МЕТРО И ЧЕТИРИЕСЕТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:118:"НипроституткитевоМакедонијанесезаконски.Амавршатработа.

    1 Ние сега треба да се скандализираме од сознанијата кој е кодош. А при тоа не треба да се скандализираме од начинот на кој Комисијата за лустрација ги прогласува кодошите.
    Ај што при изборот на Комисијата во Собранието за секој член се знаеше која партија стои зад него, туку и Комисијата со партиските членови одлучува со надгласување. Некои бегаат од седница, а некои болни ги носат од дома за да направат кворум и да гласаат. Па така може да се претпостави и од која партија ќе бидат лустрираните.
    При тоа на претседателот на Комисијата Томе Аџиев уште од февруари му е истечен мандатот. Тој бил предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а сега идел ред за претседател од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку ноќ автентично го истолкуваа Законот за амнестија, сменија закон за употреба на јазик и за знамињата, ама немаа време за смена на претседателот на лустраторите. Затоа што тоа не е приоритет на новиот, како што не беше приоритет ни на стариот парламентарен состав.
    Баш ме интересира како членовите на Комисијата гласаат врз основа на некој документ. Како изгледа тоа? Сите имаат црно на бело пред себе, ама кај некого е поцрно, а кај други не е толку црно. Врз основа на кои факти некој вели дека некој е кодош, а други врз основа на истите факти велат дека не е кодош?
    Законодавците повлекоа нога толкувајќи го автентично Законот за амнестија за злосторствата во 2001 година. Па сега секој си има право автентично да си ги толкува законите. На еден вака му се гледа, на друг така.
    Не слушнав дека СДСМ нешто се побуни. Море, не да се побуни, туку да покрене некаква процедурална акција.
    Ама и тие се исти. И тие чекаат кога ќе дојдат на власт ним да им дојде редот да лустрираат. Па после ќе викаат: “И вие така правевте”.
    Не за џабе во генетскиот код на Македонецот е запишано: Од двајца Македонци, тројца се кодоши. Оти секој Македонец е кодош и пол.

    2 Ако во Македонија владее закон, тогаш треба да владее закон. И тој треба да се спроведува не само за едно метро и четириесет сантиметри поголема височина на зградата на Фијат Цаноски, која не ја ни доградил, туку и за сантиметар и четири милиметри ако треба.
    Првото прашање на луѓето не беше дали Цаноски градел незаконски, или општината го уривала незаконски. Туку: Што му требаше на човекот да го смени таборот?
    Така што овие легалистите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што за метро и четириесет уриваат објект од 30 милиони евра, а со друг закон легализираат стотици илјади дивоградби, не можат да се соберат да го сменат претседателот на Комисијата за лустрација на кого според закон му е истечен мандатот уште од февруари годинава.
    Се прашувате каква врска имаат шесте месеци надвор од мандатот на Аџиев со метрото и четириесет на Цаноски.
    Звучи глупаво. Ама има логика.
    Оти во оваа држава единствената логика е: Ако не си со нас, тогаш си против нас. И таа важи и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ.
    Ако е партија во прашање не е важно да е законски. Важно е да врши работа.
    Впрочем, ни проститутките во Македонија не се законски. Ама вршат работа.

    3 Колку се безбедни инвестициите во оваа држава, колку се почитуваат законите и сопственоста и колкава е правната сигурност на сите граѓани најдобро покажува една серија билборди за продажба на станови.
    На билбордот се рекламираат станови коишто одат, внимавајте сега, “со одобрение за градба и СО ИМОТЕН ЛИСТ”!
    Звучи глупаво. Ама има логика.

    4 Ги чекав големите патриоти од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово да ги измерат знамињата за 2 Август. Да видат како на терен се спроведува Законот што го изгласаа уште пред да ја изгласаат Владата. Да измерат дали македонското државно знаме е за третина поголемо од албанското.
    И во Тетово Илинден беше автентично толкуван. Така што таму не ставија никакво знаме. Па немаше што да се измери.
    Ама затоа беа многу силни во Крушево. И кога се појави Бранко Црвенковски свиркаа.
    Празник е да се празнува. Зошто тогаш некој би имал потреба да исвиркува кого било, и тоа на државен празник? Па макар тоа бил и Бранко.

    5 На ставањето каментемелник на фекална канализација во Лисиче пред дватри дена имаше и попови.
    Сироти попови. Што с мораат да осветуваат за да бидат поблиску до власта. Во МПЦ веќе прават мобилни екипи. Подготвени за сите изненадувања. Па каде што оди некој од Владата, таму одат и тие. Што треба да се опее и да се освети.
    Ова беше ставање каментемелник. Дали ќе ги викнат поповите и кога ќе протече канализацијата? Да направат крстена водичка.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира