НА ЗДРАВЈЕ!

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:100:"Македонскатанационалнаавиокомпанијаќесевика"СХС"

    1. Ако не функционира нешто во Министерството за земјоделие, тоа секако е причина да се биде загрижен. Ако не функционира како што треба Министерството за урбанизам, и тоа треба да биде нечија главоболка. Да не зборуваме за министерствата за транспорт, за образование, здравство.. . Ама, велат, ако не функционираат Министерствата за одбрана, внатрешни и надворешни работи, тоа ти е исто како да не функционира државата.  А кај нас очигледно не функционираат како што треба токму тие три министерства.
    Затоа и не треба опозицијата  да му забележува на претседателот Глигоров што во своето годишно обраќање до Собранието ја насликал ситуацијата во државата со светли бои. Бидејќи кога ќе кажеш “држава”, прво што на ум ти паѓа тоа е војска, полиција и дипломатија, а тоа кај нас го нема, тој очигледно не зборуваше за оваа држава.

    2. Изгледа дека тоа го знаат надвор и којзнае зошто, не им се допаѓа заради нивната безбедност, па покажуваат извесна загриженост и за нас. Ете, Американците уште еднаш најдоа разбирање за нашите внатрешни проблеми. Секретарот  на Стејт департментот Медлин Олбрајт, му влезе во положение на нејзиниот колега Ханџиски, кој наместо во Брисел, мораше да остане во Скопје за да пробуричка по фиокиоте да не му останал уште некој документ, па виде, не виде, кога веќе немаше кој,  таа мораше да ги застапува интересите на Македонија. И додека Ханџиски ги чистеше фиоките, Олбрајт ни порача: “Вие во Македонија, внимавајте што правите со Македонија!”
    Само, не сме ни ние толку наивни, па да не можеме да ги прочитаме Американците. Уште не знаат со кого си имаат работа. Тие ни сервираат “афера Микеи”, а ние им ја превртуваме во “афера Шаклев”.

    3. Сепак, не е сé толку црно. На животот треба да се гледа и од поведрата страна. Сега веќе се создадени и законски претпоставки да се чувствуваме повесело. Владата драстично ги намали давачките за алкохолните пијачки. Ќе можеме ефтино да се начукаме. Ако не можеме да бидеме пијани од среќа, барем ќе можеме да си дозволиме да бидеме пијани од алкохол. Нека ни е на на здравје!
    До сега Скопската пиварница во рекламниот ТВ спот нé убедуваше дека со секое испиено шише пиво, ние ги помагаме развојот на спортот и културата. Владата ги намали давачките за да го намалела шверцот на странскиот алкохол. Така, отсега ќе имаме уште еден мотив да пиеме, а во исто време да чувствуваме дека правиме нешто за општо добро. Пијани ќе бидеме несвесни дека не само што го унапредуваме спортот и културата преку спонзорствата на скопската пиварница, туку и дека сме се вклучиле во организираната битка против шверцот и сивата економија.
    Во ваква организирана битка влеговме и кога Владата ги намали давачките на цигарите, за да им биде конкурентна на шверцерите. Небаре шишињата и кутиите со цигари некој ги шверцува во џебови покрај строгите цариници и полицајци. Навистина тешко е да се ѕирне во сечиј џеб. Можеби еднакво тешко како што е забележувањето на некој шлепер покрај подигната  рампа.

    4. Мора да се признае дека се работи за една прагматична политика која се прилагодува кон потребите на шверцерите и измамниците. И што е за пофалба – се остварува во континуитет. Исто како што не можејќи да се бори против шверцот и сивата економија со цигарите и алкохолот, владата реши да да игра по нивните правила, така и не можејќи да се бори против вработувањето на црно, реши тоа да го легализира.
    Еве, на пример, со новиот закон за вработување, се наградуваат тие што не ѝ плаќале на државата придонеси за вработените. Тие што не вработувале на црно, туку биле глупави па ѝ плаќале  на државата, сега ќе бидат казнети бидејќи производот на пазар ќе им биде поскап и неконкурентен на измамниците. Исто како што пред извесно време на тие што не ги плаќале придонесите им беше даден попуст за да си ги платат. А што се случи со тие што плаќале редовно. Ги казнија со тоа што за нив останеле помалку пари.

    5. Министерот за сообраќај Абдулменаф Беџети им дал рок од шест месеци на двете домашни компании да почнат да соработуваат меѓу себе, ако сакаат да бидат земени предвид за идната национална компанија. Министерот ќе има големи проблеми. Не со “Авиоимпекс” и “МАТ”, туку со “Адрија”, “ЈАТ” и “Кроација ерлајнс”, за чиишто европски линии работат нашите компании. Така што за вистинска македонска компанија Беџети ќе мора да се бори со Србите, Хрватите и Словенците.
    Пред извесно време беше лансирана идејата за некоја здружена балканска компанија , по угледот на скандинавската “САС”. Бидејќи авионите на македонските компании главно патниците за Европа ги префрлуваат само до Белград, Загреб и Љубљана, може да се смисли име за идната национална компанија што ќе асоцира на името на шведско-данско-норвешката “САС”. Нашата компанија ќе се вика – “СХС”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира