ОТАДЕ ЗАПАД

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:90:"Зош­тоДос­тајаиз­бр­каРад­ми­лаодкуј­на­та

    1. Што се за­не­су­ва оној ев­роп­ски дип­ло­мат Те­ше­и­ра, па ни се за­ка­ну­ва де­ка Ев­роп­ска­та уни­ја ќе ни го од­зе­ла ли­дер­ско­то мес­то во За­пад­ни­от Бал­кан. Ќе нé пре­о­це­ну­ва­ле, заш­то вак­ви из­бо­ри не ви­де­ле во ни ­ед­на зем­ја што са­ка­ла асо­ци­ра­ње со ЕУ. Бо­жем из­бо­ри­те не беа ус­пеш­ни. Ни­кој не за­ги­на.
    Да бе­ше За­пад­на Ма­ке­до­ни­ја не­ко­ја ин­ди­ска про­вин­ци­ја или не­кој ре­зер­ват на пле­ме во не­раз­ви­е­на аф­ри­кан­ска др­жа­ва, си­гур­но ќе има­ше мрт­ви. Ама, ние не сме Аф­ри­ка и, за раз­ли­ка од нив, сме ѝ при­па­ѓа­ле на Ев­ро­па. Па имав­ме са­мо рас­чу­ка­ни гла­ви. Заш­то сме па­мет­ни. И заш­то има­ме де­мок­рат­ска по­ли­ци­ја. Ту­ка ни не­ма рам­ни не на За­пад­ни­от Бал­кан ту­ку ни во За­пад­на Ев­ро­па. Во ко­ја зем­ја на За­пад има­ло тол­ку по­ли­цај­ци вклу­че­ни во из­бор­ни­от про­цес. И тие ќе ни збо­руваат за де­мок­ра­ти­ја. Па нив­ни­те по­ли­цај­ци се глу­па­ви ка­ко цај­ка­ни ко­га не ги ин­те­ре­си­ра ка­ко се гла­са.
    Со ва­ков раз­вој на де­мок­ра­ти­ја­та, ние и ќе го над­ми­не­ме За­пад­ни­от Бал­кан. Тол­ку мно­гу ни ја фа­леа влас­та, па таа се за­не­се де­ка сé ѝ е доз­во­ле­но. Си ре­коа, Ев­ро­па нé под­др­жу­ва и зај­доа. Има пра­во Те­ше­и­ра. Не сме ние за ту­ка. Ни за Бал­кан. Ама ни за За­пад. Од нас што по­да­ле­ку. Ота­де За­пад.
    Сре­ќа што си има­ме прет­се­да­тел кој ни се прет­ста­ву­ва­ше ка­ко ев­ро­пски чо­век. И што Ев­ро­па го под­др­жу­ва. Та­ка се фа­ле­ше. И со не­го по­бр­зо ќе сме вле­зе­ле во Ев­ро­па. Ту­ку, ка­ко тоа прет­се­да­те­лот ни го са­ка­ат, а нас не нé са­ка­ат. Ами, ако тол­ку мно­гу го са­ка­ат, што не си го зе­мат кај нив.

    2. Не зна­еш што е по­ар­но. Да ти го са­ка­ат прет­се­да­те­лот, а те­бе да не те еса­пат за ниш­то, или да ти го мра­зат прет­се­да­те­лот, а те­бе да те по­чи­ту­ва­ат. Еве, на при­мер, Бри­тан­ци­те ич не го са­ка­ат Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ, ама во­дат смет­ка за ју­гос­ло­вен­ски­те гра­ѓа­ни. А ту­ка, мно­гу го по­чи­ту­ва­ат Бо­рис Трај­ков­ски, а за нас баш им е гај­ле.
    Доб­ро е, ба­рем бри­тан­ска­та ам­ба­са­да нé удос­тои со со­оп­ште­ние два де­на да не оди­ме во Со­фи­ја по ви­зи, заш­то ќе ја ре­но­ви­ра­ле та­мош­на­та згра­да. Ама за­тоа, пак, ќе мо­же­ме да ва­ди­ме ви­зи во Бел­град, и тоа во не­ко­ја кан­це­ла­ри­ја на Бри­та­ни­ја во бра­зил­ска­та ам­ба­са­да. Кај Ми­ло­ше­виќ не­ма­ат ам­ба­са­да, ама, ако тре­ба, и во га­ра­жа ќе из­да­ва­ат ви­зи, а ту­ка има­ат ам­ба­са­да, ама ни слу­чај­но не­ма да згре­шат во Скоп­је да поч­нат да из­да­ва­ат ви­зи за ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни.
    И пос­ле бри­тан­ски­от ам­ба­са­дор не­ка да­ва из­ја­ви де­ка не нé сме­та за прив­ре­ме­на др­жа­ва. Ќе му ве­ру­ва­ме.

    3. Бран­ко Цр­вен­ков­ски поч­на да ја спа­су­ва Ма­ке­до­ни­ја. За по­че­ток, ги пов­ле­че при­го­во­ри­те на тре­ти­от круг од из­бо­ри­те. И та­ка го до­бив­ме Бо­рис Трај­ков­ски за прет­се­да­тел.
    Ако има­ше пак прег­ла­су­ва­ње, ниш­то чуд­но Џа­фе­ри да ни се на­лу­те­ше. Па на­мес­то да му би­де­ме дол­жни, ќе ни ре­че­ше: “Дај вие Ма­ке­дон­ци­те, ед­наш ве­ќе из­бе­ре­те си прет­се­да­тел! Ако нé те­ра­те пак да гла­са­ме, ќе си из­бе­ре­ме наш!” Ва­ка пак ев­ти­но по­ми­нав­ме. Се­га не­ка пи­шу­ва фак­ту­ри. И не­ка му ги ис­по­ра­чу­ва на Љуб­чо за нап­ла­та. Ако не­ма Љуб­чо да пла­ти, ќе пла­ти­ме си­те. Дол­гот си е долг и мо­ра да се вра­ти. Ту­ку, да го за­мо­ли­ме пре­ми­е­рот, се­га до­де­ка е до­бар со Џа­фе­ри, да го за­мо­ли да ни прос­ти, па да не ни прес­ме­ту­ва и каз­не­на ка­ма­та.
    Баш е ин­те­рес­но ка­ко се­га Бран­ко Цр­вен­ков­ски ќе го обе­ди­ну­ва пат­ри­от­ски­от фронт за спас на др­жа­ва­та. Пар­ти­за­ни ли ќе зби­ра, во шу­ма ли ќе оди, те­ле­фон­ски жи­ци ли ќе се­че по бан­де­ри… Или, ќе го пра­ќа Буз­ле по ка­фе­а­ни, да го те­па­ат со ло­па­ти и ка­ме­ња. Не знам за Буз­ле, ама ло­па­та­та кој­знае ка­ко по­ми­на­ла.
    Са­мо тоа му ос­та­на, оти при­каз­на­та за ури­ва­ње на Вла­да­та за­вр­шу­ва во мо­мен­тот ко­га ќе се се­ти ка­ко ја уки­на мож­нос­та за пред­вре­ме­ни из­бо­ри со со­би­ра­ње­то пот­пи­си. Не бадијала се рек­ло, ка­ко ќе си го скро­иш, та­ка ќе си го но­сиш.

    4. Единс­тве­на шан­са му е пре­ми­е­рот да ја про­дол­жи тур­не­ја­та по ев­роп­ски­те ски­јач­ки цен­три. Мал­ку му е Гар­миш Пар­тен­кир­хен. За­мис­ли Бран­ко да го сме­ни, а тој да не ус­пее да ги ви­ди си­те поз­на­ти ско­кал­ни­ци. Љуб­чо од Гар­миш, да се пре­се­ли во Обер­здорф. Па от­та­му да трк­не до Инз­брук. Па во… … …. И та­ка ќе ја за­ок­ру­жи но­во­го­диш­на­та се­ри­ја на поз­на­ти­те ско­ка­чи. Ем пре­ми­е­рот ни е во ев­роп­ски тренд ем Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја, на­мес­то но­во­го­диш­ни чес­тит­ки од вре­ме­то на ко­му­низ­мот, по вес­ти­те ќе ни ги еми­ти­ра го­во­ри­те на пре­ми­е­рот, ка­ко што е нор­мал­но во де­мок­рат­ска др­жа­ва. Заш­то го­во­ри­те на пре­ми­е­рот ли­чат на бај­ки. Со нив ма­ли­те де­ца по­лес­но се ус­пи­ва­ат.
    Са­мо, не­ка ше­та Љуб­чо по сне­го­ви­те, ама не­ка гле­да не­ка­де ко­га ќе се зап­ро­ле­ти, да се вра­ти до­ма. То­гаш се то­пат сне­го­ви­те и мо­же да го зат­ру­па ла­ви­на. Ако не ве­ру­ва, не­ка пра­ша не­ко­ја ба­јач­ка.

    5. Прет­се­да­те­лот на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја ос­та­на докрај кон­спи­ра­ти­вен. Не им от­кри на но­ви­на­ри­те кој ја пра­вел тор­та­та. Да ја ма­те­ле Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва и Бла­го­род­на Ду­лиќ, не ми се ве­ру­ва. Ќе се ска­ра­ле во куј­на­та уш­те при ма­те­ње­то на јај­ца­та.
    Сé ми се чи­ни де­ка тор­та­та бе­ше по­да­рок од Вла­да­та. За­тоа бе­ше во об­лик на ср­це. За­тоа што ДИК ни бе­ше срц­ка. И тоа, нај­ве­ро­јат­но, би­ла про­из­вод на ко­лек­тив­на ак­тив­ност на вла­ди­ни­те да­ми. Нај­теш­ка­та ра­бо­та ја за­вр­ши­ле пот­прет­се­да­тел­ки­те Рад­ми­ла Кип­ри­ја­но­ва и Дос­та Ди­мов­ска. Две­те, слож­но и за­ед­нич­ки, ги ма­те­ле јај­ца­та. Ед­на­та ги ма­те­ла жол­чки­те, а дру­га­та бел­ки­те. Е ту­ка нас­та­нал ко­а­ли­ци­о­нен проб­лем. Шла­гот ни­ка­ко да им се по­го­ди. Па мо­ра­ла на по­мош да дојде Ми­ли­ја­на Да­нев­ска. Таа има ре­цепт за раз­вој. Се вклу­чи­ла и Ме­рие Ру­ша­ни, да да­де на­у­чен прис­тап на це­ла­та опе­ра­ци­ја. Ниш­то. Ни шла­гот по­рас­нал, ни тес­то­то доб­ро се ис­пек­ло. И на крај ја из­бр­ка­ле Рад­ми­ла од куј­на­та. Не мо­же да има две ма­тач­ки на јај­ца. Се знае кој нај­доб­ро ги ма­ти ра­бо­ти­те во др­жа­ва­та. И во ид­ни­на не мо­ра да се ја­де тор­та. Ќе се ја­дат ту­љум­би.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари