ОНА ОВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:94:"ЉубеБошкоскинаавтопазарќесикуписèштомуфали

    1. За инает на Бранко Црвенковски, Љубе Бошкоски ги повлече сите резервисти. Од инает едно кило сол може да се изеде. Ние мислевме сме се бореле со терористи. А тоа ситуацијата била идилична. Се бореле меѓу себе само Бранко и Љубчо. А Џафери ужива.
    ОНА нема да ја уништи Македонија. ОВА ќе ја уништи Македонија.

    2. И после Европа ни била крива. И НАТО и КФОР. За Американците ич муабет не правиме. Оној расипаниот Леотар, уште недојден е против нас. Хавиер Солана доаѓа од што нè мрази, за да ни ги фали лидерите. Ана Линд, наместо да се угледа на наша Илинка, па со дамски чанти да шета низ светот, ставила ранец на грбот, а ни држи лекции за добро однесување.
    За сè ни е крив некој друг. Ние воопшто не сме виновни што ги гласавме овие.

    3. Добро, и Ана Линд призна дека во случајот со Македонија ЕУ направила грешка. Ама така викаат веќе десет години. Секогаш отпосле им текнува дека направиле грешка. И за Југославија, и за Хрватска, и за Босна, и за Косово… Не остана веќе никој во регионов кому уште можат да му прават грешка.
    Туку, во секоја несреќа има и малку среќа. Ние ќе им бидеме последна грешка.
    Баш ме разочара Љубчо. Што убаво се радувавме кога Благоја Марковски три дена ни кажуваше како сме освоиле третина од Арачиново. А Љубчо ни го урна моралот. Не било третина. Петтина било.
    Сега уште да расчистиме дали имало бели знамиња. Или, некој ги развеа белите гаќи на Волкот што се расправале каде да го оперираат. И така, акцијата не успеа .
    Слушајќи го премиерот како ни раскажува приказни за Волкот и Црвенкапа, сфатив дека Европа ни се скарала затоа што Арачиново не сме го освоиле за еден ден. Им рекол Солана: “Удрете, ама за еден ден завршете работа”. Кога виде дека и по три дена не нè бива да го освоиме селото, му рекол на Борис: “Е сега, ви помина ли меракот!”  Ама веќе не нè прашува. Ги пали автобусите и “Солана турс” ги води на висински подготовки.
    Ете така Европа пак ни се скара.

    4. На Борис ептен му се расипа меракот кога на роденден му дојдоа во кабинетот со пушки да му го слават. Ќути што славениците не му буричкале по фиоките. Замисли да му го нашле планот и да му го украле. Што ќе правеше НАТО без планот на Борис.
    Среќа што претседателот другиот ден се созеде по бурната роденденска ноќ. Па кога се освести попладнето, ни порача дека сме му дале мандат за мир, а не за војна.
    Што мисли претседателот, дека оние 230 илјади гласови што му ги даде Џафери се за џабе. Дека Борис немаше никогаш да плати. Му дојде време, Џафери си дојде да си наплати. Беса си е беса. А претседател си е претседател. Па макар и Борис.
    Само што не плаќа Борис. Ние плаќаме. И Македонци и Албанци. И сите од Преамбулата, плус Србите.

    5. Тоа и Илинка го сфати, па дури до Луксембург се спотера да му го брани планот на граѓанинот Трајковски.
    Е, Илинке, Илинке, што доживеа. За диловите на Љубчо и Џафери, Ана Линд да те кара, а ти да се браниш.

    6. Да не ја потсетуваме Илинка што зборуваше пред четири месеци за Љубчо и Борис, зашто и Европа и САД заборавија што зборуваа за нив. Борис беше претседател по мерка на сите граѓани и по мерка на Европа и САД. Љубчо беше реформски настроениот премиер, демократ, конструктивен, флексибилен, со смисла за соживот со малцинствата, проевропски, про-НАТО ориентиран, креатор на релаксираните односи…
    И сега тој истиот Љубчо не им чини. Зашто е песимист. И зашто вели дека не е сигурен дека и во наредните десет години во Македонија ќе биде можен соживотот со Албанците. Човекот, едноставно, немал веќе идеи.
    Ако е така, нека ја праша онаа легандарна селанка Круна од Арачиново што ја снимија сите странски агенции. Круна цело време се криела кај соседот Шаин. Вели: “Шиптари се, ама многу ме поштуваат, а и јас нив ги поштувам”. Ако Љубчо нема идеја како понатаму ќе се живее, нека ги праша Круна и Шаин. Тие сигурно имаат идеја.

    7. Секој со различна идеја дојде и пред Собранието во понеделникот. Покрај уривачите, видов многу нормални жители на Скопје кои едноставно дојдоа само со своето присуство да го изразат протестот против лошата власт. Се надевам дека и претседателот и премиерот сфатија дека има доволно луѓе што знаат да протестираат сами за себе, а не за партија.
    Но, сила бога не моли и кога видоа дека пукаат тие што ги вооружи министерот Бошкоски – си заминаа. Останаа само тие на кои им фалеа резервни делови за “мерцедес” и “крајслер”. Луѓето беа добро опремени со хебли и клучеви за вадење гуми, па кога му рипнаа на “мерцедесот” на Љубе, за час го реконструираа. Утре министерот нека оди на автопазар – да си купи сè што му фали.

    8. На сето пукање таа вечер  и заборавените рачни бомби во “мерцедесот” на министерот, само Господ ја чуваше Македонија. Така ни порача и претседателот.
    А на што да се надеваат тие што не веруваат во Господ?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира