МСС МЅЅ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:266:"Македонија20годинистрадаодболестасократенкаМСС.СтранцитејавикаатМакедонскистрессиндром,аниесијавикамеМеѓународенстрессиндром

    1 Пред две недели претставниците на меѓународната заедница во Македонија преку ноќ, ненадејно напишаа едно писмо. Во заедничка изјава, дистрибуирана попладнето на 27 април, САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО на македонската јавност и кажаа дека “се загрижени од неодамнешни изјави на политички лидери и други поединци што укажуваат на поделба, конфликт и напуштање на Рамковниот договор”. Плус, рекоа: “Цврсто се спротивставуваме на каков било вид насилство и на закани со насилство, бидејќи ова само ќе му наштети на политичкиот и на економскиот прогрес”.
    Што ти е силината на едно писмо. Особено кога доаѓа од меѓународната заедница. Оти нам тие писма ни се како “оче наш”. Штом тие пратат писмо, ние мора да ги исполниме нивните очекувања.
    Да бевме некоја нормална држава, ние ќе побаравме докази за нивните тврдења. Ама, бидејќи не сме, побрзавме самите да ги потврдиме. И експресно почнавме да откриваме бункери со оружје кај Блаце, да тепаме екстремисти со оружје во Радуша, да апсиме јатаци во тетовско Ново Село и од локалните жители да штитиме германски туристи што решиле да кампуваат во Ваксинце и Липково оти таму бил убав пејзажот.
    Командантот на југоисточното крило на НАТО, американскиот адмирал Марк Фицџералд изјави дека во НАТО се загрижени од големото количество оружје откриено во Македонија на границата со Косово.
    Да сум НАТО и да го контролирам Косово и нивната полиција и јас би бил загрижен.
    Ама американската амбасада ја поздрави акцијата за ликвидирање на екстремистите.
    Така што ситуацијата е под контрола. Под чија контрола, си знаат тие што треба.

    2 И во 2001 година генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон терористите што се појавија во Тетовско и во Кумановско ги нарекуваше разбојници и бандити.
    И тогаш, како и сега локалното население тврдеше дека ниту чуле, ниту виделе што се случува. И тогаш, како и сега албанските интелектуалци ја осудуваа акцијата на полицијата, а не на екстремистите.
    И тогаш меѓународниот фактор бараше државата да се справи со екстремистите. Арно ама, додека државата глумеше дека има контрола, екстремистите се унапредија во борци за човекови права. Па после меѓународната заедница бараше пропорционална употреба на сила. И на крај ги спасуваше со автобуси од Арачиново.
    За да може да ги донесе во Охрид. И да ги слика на Водно за да потпишат уставни измени.
    Ако баш сме запнале да викаме дека ова личи на 2001 година, има една лекција што треба да ја научиме од тоа време. Место да глуми лудило, државата треба со време да ги истепа криминалците додека пак не станале борци за човекови права.
    Оти ако чекаме меѓународната заедница да ни ги истепа криминалците дај веднаш да ги подготвиме пенкалата. И да потпишеме што треба. Барем да не гинат полицајци залудно.

    3 Еден странски дипломат деновиве ми рече дека и него го фатила македонската болест што н измачува 20 години. Кратенката на болеста е МСС.
    Кога ми кажа од што боледува сфатив дека странците истата болест различно ја викаат. МСС кај нив значи: Македонски стрес синдром. Ние пак МСС го читаме како Меѓународен стрес синдром.
    Ете што ти се културни разлики.

    4 Цел свет на 9 Мај го славеше Денот на победата против фашизмот. Во Москва на парадата се собраа сите армии што го поразија фашизмот пред 65 години.
    Во Македонија никој не кажа ни збор, а не пак да го одбележи денот. Како да не сме биле и ние дел од силите што се бореа и го поразија фашизмот. И како да немаме с уште живи борци од тоа време.
    Младиве конзервативци што се на власт и се прават големи жртви на комунизмот мешаат поими. За нив комунизам и фашизам е едно исто.
    Дај тогаш да му се извиниме и на Хитлер. Оти и тој бил жртва на комунизмот.
    .
    5 Американската глобална ТВмрежа Си Ен Ен во добрите вести од Македонија ја раскажа и славната приказна за Охрид со неговите 365 цркви.
    Зборуваа за 365те цркви како туристичка атракција. А при тоа не го знаат табиетот на охриѓани. Зошто таму се изградиле толку цркви? Затоа што си викале: “Што, комшијата оди во таа црква? Сега јас ќе си направам друга”.
    Наивни странци. Не навлегле во суштината на македонскиот дух. На времето важеше правилото: Двајца Македонци, три кодоши. Сега, преточено во речникот на демократскиот плуразлизам тоа значи: Двајца Македонци три партии.

    6 Вчера беше објавено дека на Плоштадот Македонија во Скопје ќе се гради хотел од светскиот синџир “Мериот”. Внатре ќе бил современ и луксузен, а надвор ќе одговарал на историскиот изглед.
    Историски изглед на што? Бил ли проектот на ревизија кај премиерот Груевски? Оти, ако има историски изглед треба да личи на старата НаМа. А ако е според “Скопје 2014”, тоа ќе биде феномен. Оти ќе има историски изглед на иднината.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира