МИРИЗЛИВА МИШКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:205:"ПодпритисокнаММФцигаритеќепоевтинатсамозатиештопушатповеќеод10годинииштонесепостариод40години

    1 Ова со случајот “Бачило” веќе станува смешно. Владата се сомнева дека исплатата на 720.000 евра за загинатите овци е случај на корупција и организиран криминал. И премиерот Владо Бучковски вчера рече дека “имаме случај кој мириса на корупција и на организиран криминал”.
    Што му мириса на Бучковски? Кој потпишува налог за исплата на 700 илјади евра за загинати овци? Парите беа исплатени од Министерството за одбрана. Министер беше Бучко. Што мислел министерот кога потпишувал налог за толку пари? Дека некој ќе оди на службен пат!? Како тогаш на министерот ништо не му мирисаше?
    Ама Бучковски има оправдание и за тоа. Вчера рече дека “не ни знаел дека парите се симнати од нашата сметка”. Значи така. Се најде уште еден виновник. Не е само правобранителката, не е ни судијката, туку виновен е и чиновникот што ги гледа изводите на сметката, па не му кажал на министерот каде му отишол половина буџет за одбраната на државата. Нека виси Педро!
    По толку години на премиерот нешто му замирисало и сега душка наоколу кој мириса. Прво нека се мирисне под мишките.

    2 И Љубен Пауновски на суд се бранеше дека не знаел што потпишува. Изгледа дека во Министерството за одбрана многу интензивно мириса, па министрите се зашеметуваат и не гледаат што потпишуваат.

    3 Тоа што министерот за земјоделство Садула Дураку бил на пат во Мексико и за тоа платил авионска карта од 8.000 евра и не е некоја вест за скандализирање. Министер е човекот, сме му ја гласале партијата, победиле на избори, патува со бизнис класа и тоа ти е.
    Поголема вест е што Дураку во Мексико бил на некаков меѓународен форум за води. Тој беше командантот на УЧК кој ги контролираше вентилите на Липковското Езеро летото 2001 година и го остави Куманово без вода.
    Дураку морал да оди во Мексико. Оти на тој меѓународен форум за води го претставувал своето искуство, што е експериментално потврдено и меѓународно признато. Предавал како со едно завртување на вентил да држиш неколку месеци без вода цел град. И после граѓаните да преживеат и да ти плаќаат бизнис класа за да ги пренесеш експертските искуства.

    4 Неколку месеци пред избори, на СДСМ ѝ требало весник, па реши да го прави на наша сметка. Со државната МИА ќе ја преземеле “Нова Македонија”. Многу биле загрижени за одржувањето на брендот.
    Ако беа толку загрижени имаа 15 години шанса да го спасат. Не се загрижија кога над 1000 луѓе останаа без работа, ама многу се потресени оти новиот сопственик не го одржувал весникот како што мислат тие дека треба да се одржува.
    Како мислат да преземат нешто што некој веќе го купил. И тоа на легално распишан тендер од нив.
    Во 1945 година таквото преземање на приватна сопственост се викаше реквизиција. Само што партизаните измислувале пооригинални причини за тоа.
    Замислете на Бучко да му текне да ви влегува по куќите и становите? Мала партиска проверка. Не ви е чиста дневната, не го одржувате домот, ние ќе ви го земеме за одржување. Или, да ви ги испрати реквизиционите екипи на партијата да ви ѕиркаат и во спалните соби. Ела ваму! Зошто ти не ја одржуваш доволно жена ти? Дај ние да ти ја одржуваме.

    5 Бучковски бара помош за изборите. И вели: “Ќе го кандидираме Бранко за претседател и 2009 година”. Тоа е парафразирање на познатата Кирова реченица: “Не оставајте ме сам!”

    6 Уште едно предизборно изненадување. Цигарите ќе поевтинат. СДСМ виде дека е загрозен опстанокот на партијата. Останаа без пушачи.
    Што сакаат сега? Наместо нив, ние евтино да попушиме.
    Пушачите молат да не им се повтори судбината на стечајците. Да не се јави ММФ со закана дека ќе си оди, па Владата да се попишмани. Ќе мора да носи компромисно решение. Цигарите ќе поевтинат само за тие што пушат повеќе од 10 години и што не се постари од 40 години.

    7 Зошто се разведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски? Е како зошто?
    Која жена не би те оставила, ако сите станови ги препишеш на име на мајка ти.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира