НАРОДНА ХУНТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:104:"ДапатувашеИлинкасовоз,ќеимавменовабалканскавојна

    1 Во државава до сега немало таков консензус меѓу пратениците како од пред два дена кога Уставниот суд им ги укина привлегиите. Очајни се. Ај што останаа без дневници покрај платата, сега ќе мораат и да се пензионираат како сите нормални луѓе. Толку се налутија што Слободан Чашуле ги повика колегите на општ штрајк.
    Ајде да го видиме и тоа чудо. Да излезат пратениците на улица и да блокираат сообраќај. Ќе носат транспаренти: “Ингилизова, ние те избравме”. “Ингилизова – предавник!”, “Чепкај ми ја државата, ама не ми чепкај во џебот”, “Зошто законите да важат и за нас” …
    Ние ќе си влеземе во Парламентот и ќе ги гледаме од прозорците. Ќе си тераме сеир. Вени ќе сечеме од жал за нив. Ќе избереме некој што ќе ги сослуша барањата на незадоволните пратеници. Нашиот претставник треба да им вети дека ке сториме се што е во наша надлежност за за да им ги задоволиме барањата. Само што ќе мора да се стрпат оти ова се реформи за подобра иднина на идните генерации.
    Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски рече дека одлуката на Уставниот суд била во насока на “градење општество на еднакви стомаци”. Туф, туф, гладни ќе останат. Премалени и ослабени ќе шетаат по улици. Уште да ги натераат и патарина да плаќаат, ќе се самоубијат од таков крпен живот. Тие не се за еднакви стомаци. Научени се да си го гледаат само својот полн стомак. Да не направија нешто за последниве четири години за и некој друг освен нив да има полн стомак.
    Се заканија и дека нема да ја гласаат Државната изборна комисија. А бе овие не се однесуваат како народни избраници. Ние пред четири години сме избрале народна хунта.
    Само нека продолжат така, па па после нека ни пуштаат СМС пораки на денот на изборите за да излеземе масовно на гласање.

    2. Ова што на Илинка и се случи да и доцни авионот за Франкфурт, па таа да не стигне на време на ручек во Брисел има длабока политичка заднина поврзана со изборите. Се сеќавате дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски беше кај Ангела Меркел во Германија и и подари вино?Аха… А таа му вети поддршка? Аха… А авионот е на германска компанија. Аха… Ништо не е случајно.
    На одење за Брисел преку Франкфурт настрада германскиот амбасадор. Не дознавме како се вратила министерката. Изгледа не и доцнел авионот од Брисел за Франкфурт. Инаку, таму ќе настрадаше и Ангела Меркел.
    Замислете си ја таа дрскост пилотите на германската компанија да не и се јавуваат на министерката да и кажат дека мора да ги отспијат пропишаните со закон саати пред да ја возат неа и уште сто други патници. “Ало, шефице, зборува вашиот капетан. Може ли да дремнеме малку, или Солана ве чека да ја внесете Македонија во ЕУ?”
    Среќа што Илинка никој сериозно не ја сфаќа. Да ја сфаќаа, до сега на толку зборење за олеснување на визниот режим, можеби и ќе имаше некаков резултат. Како да сфатиш сериозно некој што рано наутро му се јавува на германскиот амбасадор да му се пожали дека доцни авион на приватна авиокомпанија, па макар и германска. И што очекувала таа, како искусна дипломатка од амбасадорот? Да и каже дека и покрај сите напори не успеал да ги разбуди пилотите оти тие не кршат прописи без разлика што лета министер. Оти, во крајна линија, агендата на министерот не е поважна од безбедноста на другите 100 патници во авионот.
    Добро е и тоа што Илинка не патува со воз. Возовите на Балканот доцнат непредвидливо долго. Да се возеше со воз и плус да ја сфаќаа сериозно, до сега ќе предизвикаше нова балканска војна.

    3 Бучко во Стразбур пред пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа се пофали: “Донесовме ново работно законодавство, го воведовме едношалтерскиот систем, ја стартувавме реформата на катастарот, сменивме многу други закони. Сите овие реформи се непопуларни за наредните избори, но се важни за наредните генерации”.
    Зошто едношалтерскиот систем и реформата на катастарот се непопуларни пред избори?
    Не знам зошто би биле непопуларни ако се применуваат. Проблемот е што реформите не се гледаат. Тоа и во Брисел го приметиле. Затоа и Солана така непопуларно и се обратил на Илинка. “Реформите се поважни од изборите”.

    4 Зошто Рада одамна нема дадено изјава во јавноста за евроинтеграциите? Се повлече откако беше објавено дека до 2020 година нема шанси Македонија да стане членка на ЕУ.
    Рада си се пресмета. Ги пушта другите да даваат изјави за ЕУ. Млада е. Ќе ги фаќа на кондиција. Таа ќе дава изјави 2019.

    5 Премиерот вчера прв пат изјави нешто што ја одразува реалноста. Рече: “Македонската граница е херметички затворена”.
    Точно е. Никој не може да излезе надвор.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира