МОГИЛА НА ПАДНАТИТЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:132:"ПочетокотнапреговоритесоЕУќебидекогапретседавачќебидеТурција

    1 Толку славна кокошка како оваа од Могила до сега во Македонија немало. Вчера свечено ги депортиравме посмртните останки во Англија. Со авион на КФОР. Кокошката од насловната страница ја испративме со воена придружба. Зошто ли немаше директен пренос, црвен тепих и дувачки оркестар со траурна обработка “Пилето ми пее рано насабајле”?
    Толку се измачивме со сиротата кокошка. Подостоинствено ќе беше да ја испечевме и да ја изедевме. За душа на убиените колешки од Могила.
    И министерот за здравство Владо Димов и директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски две недели нî убедуваа дека не треба да се создава паника и дека државните органи се подготвени во случај на појава на сомнеж за птичји грип.
    Навистина беа подготвени. Само што не знаеја дека нема директен лет за Лондон. А и да имаше директен авион, немаа обезбедено контејнерчиња за мострите. Па после открија дека не знаеле ни што мостри требало да пратат, па кокошката чекаше и брис од грло. Па ни кажуваа дека мострите ќе ги испратат, ако не можат утре, тогаш задутре. Толку се подготвувале што заборавиле на ветеринарите за придружба да им извадат британски визи. Изгледа се плашеле од конзуларниот службеник. Ако на играорците им бараше да играат оро, на ветеринарите можеби ќе им побараше да полагаат испит од анатомија на пердувести животни.
    Само на кокошката не í треба виза за Велика Британија. Таа е максимално кооперативна оти оди во референтна лабораторија на ЕУ.

    2 Ако веќе за мострите на сомнителната кокошка требало специјален превоз, зошто Ветеринарната управа не го побара новото владино авионче?
    Затоа што во него не се возат кокошки. Го чуваат за петли и мисирки.

    3 Сега имаме проблем и со влегувањето во НАТО. Оти во НАТО ќе одевме со јато. Ама јатото заврши во јама, со крцнати глави.
    Што убаво ни се погоди името на селото. Има симболика. Сега ќе имаме могила на паднатите кокошки во борбата за евроатлантски интеграции.

    4. На 9 ноември се чека мислењето од Европската комисија за европрашалникот. Дури потоа би можело да стигне евентуална покана за кандидат за членство во ЕУ. Но и тоа не значи дека ќе има конкретен датум за преговори.
    Идната година Австрија е претседавач со ЕУ првите шест месеци. Велат дека бидејќи таа си го истрошила кредитот за Турција и Хрватска, нема да презема ништо околу Македонија. Можеби имаме шанси во втората половина на 2006, кога претседавач е Финска. Ама бидејќи тогаш ни се изборите, тешко дека ќе бидеме фини и за Финска.
    Велат и дека за влез во ЕУ ни треба земја што ќе лобира за нас. Така што не треба да губиме надеж. Почетокот на преговорите ќе биде кога со ЕУ ќе претседава Турција.

    5 Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски од Нирнберг порача дека сака да прави партија. Но му требаат луѓе кои по сфаќањата биле слични на него. Плус рече дека тие не требало да бидат до сега инволвирани во политичкиот живот и дека “во неа ќе нема место за актуелни политички фигури и за партиски дисиденти”.
    Каде ли ќе најде Трифун луѓе што не биле во политиката и не биле партиски дисиденти? Ќе мора членството да го регрутира по детски градинки.
    Оти тие што му се залепија во кампањата, немаат сменето една партија. имаат сменето пет. Ако прави партија со тие со кои сега е опкружен, поарно му е самиот да си биде дисидент.

    6 Бучко доби гаранција од косовскиот премиер Косуми дека Македонија ќе остане цела. Гаранцијата беше дадена во ресторанот “Ореов лад” во Сарај.
    Прво Србија преговараше со НАТО да се повлече од Косово во кафеаната “Европа” во Блаце. Потоа дојде македонската војна, па преговорите се водеа во ресторанот “Св. Пантелејмон” во Нерези. Од тие преговори излезе Рамковната спогодба.
    Значи, продолжува традицијата на кафеански гаранции во регионот.
    По Охридскиот договор, сега Бучко фати сенка во ореов лад.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира