ОПАЛИ БРАТЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:42:"Параходотмипристигна

    1. Луѓе, подготвувајте се за избори. Купувајте панцирни елеци, ставајте шлемови на глава, складирајте храна по визбите… Изборите се еден ден, ама којзнае колку ќе траат.
    Го видовте министерот за внатрешни работи како надмено изјави пред камерите: “Еве како брат Љубе влегува во политиката”. Па распали со фрлач на гранати. И бидејќи не знае да нишани, покоси     четворица. Кога ќе го фати нервоза којзнае колкумина ќе одат курбан како колатерална штета на рафалниот министер. Ќе не испотепа по улица и после МВР ќе соопшти дека самите сме биле виновни што сме му се нашле во близина. Или, што живееме во држава во која тој е министер за внатрешни работи.
    Затоа, оние од ОБСЕ нека размислуваат за поголем број набљудувачи на изборите. Тие не треба да се грижат за Косово. Изборите на Косово ќе бидат чиста здодевност во однос на тоа што ќе се случува во Македонија. Нам тука ни требаат повеќе набљудувачи. Уште сега има многу пациенти за посматрање.

    2. Како што Љубчо им се налути на медиумите, така Љубе направи вежба со работен наслов: “Како да ги убиеш новинарите и колегите и пак тие да се виновни”. Вежбата беше оценета како успешна. Бидејќи беа погодени четворица, оценката за успешноста е четворка. Многу добра. Уште еден, па одлична.
    И повредените се чувствуваат одлично. Имале чест да настрадаат лично од неспретната рака на министерот. Се знае, каде стапнува ногата на Љубе, таму треба не расне.
    За не дај боже нацијата да не остане без таков талент како што е министерот за внатрешни работи, тој ќе продолжи да се жртвува. Затоа не даде оставка. Освен новинарката, преведувачката и колегите кои се главните виновници што беа ранети, вчера како виновник го откри и командантот на единицата што вежбаше. Затоа што не го спречил министерот да пука. Иако, министерот бидејќи има полициска значка може да пука од кое оружје ќе посака.
    Следниот пат кога ќе видите полициски хеликоптер над  вашата зграда, веднаш бегајте во скривница. Можеби Љубе вежба.
    МВР со своето соопштение беше во право кога напиша дека на вежбата во Леуново се случил мал инцидент. Тие знаат дека кога е во прашање нивниот шеф, секогаш е можно да се случи голем инцидент.

    3. Поради недостиг на метални огради за обезбедување за време на посетата на Папата на Бугарија, нашиот источен сосед побарал помош од македонската полиција да им испратиме од нашите. Бидејќи ние ги имаме и за извоз, нормално дека ќе им помогнеме. Ионака со Бугарите работиме на принцип на размена на старо железо. Тие нам тенкови, ние ним огради.
    Кога Папата ќе ја посети Бугарја, Македонија ќе биде рајска градина. Којзнае од кога не сме ги виделе Собранието и зградата на Владата без неизбежниот декор од грдите сино-бели огради со кои власта се штити од народот.
    Се надевам дека тие денови нема никому да му текне да прави штрајкови. Наместо оградите што ќе бидат на привремена работа во странство, Собранието и Владата ќе мора да се бранат со жив штит. Иако, не е за потценување и едно поевтино решение. Зошто пред Владата не се постави Љубе Бошковски лично. А пред Собранието нека се монтира гоолем билборд со неговата слика. Тоа ќе биде доволно за луѓето да се разбегаат.
    На Љубе може да му се купи топ. Кога ќе распали, ако не дај боже некој се приближи додека ги нема оградите, цел прв ред ќе го кутне на земја. Љубе топ не го бие, ама со топ се брани.

    4. Целиот кабинет на претседателот Трајковски, на пат за Словачка тргна со автобус. Така било поевтино. Со официјалната посета на Братислава, претседателот ја продолжува својата песнопојна турнеја. Во Кина тој пееше, во Словачка му пееле, а членовите на Кабинетот, за да ги отепаат 16-те часа пат, сигурно пееле во автобусот. Како во филмот “Кој тоа таму пее?” Само Борис, што требаше да го игра Мишко, летна со авион и не го возеше автобусот. А и Доста, на која баш би и прилегала улогата на Неда Арнериќ, го немаше задоволството да ужива во автобускиот превоз на највисоко државно ниво.
    Не знам дали тие од Кабинетот знаеле дека до Братислава можат да патуваат и со воз. Со спални коли е уште поевтино. Плус, ќе стигнеа на официјалните средби наспани.
    Сега претседателот ќе патува за Велика Британија. Песнопојната турнеја продолжува со песната “Параходот ми пристигна…” Бидејќи бродскиот превоз е најекономичен, Кабинетот ќе се качи на брод од Солун.
    Има логика. Не знаеш што тоне побрзо и каде Борис е изложен на поголем ризик. На Македонија што тоне како Титаник, или на бродот од Солун, кој и не мора да потоне.

    5. Амбасадорот на НАТО во Македонија Николас Бикман, во денешното интервју за ВЕСТ го фали Али Ахмети како “Господин Чесен”.
    Види мајката. Овие Американците изгледа се глупави што изтиот Ахмети се уште го држат на списокот на непожелни граѓани на САД. Ако Ахмети е “Господин Чесен”, не знам зошто воопшто и Американците подигнаа толкава армија да се бори против тероризмот. Изгледа дека уште се во шок по настаните од 11 септември па не сфаќаат дека и Осама Бин Ладен е чесен човек.
    Очигледно странците го подготвуваат Али Ахмети за партија и за активно вклучување во политиката.
    Е па, нека му ја мисли Бранко. Љубчо веќе си има смислено.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира