – Бел­град. Са­ка да оди во Ев­ро­па. Ѓоа та­му мно­гу нé са­ка­ат.
    Ту­ку, да мо­ли­ме бо­га Ср­би­те да си го чу­ва­ат Ми­ло­ше­виќ и во ид­ни­на. Ма­ке­до­ни­ја не­ма ин­те­рес да го сме­нат. Ако пад­не Ми­ло­ше­виќ, САД и ЕУ за да си ги ис­ку­пат гре­во­ви­те си­те па­ри за об­но­ва ќе им ги да­ва­ат ним. А Ср­би­ја не е ма­ла. Баш­ка, ед­ночу­до мос­то­ви и фаб­ри­ки се раз­ур­наа.
    Што е пра­во, ни­ту на ЕУ и САД не им е во ин­те­рес да пад­не Ми­ло­ше­виќ. То­гаш на­вис­ти­на ќе тре­ба да фр­лат па­ри. Со нас им е мно­гу по­лес­но. Мал­ку ни тре­ба да би­де­ме среќ­ни. Ед­но “бла­го­да­рам” и две-три прег­рат­ки и уди­ра­ње по ра­мо. Чу­му ти се па­ри ко­га имаш љу­бов? Љу­бов­та со па­ри не се ку­пу­ва. Са­мо што мал­ку ра­мо­то ни по­мод­ре.

    3. Свет­ски­те но­вин­ски аген­ции ја­ви­ја де­ка аме­ри­кан­ски­от прет­се­да­тел го по­се­тил кам­пот Стен­ко­вец. Сред­ба­та со Гли­го­ров, бла­го­дар­нос­та до Ма­ке­до­ни­ја и це­ла­та феш­та со хе­ли­коп­те­ри­те и обез­бе­ду­ва­ње­то, ни­кој не ги спо­ме­на. По што нé пре­поз­на­ва­ат во све­тот? Ко­ја ни е ре­фе­рен­ца­та? До­се­гаш­на­та ре­фе­рен­ца БЈРМ се­га е за­ме­не­та со Стен­ко­вец.
    За вол­ја на вис­ти­на­та, да го не­мав­ме Стен­ко­вец, не­ма­ше да ни дој­де и Клин­тон. Ама и аме­ри­кан­ски­те вој­ни­ци што ги по­се­ти, не­ма­ше ни­ко­гаш да го ви­дат сво­јот прет­се­да­тел, да не беа во Ма­ке­до­ни­ја.

    4. Вто­ра­та по­се­та на  Хи­ла­ри Клин­тон бе­ше ста­ве­на во ис­то­ри­ски кон­текст. Би­деј­ќи, не­ли, дој­де вре­ме за об­но­ва на зем­ја­та по вој­на­та, и прос­то­ри­ја­та во Соб­ра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја пот­се­ту­ва­ше на вре­ме­то на АСНОМ. Хи­ла­ри, ам­ба­са­дор­ка­та Љу­би­ца Ачев­ска и ми­нис­тер­ка­та Ми­ли­ја­на Да­нев­ска, ме­ѓу си­те оние чер­ги­чи­ња и за­ка­чал­ки, из­гле­даа ка­ко мла­ди пар­ти­зан­ки орни за ра­бот­на ак­ци­ја. Са­мо Чел­зи, пус­та­та, не вле­зе во фил­мот. Ќе ни зас­пи­е­ше де­вој­че­то на сто­л, ба­рем ед­но чер­ги­че да ѝ да­деа да се пок­рие, да не нас­ти­не.

    5. И зав­че­раве­чер имав­ме ед­но вра­ќа­ње во ис­то­ри­ја­та. Се пот­се­тив­ме на де­но­ви­те ко­га ВМРО-ДПМНЕ пра­ве­ше ми­тин­зи на плош­та­дот во Скоп­је. Сé е ис­то ка­ко то­гаш. Ис­та му­зи­ка, ис­то сце­на­рио, ду­ри и дел од при­сут­ни­те на ми­тин­гот беа ис­ти, са­мо го­вор­ни­ци­те (ос­вен Стра­шо Ан­ге­лов­ски) се раз­лич­ни.
    Љуб­чо ја об­ви­ну­ва­ше Вла­да­та де­ка ја рас­про­да­ва др­жа­ва­та на Ал­бан­ци­те и на таа те­ма со­би­ра­ше ил­јад­ни­ци лу­ѓе на плош­та­ди­те. Се­га Бран­ко ја об­ви­ну­ва Вла­да­та де­ка ја рас­про­да­ва др­жа­ва­та на Ал­бан­ци­те, и ус­пеа да со­бе­ре ил­јад­ни­ци лу­ѓе  во Скоп­је.
    Да не беа Ал­бан­ци­те, ќе ос­та­неа Ма­ке­дон­ци­те раз­е­ди­не­ти.

    6. На ми­тин­гот, Вла­до Ја­нев­ски пе­е­ше “Нап­рај мес­то, злат­на сес­тро…”. Не знам да­ли мис­ле­ше на Дос­та или на Рад­ми­ла.

    7. Пред не­кој ден, на др­жав­на­та те­ле­ви­зи­ја гле­дав ан­ке­та, сни­ме­на со лу­ѓе­то што че­ка­ат ви­за пред грч­ка­та ам­ба­са­да во Скоп­је. Еден од ан­ке­ти­ра­ни­те гра­ѓа­ни од­го­во­ри: “Си­те сме мир­ни и дос­то­инс­тве­но че­ка­ме”.
    Што да пра­ви­ме? Так­ви сме ние. Дос­то­инс­тве­ни.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари