ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:70:"Без200илјадиевранарака-немадокази

    1 Кој ли го советува Никола Груевски? Или на самиот му текнуваат генијални идеи? Си се надмина себе си. Во една недела се истакна со две идеи. Прво предложи референдум за неменување на името на државата. А после се прогласи за опозиција во Скопје, иако ги доби изборите.
    Првата идеја е генијална во светски рамки. Таа му светнала кога Никола решил да се согласи со своето име. Да си седи пред огледало и да си се прашува: “Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најпаметен кој е?”. И – “Огледалце, огледалце мое, дали да си го сменам името свое? ”
    Втората идеја му е малку поскромна. Таа е за домашни прилики. Откако не му го избраа Трајко Славевски за претседавач на Советот на Скопје, Никола реши неговата партија да премине во опозиција. Така што победничкиот слоган “Цело Скопје ВМРО-вски град” повеќе не важи. Тоа што скопјани гласале против власта, за Никола не е ништо, ако неговиот пазар со Трифун пропаднал. Тие беа полни усти за доброто на граѓаните и бараа “резултати сега”, па заедно “се обединија за Скопје”… Но, ништо од тоа не вреди, ако не се добијат директорските места за кои си се договарале.
    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се уште не образложил зошто го изгуби главниот град при добиени избори. Но затоа ја образложи идејата за референдумот за неменување на името. Со него ќе се зацементирал ставот на секој што ќе преговара за името.
    Со секоја нова идеја на Никола постојната владејачка коалиција се повеќе се зацементирува на власт. Знаете кога СДСМ ќе изгуби на изборите? Со Никола како лидер на опозиција – никогаш. А може ни тогаш.

    2 Претседателот на Либералната партија Стојан Андов рече дека ќе го поддржи референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, само ако го поддржи и власта.
    Нели Андов и Никола беа некоја здружена опозиција. Се договараат ли меѓу себе како ќе настапуваат, или детево си мисли ептен само.

    3 Данскиот полицаец што тргнал да ги раздвојува македонските навивачи од Македонија и македонските навивачи од Шведска што беа на натпреварот Кометал \П и Слагелсе во Копнехаген, не знаел со кого си има работа.
    Да знаел ќе ги пуштел да си ги скршат главите. Наместо да вика зајакнување од полицајци, ќе викнел брза помош. Затоа и не треба да не чуди зошто за Шенген визи ни бараат по едно евро дневно за осигурување. Затоа што и кога одиме надвор сами си ги кршиме главите.
    Ние, Македонците знеме да се тепаме само меѓу себе. Со други не знаеме. Си ја чуваме кубурата на учкурот.

    4 Видовте ли дека во Данска се суди и во недела и се донесува експресна пресуда. Тројца комити ќе си лежат 12 дена затвор, а за другите тројца процесот почна три дена по инцидентот. Тоа е скандинавска правда.
    Се сеќавате кога еден војник на КФОР од Норвешка возејќи во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес отепа македонски министер сосе семејството и возачот. Норвежаните бараа да го судат дома.
    Нашето ефикасно судство можеби не е ефикасно, ама е максимално кооперативно. Не сакаат да ги лутат странците. Да можевме ќе се прогласевме самите виновни дека трасата на автопатот од Скопје кон Велес сме ја направиле во погрешна насока. Не можевме, па го пуштивме норвешкиот војник дома. Таму не доби на 12 дена затвор. Го осудија условно. Му забранија да вози во спротивна насока на автопат. И тоа е скандинавска правда.

    5 Како ги испитувал обвинителот Прчевски обвинувањата на поранешниот премиер Хари Костов за корупција на Буџаку при продажбата на државно земјиште на Плоштадот во Скопје.
    Тоа било глупост, рече Прчевски. Тие биле во пицеријата и ги испитале луѓето што ги нашле и никој од нив не видел дека брои 200 илјади евра, ниту пак дека некој господин јаде пица.
    Како испитувале? Ги прашувале келнерите, набавувачите… Или, главниот сведок им бил пица мајсторот.
    Прчевски е познат дека бара опипливи докази. Да се бројат. Тој беше претседател на судот во Битоа и не го виде криминалот во ТАТ, а сега бараме од него да види корупција во пицерија.
    Без 200 илјади евра на рака – нема докази.

    6 Се возбудија дека денеска премиерот на Грција Караманлис ќе одел кај Буш. Им е страв дека со Буш ќе зборуваат за името и Американците ќе се премислат.
    Па, што не оди и Бранко?

    7 ДУИ не дава Шкендија да излезе од Првата лига. Па направија тепачка на стадионот во Тетово за Работнички Кометал да изгуби, а тие да добијат бодови.
    Не тоа ништо ново за ДУИ. Како што со сила станаа власт, така со сила не даваат ни тимот да им изгуби. Само, ако на инцидентот гледаме од поведра страна тоа значи дека се уште има само една лига. Државата нема да се дели на две фудбалски лиги. Ако треба, со сила в година и прваци ќе бидат.

    8 Во Македонија се живее како на филм.
    Прва сцена: Во Кумановско двајца со фиќо бегале од трактор и друга кола, во нив пукале и бегајќи ги смачкал воз.
    Втора сцена: Во Струшко, рибокрадци се судриле со кајчето на полицајци и ги замавале со веслата.
    Да го гледаш тоа на филм нема да ти се верува.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира