ПАРЛАМЕНТАРКИ ПРОЦЕНТУАЛКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:107:"МакедонијаемалочудонаБалканот.Секоечудозатридена.

    1 Жените – пратенички во Собранието потпишаа амандман со кој во законот за избор на пратеници бараат женска квота. На секоја изборна листа да има по една жена меѓу првите три кандидати.
    А зошто да нема три жени меѓу првите тројца? Жените парламентарки сами си се понижуваат. Како жени не се способни заради своите квалитети да бидат политичарки, туку мора со квоти да ги внесуваат.
    Во Собранието има 25 жени пратенички. Тоа прилично силна парламентарна група. Ама до сега ниту еднаш не им текнало не да покренат решавање на важни женски проблеми, туку тие ни став немаат кажано, ако вооошто го имаат?
    Се побунија ли кога имаше обиди породилното боледување да се скуси на три месеци. Или кога се лимитираше платата за жените на породилно боледување. Му поставија ли пратеничко прашање на министерот зошто платите за родилките доцнат и до шест месеци? Не видовме дека некоја дама од Парламентот се стави во одбрана на женските права на шивачките што се безочно експлоатирани низ цела држава? Ургираа ли кај своите лидери да им го заштитат гласачкото право на жените Албанки
    Ним им е битен процентот. Не им се битни женските права. Тие им се само покритие во борбата за привилегиите што им ги нуди власта. Ако може парламентарките – процентуалки да си се пензионираат со 25 години стаж, а шивачките нека умираат на машини ако успеат да стигнат до 65 години.

    2 ДУИ влегува во нова фаза. Заврши со фазата на стабилизација. Сега најавува сензибилизација. Потпретседателот на ДУИ Гзим Острени изјави дека “за претстојните парламентарни избори ДУИ ќе излезе со програма во која главно место ќе заземе сензибилизацијата на жената чиј брачен сопатник е во странство”.
    Значи додека мажите им работат во Швицарска и Њемачка, партиските активисти ќе им работат на жените. Како ќе ги сензибилизираат? Прво ќе им ги симнат шамиите и мантилите.

    3 И Бучковски имаше неколку револуционерни истапи во Брисел. На генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер му рече: “Република Македонија е мало чудо на Балканот и да ја немаше ќе требаше да биде измислено заради стабилноста на регионот”.
    Што му рекол Шефер на Бучко? Секое чудо за три дена.

    4 Шефер инспириран од изјавата на Бучковски му порачал дека НАТО очекува наредните парламентарни избори во Македонија да бидат “110 проценти фер и демократски”.
    Ете добра причина од затвор да се пушти Амди Бајрам кој бара да се кандидира за пратеник. И тој гарантираше 102,3 насто дека изборите се фер и демократски. Овие избори ќе бидат 7,7 проценти подемократски од времето кога Амди Бајрам не беше во затвор.

    5 Србите му се налутија на Бучковски оти рекол дека очекува Косово да биде независно до крајот на годината. Една недела пред тоа Бучко предвиде и успешен референдум за независност на Црна Гора.
    Зошто се нервираат Србите? Ние не се нервираме оти тие го плаќаат Јован да работи против нашата држава. Нека се напијат сок “Антистрес” да убије бес”. Ние не се нервираме ни кога ни рекламираат на српски без да не удостојат со синхронизација на македонски. Си пиеме сок. А богами и кафе. “И мирис и укус”.
    Ме интересира нашто. Дали кога Косово ќе стане независно Србите ќе најдат некој локален криминалец да го постават во Пеќката патријаршија и ќе го финансираат, или ќе ни го земат Јован.

    6 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во ТВ емисија беше прашан дали спие раат. Тој одговори: “Да. Мирно спијам оти имам обезбедување”.
    Тоа значи дека сите функционери што имаат обезбедување спијат мирно. Каде е сега Кондарко да викне прес конференција и да праша: Во кој стан мирно спие Груевски?

    7 На една од многуте телевизии на кои гледачи се јавуваат на жешки линии и со СМС пораки пред некоја вечер одеше ваква порака: “Ако може водителката да ми објасни за што е емисијава”.
    Ете уште еден прилог кон тезата дека во Македонија на телевизија не се појавил само тој што не сакал.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира