МАРСОВЦИТЕ ДОЈДОА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:148:"НемаструјазаданеможемедавидимеколкунисеуспешниВладатаиПретседателот

    1 Ние не знаевме колку ни биле успешни министрите. Сега ни кажаа. Сите се изредија на прес конференции. И сите си се пофалија. Многу им била успешна годинава. Ама си ги чувале успесите за себе. За да не израдуваат за Нова година.
    Излегол ли некој од нив надвор на улица? Или паднале од Марс директно пред Нова година. И се растрчаа по децата без и родители и инвалидите да делат пакетчиње. Ги прашале ли луѓето како им е? Колку им била нив успешна годината. Оти со толку успешни министри мора и тие успехот да го почувствувале дома. Децата им се вработени, платите им стигаат на време, патуваат по светот без визи и со пари, се лечат бесплатно и на време баш кога ќе се разболат, правдата секогаш ја наоѓаат на суд…

    2. Ама и Бранко како да ни паднал од Марс заедно со министрите. Стана претседател и сега се однесува како ВМРО-ДПМНЕ. Само соли памет и не презема никаква одговорност за се што е до сега направено.
    Најновата поука од Бранко до Бучко е да внимава како ги троши парите од продажбата на ЕСМ. Веројатно како што тој ги дотроши парите од продажбата на Телеком.

    3 Ете сега Бранко се потпиша и на инцијативата за донесување закон за лица со посебни потреби. По 15 години на Бранко му текна дека во Македонија има и инвалиди.
    Беше премиер. Во три наврати. Како премиер – тој е законопредлагач. Што не го напиша законот и што не го донесе. Си имаше влада, си имаше и мнозинство во Парламентот за да го изгласа.
    Едно време беше и лидер на опоизицијата и пратеник. Зошто не предложи закон во Собранието, тоа е местото каде што се носат законите. Ако не го изгласа уште и ќе ја обвинеше власта дека не била хумана.
    Ама Бранко тогаш немаше време за сите граѓани. Сега стана претседател и нема работа. Нема што да прави, па решил да се прави хуман.

    4 Ги гледате ли оние реклами на ЕСМ “За светли празници” и веднаш по нив предупредување дека “поради лошите временски услови и зголемената потрошувачка можни се редукции на струјата” Луѓево се некооперативни. Ај што готват, ај што перат, ај што се пеглаат, уште и светилки по елки и по балкони ставаат. А гледам и временските услови се многу лоши. Уште малку и по куси ракави ќе шетаме.
    На почеток на 21 век ЕСМ ни посакува “Светли празници”. Ама не кажува дали ќе ни светнат од светилка, или од газиена ламба.
    Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше војна, ама имаше струја. Само што СДСМ и на тоа одговор. Тогаш немаше потреба од затемнување. Требаше да бидеме добра мета. Осветлени, за да не гаѓаат подобро од планините.
    Затоа сега одвреме – навреме снемува струја. За да биде темница. Кога ќе светне да се радуваме и да се чудиме колку биле успешни, оти не сме можеле да видиме.

    5 Министерот Никола Поповски пред некој ден рече дека филозофијата на македонското стопанство треба да е: “Извезувај или умри”.
    Кој да извезува? Кој во Македонија работи за извоз? Металците, текстилците што од утро до мрак за 3-4 илјади шијат по лон систем и земјоделците на кои им го кине буџетот.
    Уште во мај оваа година, Поповски рече дека ќе мора да се стрпиме уште “одреден број години”. Тој објасни дека со ваква фискална и монетарна политика до 2007 година ќе имаме раст од 3 проценти, па во 2007 ќе се дигнел на 5 проценти и тој раст треба да се одржува до 2009 година и потоа ќе почне да се намалува невработеноста.
    Тогаш коментарот беше “Не умри магаре до зелена трева”. Ама со новата филозофија на Поповски ” “Извезувај или умри”, не треба да се чека ни тревата да позелене. Умри одма.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира