НОРВЕШКА ИЛИ МОЛДАВИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:95:"ФрчкоскијаоткритајнатазоштоГлигоровостанажив

    1 Завчера гледав селски театар од 19 век. Претставата се викаше Свечена академија за Денот на револуционерната борба. Шетаа со вештачки мустаци и бради и нî убедуваа дека не ги знаеме Гоце, Јане и Даме.
    Не знам од каде им е идејата дека кој било во оваа земја не знае кои се македонските револуционери и дека кога било во историјата на земјата некој ги забранил и не им била оддадена должна почит. Од што сакаат да се покажат големи патриоти, покажуваат дека не оделе на училиште. Па, да му се сневиди, во химната ги има.
    Прво се делевме на Македонци и Албанци и христијани и муслимани. Потоа Владата воведе едночудо нови празници и нî подели на ВМРО-вци и комунисти, религиозни и атеисти, патриоти и непатриоти. Први мај за комунисти, Велигден за религиозни. Нова година за атеисти, а Божик за религиозни. 11 Октомври за комунисти, 23 Октомври за ВМРО-вци. А на Илинден Претседателот и премиерот е забрането заедно да се појават на Мечкин Камен.
    Откако направи поделба по сите основи, Владата пласира нова кампања за спасување на духот. “Отвори го срцето”, демек биди толерантен.
    Господине Груевски, моето срце никогаш не било затворено. Плаќам данок за да можеш ти да ги плаќаш кампањите, не се карам со соседите, имам пријатели од сите вери и националности, се залагам лицата со посебни потреби да не бидат дискриминирани и ги почитуваат тие што мислат поинаку од мене…
    Зар ми треба кампања за да ме учи на толеранција? Исто како што ми требаше кампања да ме убеди дека “Јас сум Македонија”? Па сум. Од билборд ли треба тоа да го научам?
    Имам разбирање за кампањата “Отвори го срцето”, само ако Груевски мисли дека со тоа ќе нî направи толерантни кон неговата влада за поделбите што ни ги воведе.

    2 Најновата поделба ќе биде на државјани на Македонија и државјани ем на Македонија ем на некои други земји.
    Замислете што ќе се случи ако на наредните избори се дозволи да се избираат пратеници со двојно државјанство? Колкумина во Собранието ќе бидат Бугари, Срби, Косовци, Албанци, Швајцарци… Ним нека им се додадат и пратениците од дијаспората за да имаме Американци, Австралијци, Германци, Швеѓани и Канаѓани.
    Ние ќе клечиме пред амбасадите и ќе молиме за визни олеснувања, а ним баш ќе им биде гајле. Впрочем, тие велат дека Бугари станале само за да можат да патуваат без визи.
    И убаво е тоа што некој Џорџ, Пол или Стив мислат дека Македонија не треба да си го смени името. И јас така мислам. Ама не сакам некој \орѓи, Павле или Стефан, кога со својата политика ќе ја утнат работата тука, да ме остават да се мачам, а тие да си ја дувнат во резервната татковина и како Џорџ, Пол или Стив да ми солат памет.

    3 Според она што го кажува професорот Љубомир Фрчкоски во врска со новиот сведок за атентатот врз претседателот Глигоров во 1995 година, излегува дека убиството било нарачано од самиот државен врв.
    Бидејќи Фрчкоски, кој тогаш беше министер за внатрешни работи, тоа не го знаел, за атентатот мора да знаеле или Претседателот или премиерот. Ако атентатот не го нарачал Бранко, кој тогаш беше премиер, тогаш сигурно си го нарачал самиот Киро. Ете ја тајната зошто тогаш остана жив.

    4 Во центарот на Скопје, пред споменикот на Крсте Мисирков од неодамна има сендвичарница што се вика “Лесковачка скара ‘Пела'”. Гордо му пркоси на симболот на почетоците на капитализмот и брзата храна во Македонија – плескавицата “кај чичко Стоилко” и му чади на Мисирков како симболика дека и 63. поколение нема да се откаже од својот идентитет.
    Има ли подобра реклама за толеранција, соживот и за мултикултурност на Македонија. Плескавицата може да е српска, ама мора да е од Пела. А за да биде ептен патриотски, во менито предлагам да се служи суџук ала Александар Македонски.

    5 Мене лично многу ми олесни што ЕУ нема да ни даде датум за членство. Оти сега барем е јасно дека ниту ние сме напишале домашно ниту ЕУ ќе ни даде датум ако не го смениме името.
    Сега Владата нека не губи време да ни докажува дека можеме и без ЕУ.
    Правото прашање е не дали можеме и без ЕУ туку каква земја што не е во ЕУ сакаме да бидеме. Како Норвешка и Швајцарија, или Молдавија и Белорусија?
    Па затоа Груевски нека не се занимава со тоа да ни кажува во колку проценти сме ги исполниле критериумите на Оли Рен. Нека му ги остави процентите на Амди Бајрам. А тој нека се фати за работа. Со себап, Норвешка не ни бега.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира