ОДА НА ПЧЕНКАТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:67:"Ки­роко­неч­ногоос­та­виСДСМсам

    1. Аме­ри­кан­ски­те фар­ме­ри се за­до­вол­ни, а ние сме среќ­ни до прет­се­да­тел­ско ни­во. Так­ва еу­фо­ри­ја как­ва што ви­дов­ме на прис­тиг­ну­ва­ње­то на пчен­ка­та за ма­ке­дон­ски­те пи­ли­ња, одам­на не е за­бе­ле­жа­на. Кој­знае кол­ка­ва ќе тре­ба да би­де не­ко­ја ид­на здел­ка или за­ед­нич­ко вло­жу­ва­ње, за да му се да­де на нас­та­нот тол­ку све­че­но зна­че­ње, как­во што бе­ше прис­тиг­ну­ва­ње­то на аме­ри­кан­ска­та пчен­ка во фар­ма­та во Бе­лим­бе­го­во.
    Не тре­ба да му се за­бе­ле­жу­ва на но­ви­от прет­се­да­тел што пр­ви­от ра­бо­тен ден го по­ми­на на фар­ма. Бо­рис Трај­ков­ски не са­ка да ги ос­та­ва ра­бо­ти­те не­за­вр­ше­ни. Ме­ѓу два­та из­бор­ни кру­га, го про­мо­ви­ра­ше про­ек­тот “Ма­ке­дон­ско пи­ле со тај­ван­ски ка­пи­тал”. Се­га, ка­ко из­бран прет­се­да­тел на др­жа­ва­та, мо­ра да се гри­жи пи­ли­ња­та да се нах­ра­нат.
    И кој да му по­мог­не, ако не при­ја­те­ли­те од Аме­ри­ка. За­тоа пчен­ка­та бе­ше дос­тој­но пре­че­ка­на и топ­ло поз­дра­ве­на од прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та и од пре­ми­е­рот. На пре­че­кот на оваа зна­чај­на и при­ја­тел­ска прат­ка при­сус­тву­ва­ше нај­ви­со­ко­то др­жав­но ра­ко­вод­ство на зем­ја­та, ос­вен прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то Са­во Кли­мов­ски. Из­врш­на­та кан­це­ла­ри­ја на ДА не­ма­ше за­се­да­ва­но, па Са­во не зна­е­ше ка­ков став да за­зе­ме тоа ут­ро. А поп­лад­не­то ве­ќе бе­ше доц­на. Пчен­ка­та ве­ќе бе­ше лег­на­та во си­ло­си­те. Мо­же­би и ве­ќе па­ту­ва­ла кон нај­ма­ли­те фар­ми, ка­ко што ис­так­на пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски во поз­драв­ни­от го­вор.
    Ри­ба­ри­те ве­лат де­ка вар­дар­ски­те кра­по­ви нај­лес­но се фа­ќа­ат на пчен­ка. Би­деј­ќи е вре­ме на про­ме­ни, кра­по­ви­те се за­ме­не­ти со кле­но­ви. Аме­ри­кан­ци­те про­ве­ру­ва­ат ка­ко на пчен­ка­та ќе ре­а­ги­ра­ат кле­но­ви­те. И дош­ле до зак­лу­чок де­ка клен нај­лес­но се ло­ви – на су­во.

    2. Пок­рај по­мош­та за ма­ке­дон­ска­та сто­ка, Аме­ри­кан­ци­те од­во­и­ја и 22 ми­ли­о­на до­ла­ри за по­мош на ма­ке­дон­ска­та си­ро­маш­ти­ја. Ве­ро­јат­но мис­леа де­ка ќе има­ат од ка­де да ни пла­тат, ако во Вла­да­та по­ми­не­ше пред­ло­гот за ку­пу­ва­ње аме­ри­кан­ски во­зи­ла на “Крај­слер”, во вред­ност од 13 ми­ли­о­ни до­ла­ри. Што ти е аме­ри­кан­ска по­ли­ти­ка. Сé се вр­ти око­лу до­ла­рот. Пр­во ќе ти про­да­дат ко­ли, па бан­ка­та ќе ти да­де кре­дит во кој ќе ти прес­ме­та и до­пол­ни­тел­ни 10 от­сто за по­ли­тич­ки ри­зик и пос­ле за тие па­ри ќе ку­пи пчен­ка од фар­ме­ри­те, и тоа што ќе ос­та­не ќе ти го да­де за со­ци­јал­на по­мош.
    На тој на­чин Ма­ке­до­ни­ја ги по­ма­га аме­ри­кан­ските зем­јо­дел­ство, бан­карс­тво­то и ав­то­мо­бил­ска ин­дус­три­ја. За­тоа не тре­ба да се чу­ди­ме ко­га Аме­ри­кан­ци­те ни ве­лат де­ка Ма­ке­до­ни­ја им би­ла од на­ци­о­на­лен ин­те­рес. Да не сме им ние, ќе им про­пад­не сто­панс­тво­то.
    Во про­ек­тот “аме­ри­кан­ски во­зи­ла” би­ле оп­фа­те­ни и че­ти­ри лук­суз­ни блин­ди­ра­ни “ка­ди­ла­ци”. Зош­то че­ти­ри, не се знае. Из­гле­да де­ка ќе оде­ле по два за прет­се­да­те­лот и за пре­ми­е­рот. Еден за нив и по еден за соп­ру­ги­те. Не дај бо­же на соп­ру­ги­те да им зат­ре­ба ко­ла, а тие да мо­ра­ат да се во­зат со џи­по­ви по ши­ро­ки­те ма­ке­дон­ски па­тиш­та. И ете ти брач­на кри­за без пот­ре­ба. На Са­во не му да­ва­ат “ка­ди­лак”. Пр­во, за­тоа што не зна­ат да­ли ќе им ос­та­не во ко­а­ли­ци­ја. И вто­ро, за­р не­го­ва­та же­на не­ма да по­ба­ра да се во­зи со “ка­ди­лак”. А шест “ка­ди­ла­ци”, мо­ра да се приз­нае, се­пак се прем­но­гу за си­ро­маш­на­та ма­ке­дон­ска еко­но­ми­ја.
    На­бав­ка­та на “ка­ди­ла­ци­те” е во фун­кци­ја на раз­вој на ре­ги­о­нот. За­тоа што “ка­ди­ла­ци­те” тро­шат мно­гу бен­зин. Бен­зи­нот е скап и на­ро­дот не­ма па­ри, па се­га Вла­да­та ќе мо­ра да тро­ши. На тој на­чин ќе ра­бо­ти и “Ок­та”. Заш­то Гр­кот не би бил Грк, ако не ќа­ри. И та­ка Ма­ке­до­ни­ја ста­ну­ва мно­гу зна­чај­на не са­мо за раз­во­јот на САД ту­ку и на Гр­ци­ја. Не бадијала нé ви­ка­ат ли­де­ри на За­пад­ни­от Бал­кан.

    3. Ки­ро Гли­го­ров ко­неч­но до­че­ка да го за­фрк­не СДСМ. Се по­ја­ви на ина­у­гу­ра­тив­на­та сед­ни­ца на но­ви­от прет­се­да­тел на др­жа­ва­та. Дос­та тие не­го го ос­та­ваа сам. Се­га тој ги ос­та­ви са­ми, за да ви­дат ка­ко е.
    Баш ме ин­те­ре­си­ра ка­ко ќе ре­а­ги­ра СДСМ ако по­бе­ди на на­ред­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. То­гаш прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та ќе тре­ба на нив­ни­от кан­ди­дат за пре­ми­ер да му го да­де ман­да­тот за сос­тав на вла­да. СДСМ не го приз­на­ва Трај­ков­ски за прет­се­да­тел. Зна­чи не­ма да има­ат ни од ко­го да го при­мат ман­да­тот. Ман­да­тот ќе го при­мат од не­ле­га­лен прет­се­да­тел. По ко­ја ло­ги­ка то­гаш нив­ни­от пре­ми­ер ќе би­де ле­га­лен.

    4. Си­ро­маш­ки­от Бран­ко. Не са­мо Ки­ро ту­ку ду­ри и Ѕин­го го из­не­ве­ри. Та­мам си по­мис­ли де­ка не е единс­тве­ни­от што не го приз­на­ва Бо­ри­са за прет­се­да­тел, ко­га Ѕин­го, оп – се по­ја­ви на ина­у­гу­ра­ци­ја­та. Зна­чи, мо­же да се оче­ку­ва и чес­тит­ка од Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ.
    Бран­ко ве­ќе ги обе­ди­ну­ва си­ли­те на пат­ри­от­ски­от фронт. Са­мо, по сé из­гле­да, мно­гу ло­шо му оди штом мо­ра­ше на прос­ла­ва­та на Си­тел да се бак­ну­ва со Ѕин­го. А тој, сед­нат ка­ко кум, на си­те што го об­ле­ту­ва­ат со бак­не­жи, им ве­ли со за­сип­нат глас: “Бас­та, бас­та…” И по­тоа си­те иг­ра­ат око­лу не­го, за да го раз­о­но­ду­ва­ат.
    Не из­др­жа Бран­ко, па оти­де да се про­ве­се­ли во чест на ло­јал­ни­от под­др­жу­вач на ли­кот и де­ло­то на Ми­ло­ше­виќ во Ма­ке­до­ни­ја. Ти­то Пет­ков­ски не се по­ја­ви, ама би­деј­ќи та­му му бе­ше ли­де­рот, се­ед­но е.
    Прос­ла­ва­та бе­ше ве­се­ла, ама при­каз­на­та е таж­на. Не­ма бе­га­ње од ма­ке­дон­ска­та суд­би­на. Да не бе­ше Бо­рис, ќе бе­ше Ти­то…

    5. Љуб­чо нај­а­ви де­ка ќе пре­го­ва­ра со Ци­ле за ко­а­ли­ци­ја­та до пос­ле Бо­жик. Пос­ле ќе фа­ти Ва­си­ли­ца, па Во­ди­ци… Не­ма смис­ла да си вле­ту­ва­ат ме­ѓу праз­ни­ци­те и да си го рас­и­пу­ва­ат рас­по­ло­же­ни­е­то. Не­ка по­че­ка­ат да се зап­ро­ле­ти, ба­рем до Проч­ка.
    Нам ве­ќе, и о­на­ка ни е се­ед­но.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари