ПАРТИСКИ ДУЌАН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:93:"ВМРО-ДПМНЕстанувамоќносамокогамутребанаСДСМ

    1. Бучко на Никола Груевски му направи невидена услуга. До пред само две недели си игравме мајтап со ВМРО-Народна, ВМРО-Забавна, а сега му ги дигна акциите. Зарем навистина овие од СДСМ мислат дека Груевски е кадарен да им организира молотови коктели и превртување на возилата, или Бучко се подготвува за нов партиски лидер, па самиот си избира погоден лидер од другата страна. Добро што тој заглави во Струга. Замислете Бранко да се јуначеше, па да мораше и него да го спасуваат. Ќе го вратеа Љубчо како партнер, без збор.
    ВМРО-ДПМНЕ станува моќно само кога му треба на СДСМ. Ситуацијата мора да биде под контрола. Гневните граѓани на Струга не смее да бидат обични луѓе. Тие мора да бидат хулигани на ВМРО-ДПМНЕ. Разочараните граѓани не смеат да бидат обични потписници на иницијативата за референдум. Тие мора да бидат неразумни симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

    2. Видете како британската државна станица Би-Би-Си известуваше за настаните во Струга. Станува збор за сет нови закони што ќе им дадат повеќе права на Албанците. Дел од Македонците се противат и сметаат дека државата ќе се подели. Законите се резултат на мировниот договор потпишан по конфликтот пред три години. Во меѓувреме Албанците предадоа илјадници парчиња оружје.
    Ројтерс објави уште еден детал. Во нередите биле искршени излозите на дуќани на Албанците.
    Значи, во оваа држава живеат клети Македонци кои се националисти и фашисти што не даваат и сиромашки Албанци што бараат права.
    А власта од што е опседната со опозицијата, заборави на државата. Од пишувањето кривични пријави не успеаја ни да видат дека стружани ги прекинаа сите манифестации за да не го попречат фестивалот на албанска народна музика. А кршењето на албанските дуќани не го демантираа оти на нивната евроатлантска ориентација нема да им се вклопи со приказната за хулиганите.
    Каде е државникот да го брани угледот на државата? Во Брисел. Да му се пожали на Солана. Види каков лош народ ми се падна. Морам и да го тепам и на суд да го дадам, само да го внесам во Европската унија.

    3. Од Брисел стигнува пораката дека ако се организира референдум тоа ќе го закочи нашиот пат кон .Европската унија. Значи, ако има референдум, нема да одиме во ЕУ. Што му кажаа на Бранко? Дека ако нема референдум, ќе не примат во ЕУ? Истото ни го кажуваа и за претседателските избори. Демек, ако не изберете претседател, нема да можете во ЕУ. Еве, избравме.
    Сите земји пред да станат членки на ЕУ, организираат референдуми.
    Сите земји што сакаат да го воведат еврото како национална валута, организираат референдуми.
    Новиот европски устав, за да стапи во сила мора да оди на референдум во сите 25 земји-членки на ЕУ.
    Што значи тоа? Само ѓраѓаните на ЕУ имаат право на рефрендум?

    4. Пред неколку дена се формираше граѓанско здружение што најверојатно ќе го поддржи Трифун Костовски ако реши да се кандидира за градоначалник на Скопје. И нормално, партиите веднаш беа прашани за мислење. И нормално, тие се демократи и го одобруваат, ама ќе виделе што ќе се случи ако здружението реши да прерасне во партија.
    Што ќе ни се натрапници во нашиот убав и предвидлив живот. Или си ВМРО, или си СДСМ. Ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ ќе ги избрка од работа тие од СДСМ. Ќе дојде СДСМ, ќе им ги земе бизнисите на ВМРО-вците. Ќе се врати ВМРО-ДПМНЕ ќе ги укине општините во кои градоначалниците се на СДСМ. Ќе дојде СДСМ, ќе ги смени законите и ќе ги одложи изборите.
    Ова не е држава. Ова е партиски дуќан.

    5. Првиот училишен ден на 1 септември децата ќе пишуваат домашна работа на тема: “Како си го поминав распустот”. И децата од Облешево, ако во меѓувреме не дадат глава за општината ќе пишуваат на истата тема.
    Јас летото го поминав на патот заедно со мајка ми и тетка ми. Главно беше здодевно. Најинтересно беше кога доаѓаше полицијата. А најзабавно ми беше кога мајка ми ги гребеше, а тетка ми ги касаше полицајците.
    Ова е вистинско време за полицајците што имаат швалерки. Жените дома не можат да ги откријат.
    Од каде ти е карминот на кошулата? – Бев на работа. Од каде ти се гребаниците на грбот? Имав тежок ден на работа. А зошто имаш модринка на вратот? Остај ме жено, разбивав барикади.

    6. Како Хари ќе се бори против падот на производството? Ќе испрати специјалци да го запре.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира