МЕЧКИНА ИСТРАГА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:97:"ШтодобиБранкозаРамстор,ќеникажеБучкозаЛукоил

    1 ДУИ бара двојазично командување во АРМ и полицијата. Потпретседателот на партијата Рафиз Халити вели дека “Вој­ни­ци­те тре­ба да ја раз­бе­рат на сво­јот ја­зик команданта. Во слу­чај да не ја раз­бе­рат, не ќе мо­жат да ја при­фа­тат и то­гаш мо­жат да се слу­чат ра­бо­ти кои ќе има­ат мно­гу го­ле­ми пос­ле­ди­ци”.
    Какви последици? Замисли, паѓа команда: “Пукај”, и едни пукаат, а другите се кријат во ров.
    Во касарните покрај војници ќе има и преведувачи. На секој војник, по еден преведувач. Па кога ќе командува офицер Македонец, ќе им се преведува на војниците – Албанци. А кога ќе командува Албанец, преведувачите ќе им шепкаат на Македонците.
    Тоа ќе бара нови вработувања. А Никола Поповски, како што е општо познато не дава пари. Така што ќе се бара најевтина варијанта. За да несе троши на преведувачи на крај ќе се најде политички компромис. Посебна војска за Македонците, посебна за Албанците.
    Секој ќе си има своја своја команда. Само што ќе правиме ако пак им се судрат командите како 2001?

    2 За земјиштето кај НБМ за супермаркет, Веро понуди 510 евра за квадрат.
    Земјиштето кај јужниот булевар, Бранко кога беше премиер му го даде на турскиот бизнисмен Коч за 25 евра. Исто така за супермаркет.
    Веро доби на лицитација. Коч доби од Бранко.
    Што доби Бранко?
    Ќе ни каже Бучко. Откако “Лукоил” на иста финта ќе ги добие бензинските пумпи.

    3 Во зоолошката градина во Скопје беа заклани три срни и фрлени на мечките. Директорката најстрого забранила да се зборува за масакрот. Откако скандалот беше објавен во ВЕСТ, таа изјави дека молчела во интерес на истрагата.
    Зошто се молчи во интерес на истрагата? За да се спречи сторителите да се скријат, или избегаат и да се заштитат сведоците. Кого штитела директорката? Мечките, како сведоци. Случајно, ако мечките прозборат без заштита, да не им ги дадат на лавовите.

    4 Секогаш кога на патарина ќе видам колку луѓе пред мене не плаќаат, ме фаќа гнев. Кога ги прашувам рампаџиите ми викаат дека тие биле полицајци, или имале дипломатски пасоши, или биле цариници, или биле пратеници.
    Директорот на “Македонија пат” Дуфе Кукоски вели дека не можело полицајците да застануваат на рампите кога бркаат криминалци. Бре, бре, бре. Шишкаат, џанам… Гледам ги фаќаат криминалците. Нив во град им бегаат, ама штом излезат на автопат, готови се.
    Оние со дипломатски пасоши веројатно брзаат да ја стигнат Илинка, па во обид да достигнат авионска брзина, немаат време да чекаат на рампа. Летаат. Европа ги вика, а НАТО не може без нив.
    Цариниците сигурно бркаат шверцери. Не ги фаќаат на граница. Ги подлажуваат па ги оставаат да влезат во земјата.
    Сите брзаат да завршат работа. Ама каде брзаат пратениците? Брзаат да си ги земат дневниците. Е, кога имаат дневници, веројатно имаат и патни налози, па нека си ги приложат и сметките за патарина. А кога одат ориватно нека си платат, како што плаќаме сите ние глупавите.
    Малку им е што им ги плаќаме платите, малку им е што им ги плаќаме и дневниците, па сега уште и патарината да им ја плаќаме. Дај и бензин да им точиме за џабе.
    Сакам еднаш да бидам рамноправен со нив. Сакам и тие да плаќаат како мене.

    5 Кипарскиот јавен обвинител нареди запленување на сите документи на компанијата “Хелиос” чиј авион падна во Грција.
    Државниот обвинител на Македонија Александар Прчевски не покрена ни истрага за паѓањето на авионот во кој загина претседателот Борис Трајковски со неговите соработници. Оправдувањето му беше дека несреќата се случила во друга држава.
    Кипарскиот обвинител, за разлика од нашиот Прчевски се меша во својата работа. И таму авионот падна во друга држава, ама на Кипранецот ни на крај памет не му падна да чека прво извештај од некој грчки Салко Бегиќ. Па потоа да чека официјален превод. (Ај на Грците и Кипраните не им треба). Па потоа некоја кипарска Мери официјално да го бара извештајот од грчкото Министерство за правда. Па потоа некоја кипарска Илинка да ургира документите да стигнат по дипломатски пат.
    Ако Кипраните тоа го прават за комерцијален лет на приватна компанија, што ли ќе направеа ако им паднеше владин авион со претседател на држава.

    6 “Пролетер” е приватна фирма. Зошто заедно со тие 17-18 фирми што сега го блокираат градот не си конкурираа да го добијат Транспортниот центар. Не сакаа, или немаа пари. Ако веќе гаражата што ја имаат мислет да ја прават автобуска, што не ја дадоа под хипотека и ќе си земеа кредит. Инаку, зошто на приватна фирма би му се давало државно земјиште за приватна автобуска станица.
    Што ако МАТ му се налути на Скопскиот аеродром? Ќе си направи свој аеродром на Стенковец?
    Што ако железничарите што ќе бидат избркани од работа посакаат своја железничка станица? Нека си ја земат старата. Има и слики како изгледала.

    7 Бучко рече дека три четвртини од предизборните ветувања од 2002 година веќе се исполнети.
    Освен што го исполнија ветувањето дека ќе го симнат ВМРО-ДПМНЕ од власт, друго не исполнија. А и тоа не го завршија сами. Народот им помогна.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира