ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:105:"КакосевикаатлокалнитеСлаѓаниТасевивоУгандаиИран?

    1 Пак стигна извештајот на Европската комисија. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го дочекаа подготвено. За застојот на патот кон ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ. А СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ.
    Секоја година излегува извештајот на Европската комисија. Секоја година и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ велат дека оценките на извештајот се очекувани. Петнаесет години и едните и другите нѐ тупат дека ЕУ ни е главна цел. Петнаесет години и едните и другите ги добиваат речиси истите забелешки и домашни задачи од Брисел. Петнаесет години и едните и другите не се фаќаат за работа да си ја напишат домашната.
    Всушност, 15 години не сакаат да нѐ внесат во ЕУ.
    Еве оваа година СДСМ ѝ е виновен на новата влада за лошиот извештај. Кој ќе им биде виновен в година?
    Седнале пратениците и се караат пред европскиот претставник Фуере кој што не направил за приближување кон ЕУ. Во исто време, надвор студентите протестираат против шенгенскиот ѕид и бараат либерализација на визниот режим.
    Па токму оваа влада пред еден месец кажа дека приоритет ѝ е либерализацијата на визите. Преговорите со ЕУ треба да почнат месецов. А тие сѐ уште не направиле комисија која ќе преговара за либерализација. Значи, за почеток имаа само една работа да завршат. Да ја направат комисијата. И не ја направија.
    Ај да видиме кога ќе ги направат пасошите.

    2 “Транспарентност” го објави индексот на корупција на државите. Македонија се најде на солидното 105. место. Лани сме биле на 103.. Во 2004 година сме биле на 97. место. Вицепремиерката Габриела Коневска Трајковска се пожали дека во 1996 година сме биле и некаде околу шеесеттото место.
    Што ни раскажува вицепремиерката? Дома нека си раскажува. Таа лани беше претседател на “Транспарентност Македонија”. Тоа е истата невладина организација која ја изгуби лиценцата од централата на “Транспарентност” во Берлин поради валкање на угледот на меѓународната организација. Тоа е истата невладина организација во која извршната директорка Слаѓана Тасева призна дека не се водело сметководство оти немале доволно луѓе. Тоа е истата невладина организација која затоа што не водела сметководство, имала неуредна финансиска документација и не можела да биде контролирана. Па никој не може да открие дали плаќале или затајувале данок.
    Индексот на корупција е попис кој го подготвуваат експерти што ја оценуваат корупцијата во јавниот сектор во 163 земји. На нашиве антикорупциски експерти работата им била најлесна. Не морале да прават анкети. Доволно им било да се погледнат во огледало. “Огледалце, огледалце мое, кажи во Македонија најкорумпиран кој е?”.
    Врз основа на сопствената перцепција во огледалото тие ја сместиле Македонија на 105. место. Некаде околу Уганда и Иран.
    Како ли се викаат локалните Слаѓани Тасеви во Уганда и Иран?
    Од едната “Транспарентност” на која Германците ѝ ја зедоа лиценцата во Македонија, сега стана две.
    Тоа значи дека в година Македонија ќе биде уште пониско рангирана.

    3 За супермаркетот “Рамстор” се велеше дека тоа ќе биде најголема странска инвестиција. Не знаевме дека, всушност, е наша најголема инвестиција. Ама во Бранко.
    Тој како премиер ја даде локацијата во центарот на Скопје за само 25 евра квадрат за да изградат Турците супермаркет. И тие изградија супермаркет. И тоа навистина беше најголемата странска инвестиција во времето на Бранковата влада.
    Сега на истата локација што ние евтино ја продадовме, тие ќе изградат деловна зграда и скапо ќе ја продадат. Така супермаркетот ќе им дојде џабе.
    И после ќе кажат дека имало разлика меѓу тоа како се продале “Окта” и “Рамстор”. И двете се странски инвестиции. И двете се продадени во четири очи. И двете се законски покриени. Само што кога станува збор за Љубчо и ВМРО тоа по дефиниција мора да е простачко, а кога се работи за СДСМ и Бранко тоа е софистицирано.
    Кога би крадела ВМРО тоа би било арамилак. А кога би крадела СДСМ тоа е инвестиција. А кога би краделе ДУИ и ДПА тоа би било борба за човекови права.
    Така се гради демократијата во Македонија. И така се оди кон ЕУ.

    4 Разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ има и околу професионализацијата на дипломатијата. СДСМ испраќаше амбасадори и конзули во земји каде што им студирале децата. Бидејќи овие од ВМРО се помлади, ги испраќаат дипломатите каде што им студираат девојките и дечковците.
    Нов конзул во Солун ќе биде човек чиј единствен дипломатски кредит е тоа што му е другар на премиерот.
    Што е разликата меѓу едните и другите?
    Кога СДСМ ќе испратеше некое другарче во странство, воопшто не се обидуваа тоа да го правдаат. Сега во МНР ни велат дека конзуларната функција во Солун била церемонијална работа и затоа не мора конзулот да биде професионалец.
    Ако конзулот во земја со која имаме сериозен дипломатски спор и, згора на тоа, каде што има многу Македонци кои патуваат, студираат, работат, се лекуваат, се повредуваат во сообраќајки, заглавуваат по затвори и што ли уште не, треба да биде само церемонијалмајстор, тогаш не знам зошто ние би требале да му ја плаќаме платата.

    5 Ги гледам и Бранко и Тито како се препукуваат за прислушувањето. Открија голема Америка. Тито сега, а Бранко пред петшест години. Само што Тито сега треба да каже од каде му се сознанијата, а Бранко уште не кажува. Оти него транскриптите му ги дал анонимен доставувач.
    Многу ни е наивен државникот. Како што не се меша во работите на СДСМ оти е претседател на сите граѓани, така не знае ништо и за прислушувањето.
    Бранко наивен, Тито наивен… А лентата си врти…

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира