ОГНЕНИ ПАРЛАМЕНТАРКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:113:"МакедонскитепрасињакаконоваскопскапровокацијазаГрција

    1. Што му требаше на претседателот Глигоров во неговиот пристапен говор пред новото Собрание, по свечената изјава да се занимава со обични секојдневни внатрешни работи. Фино си зборуваше за меѓународната положба, си ги анализираше односите со соседите, им испрати пораки на Грците. Кога, после почна да ги критикува државните служби, да се жали на односите на шалтерските работници… И, што е уште пострашно, уште го немаше доверено мандатот за сос­тав на нова влада, почна да им држи лекции на идните министри како да се однесуваат. Колку за потсетување. Малку да ги подзамисли. Да не се занесуваат дека тоа што во предизборната кампања им викаше “Не ме оставајте сам”, значи дека сега, бидејќи не го оставија, можат да прават што сакаат.
    Лекцијата што им беше одржана се состоеше во сознанието дека претседате­лот на државата во иднина не би сакал во Владата да има луѓе што мислат дека ќе се збогатат со тоа што се на јавна функција. На тие што мислат да се богатат им порача да одат во бизнисмени. Е, зошто така? Па затоа што досега такво нешто немаше. На пример, никој од власта не отвори фри-шоп. Никој никому не подели општествени станови. Контингентите за увоз беа принципиелно делени. Ембаргото за трговија со Србија најстрого се почитуваше. Со нафтен бизнис се занимаваа луѓе што немаа врска со јавни функции. Компјутеризацијата на некои министерства одеше со најрегуларни конкурси. И опремувањето со мебел на новите владини кабинети.
    За секој случај и министерот Фрчковски отиде во Неапол да учествува на Светската конференција за организираниот криминал. Не дека кај нас тоа го има, туку да се знае како да се спречи. За после да не се лечи. Не ќе беше лошо до Италија да отпатува и идниот министер за правда. Да го посети миланскиот јавен обвинител да види како функционира одвоеноста на судската од извршната власт, кога тој може да се осмели да покренува постапка против премиерот Берлускони. Досегашниот министер Туше Гошев немаше време да му се посвети на тој проблем. Требаше да ги решава станбените прашања на пратениците и да им обезбедува простор за приеми на новинарите.

    2. Почнаа преговорите за составот на новата влада. Носители на функциите главно ќе бидат луѓе од победничкиот блок Сојуз за Македонија. Арно ама, првите луѓе на партиите инсистираат владата да ја нарекуваме коалициона. Иако, бидејќи ја формира Сојузот за Македонија, би требало да ја викаме – Сојузна.

    3. Велат дека голем проблем на Владата ќе бидат 25-те загубари. Ситуацијата сега дополнително се искомплицира. По изборите бројот на загубарите од 25 се зголеми на 27. Дополнителните двајца се Демократската партија и ВМРО-ДПМНЕ.

    4. Кога не влезе ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот си помислив дека ќе имаме многу здодевно собрание. Арно ама, уште на конститу­тивната седница се случија интересни работи. На говорницата се појави Сулејман од Бардовци. Сакаше човекот да зборува 10 минути. Ама не му дадоа. Кој сé во претходниот мандат можеше да зборува и повеќе од 10 минути – гревота за Сулејман. Ама, тоа ти е волјата на народот. Ќе си ги слуша тие што си ги гласал.
    Сулејман се виде и на телевизија. Но, телевизиските камери не забележаа уште еден многу интересен настан за време на првата седница на новоизбраното собрание. Се запали еден од женските тоалети!
    Службите навремено реагираа на димните сигнали што стигнаа од тоалетот, па огнот веднаш беше изгаснат. Арно ама, целата ситуација со пожарот, и тоа првиот ден од работата на Собранието, е интересна од гледна точка на женското прашање.
    Изгледа дека се работи за некои нови, огнени парламентарки. Во минатиот состав беа пет, ама за четири години не успеаја да внесат паника во машките редови. Овие новите се само четири, а уште првиот ден успеаја да ги возбудат духовите и да се зборува за нив со страв. Пред некој ден, во “Вечер” изјавија дека е штета што се толку малку во Парламентот. Требало да бидат повеќе. Кога и толку малобројни успеаја да го запалат тоалетот, што ли ќе запалеа да беа повеќе. Им недостига сега уште само жена-министер за култура. Веднаш ќе одобри пари за снимање на нов филм на стара тема, ама само со женски улоги “Републиката во пламен”.
    Дури сега сфаќам колку беше хендикепирана госпоѓицата Доста Димовска од стариот парламентарен состав кога името на англиски ѝ го преведуваа како “Стоп смокинг”. Овие новите, барем според имињата, не знаат за забрани. Ќе жарат и палат.

    5. Грците конечно решија да ја истоварат пченката за Македонија во солун­ското пристаниште. Ќе излезат некако од смешната ситуација во која ги внесе руски брод натоварен со американска пченка.
    Штета! Баш очекував и однапред ѝ се радував на некоја посредничка мисија на Сајрус Венс и на Метју Нимиц, за спас на македонските прасиња, кои заради ембаргото од Грција ќе беа лишени од американската храна. Свињите веќе ги заклавме, па ќе ги прежалиме за Нова година. Којзнае, можеби и Бутрос Гали ќе испратеше извештај до Советот за безбедност во кој ќе го информираше дека ќе ги удвои своите напори пченката да стигне до македонските прасиња. Во меѓувреме Папандреу ќе ја дадеше пченката како дополнителен услов за продол­жување на преговорите, а Караманлис ќе ги свикаше партиските лидери за нова национална стратегија.
    Вака работите тргнаа како што треба. Баш е здодевно. Што би правеле ние сиромашните без грчките глупости.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари