Од 9 до 2

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:73:"Лелемаче,штоубавотистоискафандерот

    1. Какви сме за гревота, уште антракс ни фалеше. Не знаеш што е полошо, Устав да менуваш, или антракс да дишеш. Солана и Робертсон да ти доаѓаат секоја недела, или сомнителни писма да отвораш.
    Американците мислат си имаат проблем. А на нашиве проблеми што да им правиме. Еве, дури и Робертсон ни се закани дека веќе нема да ни доаѓа. Не сакаат да се занимаваат со нас, ќе се занимавале со Америка. Можеш да замислиш колку народов ќе биде тажен. Цела Македонија ќе плаче. Ај да не ти дојде една недела, ќе преболиш. Ама да ни се скара за цел живот, тоа е веќе болно.
    Робертсон и Солана си имаат сериозна работа. Се борат против тероризмот. Ќе ни го остават само Ван дер Штул. Тој и онака само за Македонија е. На друго место не го ни носат со нив. Им е страв уште од аеродром да не им го земат и да го задомат во некој санаториум за немошни лица. Тие се хумани општества.
    Кај нè спотера сега, не знаеш дали Устав да менуваш, дали референдум да распишуваш, дали фабрики да докупуваш, па сега уште и за антракс да се подготвуваш. Колку ли само скафандери и заштитни маски треба да се набават. За ракавици, пак, ич да не зборуваме. Ехее што убав бизнис може да се истера. Ако можеше од војна пари да се направат, зошто не би можело од некоја бактерија? Колку јавни набавки тука лежат. Тендери, провизии, стратешки партнери, чуда… Ламбе и Војо ќе купуваат, Даравелски ќе царини, а Груевски ќе му плаче на Банерџи дека не предвидел пари во Буџетот за заштита од антракс.

    2. Како ли ќе изгледаат секретарките на 21 век? Тоа што ќе се потроши за скафандери, ќе се заштеди од фризурите и шминките. Што ќе ти е фризура, ако носиш скафандер на работа. А и лакот за нокти не се гледа од ракавиците. Башка, секретарките не мора да бидат згодни. Леле маче, што убаво ти стои скафандерот. Баш си секси. Како атомска мравка си! Што марка ти е? На попуст ли го зеде?
    Тие што работат во поимотни фирми, ќе имаат по неколку скафандери, за да си ги менуваат. На оние по министерствата, зашто се на Буџет, ќе им дадат само гас-маски. Остатокот од парите до разликата од цената на скафандерот ќе оди во провизии. Ќе тече ориз на сите страни.

    3. Робертсон ни рече дека сме возрасна и зрела држава. Од каде му е таа идеја? Секоја недела доаѓаше како на пазар и нè чукаше како лубеница. Аааа, овие зелени кинат. Е сега сме созреале. Може да нè колат. Тамам сме за лапање.

    4. Затоа соседиве пак ни се пуштија.
    Ене го Љубе Бошкоски под рака со Бугаринот.
    Ене го Владо Бучковски под рака со Србинот.
    Кој за што си е скроен. Бугарите ни дадоа тенкови од бившиот СССР. Србите ќе ни дадат авиони од бившата СФРЈ.
    За бивша држава – бившо оружје.

    5. Претседателот ни е на мака. Наредено му е сите да ги амнестира, ама не знае како.
    Има два начина.
    Едниот е да оди во Шипковица, да испие чај со Али Ахмети и овој да му го даде списокот.
    Вториот начин е во кабинетот да отвори тетратка. Во неа ќе се запишуваат сите припадници на ОНА.
    Арно ама, Борче нема само еден проблем. Што правиме со списоците за апсење на оние што избегнале мобилизација од резервниот состав на АРМ. Ќе лежат три месеци затвор. Тие што биле терористи ќе се реинтегрираат, а тие што не сакале да се борат против терористите, ќе заглават.
    Нема друго чаре, ќе мора Али Ахмети и нив да ги спасува. Кој си има врски, ќе си оди кај Ахмети да му напише оправдување. Не се јавиле на покана во АРМ, зашто биле мобилизирани од ОНА.
    Така, во кабинетот на претседателот, Али Ахмети ќе остави две тетратки. Во едната ќе се запишуваат оние што пукале, а во другата оние што не пукале.

    6. Се молат сите што живеат во селата од прв степен на ризик да не прават бели од 9 до 14 часот. Тогаш ќе шета полиција со пендреци и пиштоли. Немој случајно да ги испровоцирате, па да мора и лисиците да ги употребуваат.  Ако некој мисли да краде, нека се стрпи до 2 и 5 минути. Полицијата веќе ќе биде повлечена.
    Секој криминал што ќе се случи меѓу 14 часот и 9 утредента не важи.
    Се признаваат само свадби и ловџии.

    7. Може ли едно прашање до Пердју? Дали во Америка полицијата работи на заштита од тероризам од 9 до 2?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари