МИС СТОН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:181:" НеверојатенодливнаЈадранскотоиЈонскотоМоре.НаБорис,ЉубчоинаЦилеимвлеглаводавоушите

    1. Работата ни оди мазно. Како по вода. И претседателот и премиерот се возат со јахти. Ни морско бранче не може да ги заниша. Иако изгледа дека веќе се зашеметени од успехот што досега го постигнале во животот. Никого не лулаат. До лани ни за охридско кајче не помислуваа, а сега кога го држат кормилото в раце, за друго, освен за јахта, ни муабет не прават.
    Претседателот во Фажана, близу Пула, бил на манифестацијата “Денови на сарделите”. Јадел мали рипчиња. За премиерот немаме информација што му дале Грците да јаде. Претпоставуваме октопод. Тоа е побезопасно. Зашто, може да се случи на претседателот, ако не знае да јаде риби, да му залетне коска в грло. Тоа не може да му се случи на премиерот ако јаде октопод. Големите риби обично внимаваат да не налетаат на коска.
    По престојот на Георгиевски на грчкиот остров Крф и на Трајковски на хрватските Бриони не е чудно наскоро да се појават извештаи за чудни случувања со тамошните води. Особено што пред Георгиевски, на Крф беше и Тупурковски. Се гледа дека до нив не допира ништо што се зборува. Им влегла вода во ушите. Затоа и нивото на водата во Јадранското и Јонското Море е спуштено. Извештаи за евентуална зголемена загаденост не се дадени.
    Грците го возат Љубчо по Јонското Море. Им е страв да го прошетаат по Егејското. Да не му ги обноват спомените за Беломорска Македонија, која ја споменуваше додека беше млад и наивен. И да не се сети на ветувањата од 1991 година дека следниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи во Солун.
    Трајковски, пак, нема проблеми со помнењето. Тој убаво знае колку бил репресиран во времето на Тито, па сега му се одмаздува, шетајќи по неговите плажи на Бриони. Штета што бродот “Галеб” го продадоа. Инаку, ќе можеше и Борис да отплови.
    Што да правиме кога претседателот и премиерот ни се дружељубиви. Ќе ги викнат да ги прошетаат, и тие не можат да одбијат. Замислете да се појават Марсовци и да ги поканат на работен одмор на Марс. Мислите ќе одбијат? Нема белки да им го кршат атерот.

    2. Додека сите работат во странство, Саво Климовски мораше да остане дома за да ја чува државата. И му поставија на човекот авионска граната пред зградата каде што живее. Зар навистина мислеле дека Саво е толку важен за гранатирање или, пак, ние сме биле во заблуда.
    Сега, по откривањето на гранатата, Саво ќе биде уште поважен. Им се извини на соседите. Саво станува опасен човек да се биде во негова близина. Сега ќе почнат да паѓаат цените на становите во зградата каде што живее. А ќе му расте цената на Саво.

    3. Заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, по пишувањето на “Вест” за пронајдената граната, во “Утрински весник” изјави: “Добро сум информиран за сè што се случува во државата. Сите активности на припадниците на МВР во целост ги следам. Денешната информација што ‘Вест’ ја пласираше во јавноста е само една од низата нивни измислици. Тоа е чиста шпекулација”.
    Истиот ден, од МВР пристигна официјално соопштение за откриената граната. Можеби господинот Елмази навистина е добро информиран за сè што се случува во државата, ама изгледа не знае што му се случува во Министерството. Добро, тој ги следи сите активности на припадниците на МВР. Ама, веројатно, не чита што пишува во нивните соопштенија.

    4. На истиот начин и Борис Стојменов, кога беше министер за финансии, добро бил информиран за сè што се случува во државата. Па сега, кога не е министер, вели дека ќе го дадел на преиспитување договорот за продажба на “Окта”. Сега Стојменов ќе си го преиспитува сопствениот потпис. Тоа само докажува дека власта зашеметува. Не гледаш што потпишуваш.
    Стојменов сега открива дека и фондацијата на сопругата на премиерот Снежана Георгиевска “Благовестие” била рекетарска фирма, дека избегнувала плаќање данок, дека преку неа се переле пари и дека користела средства од Буџетот. А кој го контролира буџетот и кој го проверува текот на парите? Министерот за финансии!? Или тоа не важи ако си потпретседател на партијата на власт.

    5. Сега, кога Стојменов стана претседател на ВМРО на Змејковски, има начин како да ѝ застане на пат на Снежана Георгиевска. Преку “Благовестие”, и сопругата на британскиот амбасадор во Македонија Кристина Дикинсон ќе оди во една акција за собирање пари за Детската болница во Охрид и за Гинеколошката клиника во Чаир. Ќе пешачат две Британки и за секој изминат километар на сметката на “Благовестие” ќе легнуваат по 500 марки.
    Гледате колку се хумани странските планинари. Нашите планинари пешачат без пари. Немаат срце ни душа.
    Сега му е мајката Змејковски да ги испрати коњите што ги промовираше на Мечкин Камен и да ги пресретне британските мисионерки низ македонските планини. Како во филмот за Мис Стон. Змејко ќе ја држи во заложништво сопругата на амбасадорот, а Борис Стојменов ќе биде добриот чичко Манданата.
    Снешка не ризикува кога се занимава со хуманитарна активност. Таа не шета по планини за да собира пари. Таа шета по фирми.

    6. Здружената опозиција ја започна кампањата за изборите под мотото “За Македонија – заедно!”. Им кажал некој дека ова се локални избори и дека парламентарните се по две години!?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира