ПАРАСТОС ПРАЗНИК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:95:"ДодекаБранкоиБучкосигимерат,наАхметимурасте

    1 Вчера и од САД ни порачаа дека до 2008 година земјите од Балканот нема да влезат во НАТО, оти не ги исполнуваат условите. За Европската унија не се ни надевавме.
    Не знам што проблем имаат другите балкански држави. Ама, кај нас патот не чини.
    Новинарите завчера го прашаа Агим Красниќи дали има проблем во Кондово. Демек, сега овој ќе почне да раскажува за топови и пушки, за загрозени човекови права, етнички заедници, знамиња, грбови, рамковни договори… Не бе. Красниќи е угледен граѓанин на Скопје. Тој вели: “Пааатот е проблем…”
    Што сакаат сега? Велеа дека патот до ЕУ и НАТО оди преку Охрид, па го направивме Рамковниот договор. Потоа велеа дека патот до ЕУ и НАТО оди преку новата територијална поделба, па и Кондово го внесовме во Скопје. И Красниќи им го амнестиравме. Сега патот Кондово – Свиларе бил проблем. Асфалтот не бил добар на патот за ЕУ.

    2 Пред две недели градоначалникот на Скопје Трифун Костовски се жалеше дека не знае каква е безбедносната состојба во градот. За празникот тргна самиот да се увери. Беше во Кондово. И се увери. Безбедно е. Агим Красниќи има повеќе телохранители отколку претседателот на државата.
    Кондово е безбедно затоа што Агим Красниќи кажа каде е оружјето. Полицијата наоѓа оружје само ако претходно и пријават каде е. Инаку, зошто би одела да го бара. Тоа што оружјето беше најдено таму каде што беше кажано не било дел од политички договор. Красниќи самоволно го предал. Решил да се посвети на комуналните проблеми.
    Градоначалникот Костовски се сретна со граѓанинот Красниќи случајно во една кафеана. Потоа случајно се сретнаа во уште две -три кафеани во околината. Од кафеана, во кафеана, ги расправиле сите комунални проблеми.
    Само, нека не се занесуваат тие од власта дека Красниќи онака угледен како што го дал Господ за еден разбојник и крадец, ќе се задоволи само со патот до Свиларе. Ако не потпретседал на држава, од Агим министер сигурно бидува. За евроинтеграции. Оти тој го знае патот.

    3 Само што правиме со претседателот? Го нема, го нема, па ќе даде некоја изјава за Кондово и Красниќи. Тоа многу го вознемирувало. И бил загрижен.
    Ако Бранко е вознемирен, што има и мене да ме вознемирува по телевизии и весници. Како да му помогнам? Тој е претседател, а не јас. Ако како претседател не може да го реши проблемот, нека се напие апче, како што пиеме сите ние кога тие не вознемируваат.
    Излегува дека најважен е тој што јавно ќе каже дека е вознемирен. Па еден ден ни се жали Бранко, а другиот ден му одговара Бучко. И така, додека Бранко и Бучко си ги мерат на кој му е поголем, на Ахмети му расте. Рејтингот.

    4 ДУИ побара три нови државни празници. Да се слават денот на албанското знаме, денот на рамковниот договор и денот кога е формирана ОНА.
    Со оглед на големината, не е чудно што не побараа да се слави и роденденот на Али Ахмети.

    5 Денот на независноста на Македонија не беше прославен на 8 септември. Во Собранието немаше ни седница, ни коктел. Спикерот Јордановски бил во Америка. Веројатно немало кој да пушта музика.
    Претседателот Бранко Црвенковски ги подели првите државни одликувања на 7 септември. Ден пред празникот имаше и почесни плотуни.
    Ова не беше празник. Се се случуваше ден пред празникот. Според обичаите, кај нас само парастос се одбележува еден ден пред денот на умирачката.

    6 Бучко се пожали дека не е Супермен за одеднаш да ги реши сите проблеми. Премиерот ни е по авантурата. Лани во Струга го спасуваа како во филмовите на Ван Дам, а сега не е Супермен.
    Кога сме веќе кај авантуристичките филмови и Бранко би можел да биде некој суперхерој. Бетмен, на пример. Проблем е што два супер херои не одат во иста епизода. Не се согласуваат.
    Ама бидејќи Бучко не е супермен, тогаш ни Бранко не мора да биде Бетмен.
    Ние сме како во џунгла. Па Бучко може да биде само Тарзан. Тарзан го брани Битпазар.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира