НЕОФИЦИЈАЛНО ПРОКЛЕТСТВО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:323:"ВоВМРО-ДПМНЕуштенемалопресконференцијазадапрашаатдалиБучковскииманарачанорезервниделовизаавиончето,отиекупеновонегововреме,когабешепродаденоиЕСМнаЕВН

    1 Вистинска драма се случуваше вчера со еден текст на државната агенција МИА со наслов “Како и зошто се случи вчерашната македонска драма во Брисел!?”.
    Државната агенција еден ден по настанот, кој дента сите весници го објавија на насловните страници, сосе изјави на пилотите и службата на Владата, ја емитува веста со драматично откритие “само божјата волја и присебноста на екипажот на владиниот ‘лирџет’ ја спасија Македонија од нова трагедија со несогледиви размери и уште едно потврдување на тезата за проклетството при авионските превози на видни македонски личности”.
    Уф! Се наежив. Но не од потврдената теза за проклетството туку од фактот колку се спуштени професионалните стандарди во државната агенција за која сите плаќаме, ем да постои ем да ни дава информативен сервис”.
    Што да каже човек за извештај во кој стои и оваа реченица: “Дознаваме дека од сите присутни патници во авионот, покрај крајно непријатното чувство, била искажана присебност и не бил демонстриран никаков знак на панично однесување”. Дали да се чудам на стилот или да се чудам на фактот што и еден ден по настанот нема ниту една официјална изјава. Башка што се ем државни ем се јавуваат од местото на настанот. Биле и во Париз и во Брисел, а вратите за официјална информација и во Скопје им се секаде отворени. И како капак на с, во поетскиот извештај, градот Париз се пишува како Парис.

    2 И сега, што да се прави за да се разбие тезата на МИА “за проклетството при авионските превози на видни македонски личности”. Ништо. Или нека го продадат и да си купат коњица, па да се возат во кочии како во времето кога се граделе цркви на плоштадите, или нека се возат со брз воз. Ама немаме пруги.
    Се кладам дека наскоро ќе има тендер за нов авион. ВМРО-ДПМНЕ уште не се сетила дека овој авион беше купен во времето кога премиер беше Владо Бучковски. Во исто време кога беше продадено и ЕСМ на ЕВН. Или, се сетиле, ама МИА уште неофицијално не дознала.
    Што се однесува до поправката на “лирџетот”, нека го прашаат Бучковски. И за авиончето да не нарачал вишок резервни делови?

    3 Во Македонија ама баш с мора да се расипе. Ние не можеме сами на себе да си се израдуваме и да си дадеме шанса да се почувствуваме државнички и свечено. Дури ни на инаугурација на нов Претседател.
    На партиите во албанскиот блок поважно им беше што косовскиот претседател не е повикан на ианугурацијата и дигнаа џева, па дури беа спремни да го бојкотираат Претседателот на Македонија.
    Тоа што Тачи бојкотираше, не ме чуди. Опозиција е, маргиналец е, па ќе прави с за да привлече внимание. Ама што му требаше на Имер Селмани прв да ја отвори темата? За кого гласале 50 илјади Македонци на последните избори за Претседател? За некој што ги излажал само затоа што прозборел на македонски јазик, или за некој за кого мислеле дека ги почитува институциите на државата?
    Селмани навистина ги почитувал институциите. Ама косовските. Па тие што гласале за него не знаат дали е Албанец од Македонија или Албанец во Македонија.
    Следниот пат ако сака и Шекспир нека го рецитира на македонски јазик, тешко дека ќе добие толку гласови. Не само македонски туку и албански, оти и меѓу нив има такви на кои почитувањето на македонските институции им е поважно од косовските.

    4 Поминав неколку дена во Црна Гора. Не сум бил таму можеби дваесет години. Не зборувам за морето оти, нели, море си е море. Ме фрустрираше Подгорица. Оној град кој за Скопје отсекогаш бил паланка. Стариот Титоград кој го паметиме од времето кога патувавме на “наше море” веќе го нема оти улиците се чисти, тротоарите се строго наменети за пешаците, нема расфрлано ѓубре околу контејнерите, а од излозите блескаат светските брендови.
    Скопје, во споредба со Подгорица, според големината и бројот на жители е велеград. И затоа си дојдов очаен. Оти кај нас сите видни архитекти, интелектуалци, аналитичари од сите области и новинари се занимаваат колку споменици ќе се постават, зошто имало скулптури во центарот, дебатираат колку се убави, а колку се грди, се замајуваме со црква на Плоштадот и најголем предизвик ни е како ли ќе го транспортираме она чудо од Александар, а не гледаме дека во центарот на градот цапаме во кал до колена, кога врне не можеме да си извозиме до дома оти и главните улици се поплавени, пеш не можеме да одиме оти на улица е опасно, а на тротоарите има паркирани коли, кафеанџиите ги украдоа пешачките зони, а ѓубре се фрла буквално насекаде.
    Нашиот квалитет на живот е очаен не затоа што имаме споменици и скулптури, па дури и црква на Плоштадот, туку затоа што имаме градоначалници кои само бараат оправдание, а не начин како да го направат Скопје нормален град за живеење.
    Нека ставаат скулптури, ама нека видат дека и Водно ќе се урне, како што Дебар маало и Кисела Вода се задушија. И милион споменици да постават, не ги сметам за градоначалници, ако не направат од Скопје пак да биде град. А не да ми зборат за Европа и за знамиња и за имиња, а калта од чевлите не можеме да си ја исчистиме.

    5 А за да го направат град, градоначалниците треба да почнат да се занимаваат со својата работа, а не со работата на своите претходници. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски секој ден држи прес и зборува против претходниот градоначалник Сашо Димиќ. Па тој да им чинеше на карпошовци, ќе го избереа пак.
    Да не остане покусо и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски се пожали дека претходникот Трифун Костовски не му оставил шест туку четири милиони евра. Каква врска има тоа со неговиот мандат? Па ни кажува и дека ќе стигнеле нови фактури за наплата. Па и тој, веројатно, ќе има нешто за да наплати.
    Впрочем, што ми е гајле мене за тоа. Не го гласавме за да ми бара сожалување туку да го води градот. Можеби Трифун требаше да му ја остави касата празна или со долгови, па Коце да има уште подобро оправдување.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира