ПАНЦИР-ДЕМОКРАТИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:86:"ДамолимеБогаМилошевиќдаимостаненаСрбите

    1. Почна да функционира новиот концепт на полицијата. Дури и порано отколку што се очекуваше. Тројца полицајци се убиени, затоа што се дрзнале да проверуваат возила во атарот на коалициониот партнер. Сега станува јасно дека новиот концепт на полицијата е секој коалиционен партнер да си има своја територија. Исто како што си има свои даноци, царини, организирана трговија и образование.
    Затоа сега министерката за внатрешни работи Доста Димовска најавува земање на одговорност на полициските началници кои ги пуштиле сиромашките полицајци во Арачиново неподготвени. Кога веќе момчињата, по грешка, залутале на туѓа територија требало барем да им дадат панцири. Вакви грешки во иднина не смеат да се повторуваат. Арачиновци ѝ помогнаа на Владата да ни го избере претседателот на државата, а таму некои неодговорни функционери ги испратиле младите полицајци да им ја контролираат трговијата со оружје, дрога и со украдени автомобили. Тоа е без образ и без чувство за благодарност.
    Новиот концепт на полицијата, претпоставувам, ќе забрани рутински полициски акции и во струшките Велешта и Радолишта, светите места за кои Мендух Тачи рече дека за Албанците од Македонија се исто како и Дреница во Косово. Претпоставувам, затоа и во Арачиново кое од село прерасна во гратче со 14 илјади жители нема полициска станица. Зошто редот и мирот да не го одржува ОВК?
    Затоа панцирите и целосната борбена опрема можат да се видат низ улиците на главниот град на државата. Колку за да нè потсетат во чија територија нè оставиле и да знаеме од кого треба да се плашиме. За посета на пријателите од коалициониот атар ќе ни доделат странска помош во панцири. И така ќе ја изградиме демократската држава со релаксирани меѓунационални односи. Ние сме лидери на Западниот Балкан. Живееме во панцир демократија.

    2. Зошто опозицијата толку викаше дека Владата на Љубчо Георгиевски ќе нè бугаризира. Џабе се плашат. Овие и да сакаат да нè врзат со Бугарија, Бугарите не нè сакаат. Еве најавија воведување визи, зашто морале да се приспособат на шенгенските стандарди на Европската унија.
    Колку што ги познаваме Бугарите, тие од пусто подлизурковство, сигурно и ќе ни воведат визи, за да им се додворат на Европејците. Впрочем, во историјата само тоа и го правеле.
    Ако, така ни треба. Да ги почувствуваме веќе еднаш плодовите од позитивната енергија кон соседите.
    Туку, да се молиме на Бога Милошевиќ да остане на власт во Србија. Зашто, падне ли Милошевиќ, ќе избегаат од нас и Србите. Си останавме сами на Западниот Балкан.

    3. Најсмешното соопштение што го слушнавме деновиве беше тоа дека шефицата на Борис Трајковски Доста Димовска, го информирала за акцијата на полицијата и за трагедијата во Арачиново, во улога на министер за внатрешни работи кој отишол на прием кај претседателот на државата. Да бевме нормална држава, соопштението ќе го сфатевме сериозно. Ама бидејќи сè уште паметиме како претседателот стана кандидат за шеф на државата и бидејќи сè повеќе чувствуваме дека во панцир демократијата сè повеќе живееме во партиска држава, пологично е на средбата министерката Димовска да му дала на претседателот Трајковски партиска задача.
    Барем нека не даваат соопштенија. Да не се смееме. Зашто работава не е за смеење.
    Претседателот ни е сериозен и најсериозно отиде да бара помош. Цело време го повикува Господ да ѝ помогне на Македонија. А тој отиде по помош во Германија. Додека Господ ни се смилува, нека помогна Германија колку за да преживеме. Поблиску ни е.

    4. Павле Трајанов избра многу лошо време за правење партија. Ќе нè фати епидемија на грип. Така што сега министерот за здравство Драган Даниловски ќе може да ѝ помогне на власта. Ќе забрани групирање и Павле не ќе може да си ја групира партијата.
    Пусти Павле, ќе мора да дејствува во ќелии. Белки партиски, а не затворски.

    5. На пат од Вашингтон за Атина, новиот потпретседател на Владата Васил Тупурковски пропатува низ Македонија.

    6. Љубчо им даде на потпретседателите домашна задача за да им ја оцени следната седница. Доста Димовска и Бедредин Ибраими имаат ресори, па знаат што ќе пишуваат. Сиромашкиот Циле си остана без ресор, па ќе мора да пишува на слободна тема. Бидејќи најголем дел од функцијата ќе ја помине во авион, составот ќе му се вика “Живот на 10 илјади метри”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари