НА­И­ВО ЌО­РАВ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:424:"Заслич­ниде­лазакоееосу­денКе­жо,од­го­ва­ра­леине­кол­куно­ви­на­риштоиз­вес­ту­ва­лезаслу­чаиодСу­дотзаво­е­низлос­тор­ствавоХаг.Итиедо­би­јаказ­ни.Аманесесе­ќа­вамде­кане­којзаг­ла­вилвозат­вор

    1 Са­мо не­кол­ку де­на по об­ја­ву­ва­ње­то на из­веш­та­јот на Ев­роп­ска­та ко­ми­си­ја, со кој Ма­ке­до­ни­ја пет­ти пат до­би пре­по­ра­ка за по­че­ток на пре­го­во­ри­те со ЕУ за­тоа што ги ис­пол­ну­ва си­те ус­ло­ви за Унијата, во Скоп­је бе­ше осу­ден на че­ти­ри ­и пол го­ди­ни зат­вор но­ви­на­рот То­мис­лав Ке­жа­ров­ски.
    Би­деј­ќи во из­веш­та­јот на ЕК се спо­ме­ну­ва не­как­ва си “ме­ди­ум­ска кул­ту­ра”, со ко­ја љу­без­но се от­сли­ку­ва сос­тој­ба­та на по­ле­то на сло­бо­да­та на из­ра­зу­ва­ње на мис­ла­та, ќе се оби­дам сло­бод­но да ги на­пи­шам мо­и­те раз­мис­лу­ва­ња на оваа те­ма и кул­тур­но да спо­де­лам со вас не­кол­ку фак­ти.
    Факт број 1. Не­ма да ја ко­мен­ти­рам пре­су­да­та про­тив Ке­жо, до­де­ка таа не ги по­ми­не по­ви­со­ки­те суд­ски ин­стан­ци и не ста­не пра­во­сил­на. Но факт е де­ка во Ма­ке­до­ни­ја но­ви­нар е осу­ден со каз­на зат­вор. Не за­тоа што кра­дел, не за­тоа што бил раз­бој­ник, не за­тоа што убил не­ко­го, не за­тоа што ди­лал дро­га, не за­тоа што во со­об­ра­ќај­ка по­ не­го­ва ви­на не­кој за­ги­нал, ту­ку за­тоа што не­кој неш­то му ка­жал и за­тоа што тоа го об­ја­вил во вес­ник. Пред пет го­ди­ни.
    Факт број 2. Не­кол­ку не­де­ли пред пре­су­да­та за Ке­жо, пор­тпа­ро­лот на Кри­вич­ни­от суд во Скоп­је, по по­вод еден друг суд­ски слу­чај кој бе­ше зат­во­рен за јав­нос­та, на прес-кон­фе­рен­ци­ја ги пре­дуп­ре­ди но­ви­на­ри­те да вни­ма­ва­ат ка­ко ќе из­вес­ту­ва­ат за овој слу­чај. Ве­ру­вам де­ка пре­дуп­ре­ду­ва­ње­то би­ло доб­ро­на­мер­но.
    Ко­га ќе ги по­вр­зам фактот број 1 и фактот број 2, пр­во што ми до­а­ѓа на мис­ла е што ли во ми­на­то­то сум об­ја­вил, што сум от­крил, как­ви до­ку­мен­ти сум ви­дел, кој ми ги дал, да­ли не­кој ме на­мес­тил, да­ли се­га са­ка да ме на­мес­ти… За слич­ни де­ла за кое е осу­ден Ке­жо, од­го­ва­ра­ле и не­кол­ку но­ви­на­ри што из­вес­ту­ва­ле за слу­чаи од Су­дот за во­е­ни злос­тор­ства во Хаг. И тие до­би­ја каз­ни. Ама не се се­ќа­вам де­ка не­кој заг­ла­вил во зат­вор.
    Ис­тра­жу­вач­ко но­ви­нар­ство!? Тоа кај нас пос­тои са­мо уш­те во учеб­ни­ци­те за но­ви­нар­ство пре­ве­де­ни од не­ко­ја зем­ја со по­ви­со­ка “ме­ди­ум­ска кул­ту­ра”. Кај нас во мо­мен­тов по­ве­ќе е пот­ре­бен “При­рач­ник за са­мо­цен­зу­ра”. Ка­мо да ме фа­ти ина­ет и да не ме мр­зи, и јас би мо­жел, врз ос­но­ва на мо­е­то скром­но ис­ку­ство, да на­пи­шам еден та­ков ко­ри­сен во­дич за пом­ла­ди­те ко­ле­ги.
    Но­ви­нар­ство ка­ко ко­рек­тив на влас­та!?
    Еве ви факт број 3. Вла­да­та е нај­го­лем кли­ент на мар­ке­тин­шки­от па­зар во Ма­ке­до­ни­ја. Таа е нај­го­ле­ми­от и нај­бо­га­т ог­ла­су­вач во ме­ди­у­ми­те. Би­деј­ќи ме­ди­у­ми­те за­ви­сат од рек­ла­ми, зна­чи де­ка за­ви­сат од па­ри­те кои не­кој та­му во Вла­да­та ќе од­лу­чи, пре­ку рек­ла­ми­ра­ње, да им ги да­де или да не им ги да­де.
    И факт број 4. Ме­ди­у­ми­те во пос­лед­на­та пре­диз­бор­на кам­па­ња за про­лет­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри беа нај­го­ле­ми до­на­то­ри на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. За­ве­ре­но со из­веш­тај, дос­та­вен до Ан­ти­ко­руп­цис­ка­та ко­ми­си­ја.
    Чис­та смет­ка. Јас те­бе, ти ме­не, и кру­гот е зат­во­рен.
    2 Ве­ру­вам де­ка ра­ко­водс­тво­то на Му­зе­јот на ре­во­лу­ци­о­нер­на­та бор­ба се ис­пла­ши­ло од про­тес­ти­те за под­дрш­ка на Ке­жа­ров­ски и за­тоа вик­на­ло по­ли­ци­ја. Знам и де­ка судс­тво­то е не­за­вис­но. Знам и де­ка си­те др­жав­ни ин­спек­ци­ски ор­га­ни ра­бо­тат не­за­вис­но и пос­та­пу­ва­ат не­се­лек­тив­но кон си­те фир­ми. Знам и де­ка Ан­ти­ко­руп­цис­ка­та ко­ми­си­ја си ја вр­ши ра­бо­та­та про­фе­си­о­нал­но. Знам и де­ка Ко­ми­си­ја­та за лус­тра­ци­ја од­лу­чу­ва са­мо врз ос­но­ва на фак­ти оти та­ка и е и име­то – Ко­ми­си­ја за ве­ри­фи­ци­ра­ње на фак­ти. Ду­ри ве­ру­вам и де­ка и Со­ве­тот за ра­ди­о­ди­фу­зи­ја е струч­но те­ло кое, без ог­лед на пар­тис­ка­та при­пад­ност на чле­но­ви­те, од­лу­чу­ва не­за­вис­но и неп­рис­трас­но ја ме­ри за­га­де­нос­та на ете­рот.
    Јас знам и ве­ру­вам во струч­нос­та и не­за­вис­нос­та на др­жав­ни­те ор­га­ни и ин­сти­ту­ции. Ама из­гле­да пре­ми­е­рот не е си­гу­рен де­ка е та­ка. За­тоа, ве­ро­јат­но, има­ше пот­ре­ба 3000 ад­ми­нис­тра­тив­ци, ди­рек­то­ри, на­чал­ни­ци, др­жав­ни сек­ре­та­ри и ше­фо­ви на сек­то­ри на јав­ни ин­сти­ту­ции да ги ох­раб­ри, ка­жу­вај­ќи им да не се пла­шат и да не по­пуш­та­ат, ду­ри и ако им се за­ка­ну­ва­ат од не­го­во име. “Ако не­кој ви ка­же или ве уце­ни со збо­ро­ви­те се­га ќе му се ја­вам на пре­ми­е­рот, па ќе ви­диш, или на тој и тој ми­нис­тер или ди­рек­тор, пос­та­пе­те ис­то ка­ко да не ви го ре­кол тоа”, ре­че Гру­ев­ски на про­мо­ци­ја­та на про­ек­тот “Ети­ка во ме­наџ­мен­тот на јав­на­та ад­ми­нис­тра­ци­ја”.
    Се пра­шал ли Гру­ев­ски зош­то не­кој и би по­мис­лил де­ка мо­же да се за­ка­ну­ва од име­то на пре­ми­е­рот, во зем­ја во ко­ја др­жа­ва­та е од­во­е­на од пар­ти­ја­та, судс­тво­то е не­за­вис­но, а ме­ди­у­ми­те се сло­бод­ни.
    Пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски е оби­чен чо­век. Гра­ѓа­нин ка­ко еден од нас. Ве­ру­вам и де­ка тоа што го мис­ли и го ра­бо­ти, го пра­ви за доб­ро­то на си­те гра­ѓа­ни. На­пор­но ра­бо­ти и с што ќе ве­ти, нас­то­ју­ва да се ос­тва­ри. Впро­чем, за­тоа и мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни му да­ва­ат под­дрш­ка и за­тоа тој по­бе­ду­ва на си­те мож­ни из­бо­ри во пос­лед­ни­те се­дум го­ди­ни.
    Ох­раб­рен од збо­ро­ви­те на пре­ми­е­рот де­ка не тре­ба да се пла­ши­ме ду­ри и ко­га ни се за­ка­ну­ва­ат од не­го­во име, по се­дум го­ди­ни ос­тва­ру­ва­ње и по пет го­ди­ни по­зи­тив­ни оцен­ки од ЕУ, еве се ос­ме­лу­вам ме­ди­ум­ски нај­кул­тур­но да пра­шам: За­рем Ни­ко­ла Гру­ев­ски гра­ѓа­ни­нот би бил сре­ќен да жи­вее во др­жа­ва во ко­ја не­кој би му се за­ка­ну­вал од името на Ни­ко­ла Гру­ев­ски пре­ми­е­рот?
    3 Не­кој по­мал­ку, не­кој по­ве­ќе, ама си­те ви­доа што се слу­чи­ло на праз­ни­кот 23 Ок­том­ври и ка­ко за­вр­ши мир­ни­от про­тест на под­др­жу­ва­чи­те на но­ви­на­рот То­мис­лав Ке­жа­ров­ски.
    Ам­ба­са­дор­ки­те на Гер­ма­ни­ја и на Кралс­тво­то Хо­лан­ди­ја не беа та­му, ама из­ра­зи­ја заг­ри­же­ност за неп­ро­пор­ци­о­нал­на­та упот­ре­ба на си­ла за спре­чу­ва­ње ми­рен про­тест.
    Нив­ни­от ко­ле­га ам­ба­са­до­рот на ЕУ Аи­во Орав тој ден бил ви­ден од дру­га­та стра­на на Вар­дар, со пог­лед свр­тен кон Му­зе­јот кој бе­ше на­пад­нат. Досе­га не зна­е­ме да­ли ви­дел неш­то.
    Еден при­ја­тел, ко­мен­ти­рај­ќи го до­се­гаш­но­то од­не­су­ва­ње­то на прет­став­ни­кот на ЕУ во Ма­ке­до­ни­ја, на ше­га, на­мес­то Аи­во, го на­ре­че На­и­во. Од сре­да­та на­ва­му Аи­во Орав ста­на На­и­во Ќо­рав.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира