МИЛКА И СВИРКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:37:"Себараизлезповеќе

    1. Што се прави важен оној Венизелос? Ни кажува дека Грција ни била единствен излез за Европа. Како па да не. Може некогаш беше така. Ама сега има и друг излез за Европа. Бугарија.
    Имаме излез А и излез Б. И двата излеза во моментов не работат. Ама ние како што напредуваме, ќе дочекаме и излез В. Србија немаше абер, ама еве веќе ги почна преговорите со ЕУ. Па после и Албанија и Косово може да ги почекаме. Македонија и онака е вечна. Проблем со времето ние никогаш не сме имале. Имаме проблем со името. Се бара излез повеќе.

    2. Поголем проблем од проблемот со името е што за 23 години независност Македонија сe уште не си го дефинирала државниот интерес за решавање на проблемот. Дали ни се допаѓало тоа, или не, проблемот постои. Дали е фер, или не – проблемот постои. Исто како што постои фактот дека поради тој проблем страдаме 23 години. И проблемот не можеме да го игнорираме. И не можеме да се занимаваме со интересот на Грција во овој спор. Оти досега само тоа и го правиме. Ние се занимаваме со тоа што сака Грција, а не се занимаваме со тоа што сакаме ние. И уште поважно – како да го добиеме.
    За првпат по 10 години во Македонија доаѓа грчки министер за надворешни работи. И главната вест беше дека Венизелос не дошол со авион затоа што не сакал да слета на “Александар Велики”. Не дошол од Солун затоа што не сакал да се вози по автопатот “Александар Македонски”. Не сакал да одржи заедничка прес-конференција со македонскиот министер Никола Поповски оти не сакал да се слика пред таблата на која пишува Република Македонија. Ама ете, направил крупен превид и спиел во хотелот “Александар палас”.
    Е тоа е нашиот интерес за решавање на спорот со земјата која го блокира нашиот напредок. Нормално. Кога избираме амбасадори како за мајтап на конкурс и кога бутаме ојлевци и дојлевци во МНР, и сето тоа помножено со рамковни вработувања, добро е што и по 10 години дошол некој од Грција. Со тој себап го споменавме и името на јужниот сосед.

    3. Анџак збориме за решение на спорот со Грција, па ми текнува на хакираниот разговор помеѓу американскиот помошник-државен секретар Викторија Нуланд и амбасадорот на САД во Киев. Во четири минути разговор скицираа решение за украинската криза, кажаа кого ќе поддржат од опозицијата, кажаа кој Американец, преку ОН, ќе посредувам и завршија со ефектен заклучок: “Кој ја ебе ЕУ”.
    Кога вака ја решаваат кризата во Украина, која е нуклеарна сила со 46 милиони население, како ли би нe решиле нас, кога би сакале да нe решат?
    Гледам сега што се случува во Украина, како народот гине чекајќи помош од ЕУ. Тешко ним. И ние 22 години чекаме помош од ЕУ. Па ни дојде Венизелос.

    4. Помошникот на началникот на охридската полиција и двајца гранични полицајци од Струшко беа приведени за шверц на танчарки од Албанија. Пред неколку месеци, во Дебарско беа фатени гранични полицајци што шверцувале говеда. Полициската акција за ловење на шверцерите се викаше “Милка”. Се слушна дека и во двата случаи полицајците биле од рамковните. Не кажаа дали новата акција имала име. Слободно може да се вика “Свирка”.
    Сум се чудел цело време зошто во 2001 година зедоа пушка во рака борејќи се за права и за правична застапеност во полицијата. Ете зошто. Не било само за говеда. И за женски било. Милка и Свирка. Мало задоволство за големите борци за човекови права.

    5. Се бореа за да влезат во државните институции, а не им веруваат. Или, не им веруваат кога не им одговара.
    Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта рече дека ќе бара независно вештачење од странство, откако резултатите од Клиниката за токсикологија и од Институтот за судска медицина покажале дека немало труење на средношколците од неговиот град.
    Претходно, директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида, незадоволен од извештајот на државниот ревизор кој покажа скандалозно трошење во неговата агенција, рече дека не го признава тој извештај и ќе побара независен ревизор.
    Независен од што? Од Македонија? Или независен од нив самите како дел од институциите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира