Облечи соблечи

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:42:"Кусапамет,долгаљубов

    1. Што фино момче бил оној Али Ахмети. Униформата на ОНА ја стави во нафталин, да му се најде за подоцна, ама изгледа од мирисот добил амнезија. Не памети колку жртви однесоа неговите борци за човекови права. Заборави на киднапираните, малтретираните и на раселените. Не му е јасно колку домови се уништени, колку семејства се растурени. Не се сеќава колку време цело Куманово беше без вода. Нема чувство за траумите на тетовци. Не изброил колку културно-историски споменици се уништени…
    Ама, баш убаво му стои костумот.

    2. Ахмети знае дека ние не паметиме. Кога ќе треба да нè плаши, ќе облече униформа. Кога ќе треба да нè релаксира, ќе облече костум. Облечи соблечи.
    Сите забораваме, само Џафери памети. Тој знае дека ние им ги заборавивме шесте години на Бранко и на неговите. Гледа како им ги забораваме арамилаците на Љубчо и на дружината. Па така, по костумот, ќе ги заборавиме и злосторствата не неговите борци за човекови права.
    Ете, дури и генерал Остреми заборавил. Во војната бил генерал-мајор на ОНА, ама не знае кој ги издавал наредбите за убивање. Може баба му знае.
    Џафери, мајсторе!
    Прво беше тежок албански националист и жесток противник на Бранко. Со промените, и Џафери се промени. Стана соживотлија со Љубчо, релаксатор и миротворец без кој не се може. После сфати дека треба да се бори за човекови права – демек, тоа му било мајката. И сега, заедно со Бранко, пак ќе ја спасува Македонија.
    Со секоја нова фаза на нашето кусо паметење, Џафери става ново лице. Е, толку ли сме глупави? Куса памет, долга љубов.

    3. Се договорија ли овие нашиве јунаци кој ќе ја даде амнестијата за терористите? И да не се договорат, ќе мора да најдат некого. Ама, кој ќе ги амнестира нив? Кој ќе ја амнестира власта што ни направи војна и што нè ограби немилосрдно? И уште нè крадат, око не им трепнува. Мува не ги лази. Што би им бил убав животот уште ако на пауза меѓу две крадења, не мора да менуваат Устав или да расправаат за тој пусти референдум.
    Ним им било жал дека ќе го снемало народот.

    4. Робертсон е одушевен од ОНА. Демек, се надминала себеси. Наместо 3.300, дале 3.800 парчиња оружје. Изгледа тие половинките што ги сликавме, ги броеле по две. Во Дебар, пак, никој не им бараше оружје. И тие го дале. По ваква жетва, зимата може да ни трае колку сакаме.
    За успешното завршување на мисијата “Жетва”, Робертсон следниот пат ќе дојде со одликувања. За ОНА медали, за нас – лисици. Навистина, од килибар.
    Нашиве биле многу итри кога се пазареле со Робертсон. Како итрата лисица од басните, што постојано на крај ја земаат за наравоучение. Итра лисица падна во стапица.
    Владата бараше 350 војници. НАТО бараше 1.000. На крај се спогодија. Ни на мое ни на твое, ќе дојдат 700, плус 300.
    Владата бараше мисија од 3 месеци. НАТО не се согласуваше под 9 месеци. Ни на мое ни на твое, мисијата ќе трае шест месеци, плус три.
    Значи како го работиме НАТО – како бавча. Затоа после доаѓаат да жнеат.

    5. Учките му пишале писмо на Осама бин Ладен.
    Осама, ние сме со тебе. Не предавај се. Продолжи да се бориш за човекови права. Шипковица те чека. Дури и “ауди” и џип имаме. Дојди си кај нас, најбезбедно е. Овде сите ги амнестираат.

    6. Љубе Бошкоски беше на пат во Будимпешта, и Унгарците веднаш ни воведоа визи.
    Го молам министерот, следниот пат кога ќе оди во странство да не патува во оние малку земји што ни даваат да влеземе без визи. Ако веќе патува, нека оди во земји кои веќе ни вовеле визи. Да не патиме дополнително. Еве, на пример, што не оди во Хаг?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари