ПАРАСТОС МАЈСТОР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:112:"ОткакоБранконезакопадома,сегаќезакопуваипооколината

    1 Државниот секретар на МНР Емил Киријас рече дека дипломатите на оваа владина коалиција биле 39 отсто професионални, за разлика од дипломатите на ВМРО-ДПМНЕ кои биле професионални само 13 отсто. Тоа значи дека се попрофесионални од ВМРО-ДПМНЕ. Јака им е референцата.
    Или си професионалец, или си дилетант. Што значи тоа “попрофесионален”, па макар и од ВМРО?

    2 Велат дека изборите се клучни за евроинтеграцијата на земјата. Изборите треба да ги распише претседателот на Собраниете. Но, за да не се наруши процентот на професионализам во дипломатијата, човекот што треба да ги распише толку важните избори за иднината на државата ќе мора да се жртвува и да оди за амбасадор во САД.
    Љупчо Јордановски ќе патува за Вашингтон. Неспорна квалификација му е дека знае англиски јазик. Тоа значи дека во однос на другите има предност.
    Претседателот на Собранието е втор човек во Македонија. Наместо да го менува претседателот на државата дома, тој ќе оди по светот и ќе им ги носи куферите на министрите на некој Бучковски. Ќе и бара фризер на некоја Илинка. Ќе плаче за пари кај некој Никола Поповски…
    Ако за еден претседател на Собрание во Македонија се смета како унапредување одењето во амбасада во Вашингтон, тогаш и Бранко пред да му заврши мандатот треба да оди за генерален конзул во Њујорк.

    3 Неколку часа по железничката несреќа во Црна Гора во која загинаа над 40 луѓе оставка поднесоа и минстерот за транспорт и директорот на железницата. Зошто? Па тие не го возеа возот. Не беа ни свртничари на пругата.
    Вчера и министерот за одбрана на Словачка поднесе оставка. Пред една недела му се урна воен транспортен авион и му загинаа над 40 луѓе. Зошто и тој поднесе оставка. Ниту го возел авионот, ниту го поправал.
    И во Црна Гора и во Словачка јавниот обвинител покрена истрага за несреќите.
    Во Македонија кога падна авионот во кој загинаа претседателот на државата Борис Трајковски и неговите соработници никој не поднесе оставка. Обвинителот не покрена истрага.

    4 Немаше оставки, немаше ни истрага. Имаше само убав погреб.
    Толку убав што кога Косовците и УНМИК побарале памет како да го закопаат Ибрахим Ругова, ги посоветувале да се јават во Македонија. Од УНМИК во кабинетот на Црвенковски побарале помош за организирање на погребната церемонија во Приштина.
    Ете како од ден на ден си го докажуваме лидерскиот статус. Во регионот никој не организира подобри погреби. Можеме дури и агенција да отвориме. Да распишеме оглас: Организираме погреби за паметење. Вие само умрете, другото е наша работа. Формираме поворки, мериме со чекори, бојосуваме огради, асфалтираме улици, снимаме со камери, организираме директен пренос на националната телевизија… Шифра: Парастос мајстор.
    Лидерите на државите можат спокојно да си умрат кога ќе им дојде време. Имаме кадри да им излеземе в пресрет. Ние знаеме. Ние можеме. Откако Бранко не закопа дома, сега ќе закопува и по околината.

    5 Министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски одговараше на пратеничко прашање за затвореникот на ЦИА Ел Масри. Џанго не можеше да се сети на името на затвореникот. Оти тој бил турист. Влегол во Македонија на 31 декември 2003 година и на крај на јануари 2004 година си заминал.
    Толку знае за Ел Масри. Џанго мислел дека ЦИА знае и затоа тој не мора да знае повеќе.
    Пратеничкото прашање го постави Слободан Чашуле. Тој бееше многу задоволен од испцрпниот одговор на министерот. Кога прашуваше настапи како принципиелен опозиционер, а кога доби одговор се заблагодари како Кондарко.
    Чашуле има проблем. Поставува прашање за тајните затвори за ЦИА и случајот Ел Масри за да и се допадне на ЕУ, а се задоволува со одговорот на министерот за да не му се налутат Американците. Прашува за да биде опозиција, а после се заблагодарува и дели комплименти за да не му се налути власта.

    6 Бучковски рече дека Владата планира да го намали бројот на оние што ќе бидат ослободени од плаќање патарина. Но, пратениците и во иднина ќе се возат без пари оти владата не сакала да се конфронтира со нив.
    Зошто пратениците да не плаќаат? Затоа што не си ги зголемија платите!? Или затоа што не им исплаќаат дневници!? Или пак затоа што мораат да одат во пензија само со 25 години стаж!?
    Затоа што ние плаќаме за нив. И затоа што сме глупави што ги гласаме.

    7 Претседателот Црвенковски вчера беше во посета на Хидрометеоролошката управа. Злобниците веќе прават вицови дека бил да го смени времето. Тоа не е точно. Бил да види колку е саат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира