Нови ранети

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:153:"Референдумскопрашање:"Далистезауставнотоименадржавата,соправодасесмени?"

    1 Кога Бранко излезе драматично минатата сабота да и се обрати на нацијата, си помислив дека истекле двата месеци откако во ОН не примија со привременото име Поранешна југословенска република Македонија. Веднаш го свртив календарот и ми олесна. Уште не поминале двата месеци од април 1993.
    Цела недела се занимававме со предлог кој не важи уште од минатата сабота. Грција го одби и – крај на приказната. Дванаесет години велевме дека не го менуваме уставното име, а сега цела недела ги молиме Грците да си го смениме. А тие ко за инает, не попуштаат.
    Бранко имаше многу работа. Во ист ден се среќаваше со опозицијата и со претходните министри за надворешни работи, ни го честиташе празникот 11 Октомври и испрати телеграма со сочувство за настраданите во земјотресот во Пакистан. Напорно е да си претседател на држава.
    По напорната недела дојде понеделник. И државниот врв тргна во офанзива. Бучко отиде за Брисел, Илинка летна за Париз, па за Родос, а Бранко тркна до Загреб.
    Уште колку нови стратешки партнери добивме оваа недела? Ме интересира, оти што повеќе стратешки партнери имаме, се повеќе стратешки тонеме. По секоја офанзива, во Македонија остануваат се повеќе ранети.

    2 Во 1991 година Киро ни смисли идеално референдумско прашање: “Дали сте за самостојна и суверена држава со право да стапи во сојуз со други држави, или заедници на држави?”
    Во 2005 година, Бранко може да ни постави ново референдумско прашање: “Дали сте за уставното име на државата, со право да се смени?”

    3. Притвореник со меѓународна потерница исчезна од скопскиот основен суд додека чекал да му напишат екстрадициона пресуда. Човекот немал време да чека. Излегол во ходник и си заминал.
    Ај што си заминал, туку што цел суд сосе претседателот шест часа го барале низ судската зграда.
    Тие мислеле дека им се скрил. А тој бил навреден. Стражарското обезбедување и адвокатот му свртиле грб.
    Два дена подоцна во Идризово затвореник избодел друг затвореник за дрога. Ама, било темница, па не го нашле напаѓачот, а богами, не го нашле ни ножот.
    Наравоучение: Не врти грб на затвореник, особено не во темница.

    4 Од Европската унија и порачаа на министерката за правда Мери Младеновска дека се бараат вистински реформи во судството, а не само козметика.
    Мери пак, сериозно почна со козметиката. За почеток си ги искуба веѓите.

    5 Адвокатот на тужените Албанци од случајот Бриони не влезе во судот во тетово, оти имало многу полиција.
    На првото рочиште Албанците од Челопек го блокираа судот, потоа ќе ја превртеа колата на судијката, а завчера се заканија дека судијката ќе ја фрлат во Вардар.
    Адвокатот бараше полицијата да си оди. За да може судијката на раат да плива.
    Што прави адвокатот ако полицијата не си оди од судот? Оди директно во планина. Башка што има судијка да дели правда во Тетово? Кога тие си имаат племенска правда.

    6 Потпретседателот на Владата Муса Џафери изјави: “Никогаш нема да има крај на барањата на Албанците.”
    Супер. А да побараше еднаш Муса да владее ред и закон. Особено за Албанците на кои никој, па дури ни закон ништо не им може.

    7 Историчарот Веби Џемаили рече дека “Манастирот Свети Наум од памтивек бил во Албанија и Албанците ќе бараат да се врати во Република Албанија. Тоа не е територија на Македонија”.
    Свети Наум лечел умоболни.

    8 Министерот за одбрана Јован Манасиевски беше во Ирак. Кога се врати даде изјава. Од неа може да се оцени важноста на македонското учество во антитерористичката коалиција предводена од САД. Рече дека не му дале да праша за тројцата ликвидирани кумановци. И – не прашал.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира