ПАУШАЛЕН КОЕФИЦИЕНТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:42:"Ситевоапс,ЉубевоХаг

    1 Љубчо го постави Љубе да се бори против организираниот криминал и борба против корупцијата. Откако успешно заврши со одбраната на Македонија, сега ќе апси.
    Брат Љубе не простува. Љубчо вика: “Држ те го арамијата!”, а Љубе прави рација. Ако треба и претседателот ќе го апси. За Фрчко ич да не збориме. За новинари, стечајци и загубари нема што да размислува. НАТО и УНХЦР ионака се редовни непријатели и шпиони.
    Единствено не може да удри на тие што градат дивоградби од 3 милиони евра на Водно. Не дека не сака. Уставот не му дозволува да им ја нарушува приватноста.
    Како тргнал братот, цела Македонија ќе ја затвори. Сите во апс, а Љубе во Хаг.

    2 Мистериозната палата на Водно, која некој на подмолен начин сакаше да му ја подметне на семејството на премиерот сега била во сопственост на некоја фирма со име “Скотиха”. Се чудевме што име ќе беше тоа и откривме дека “Скотиха” било кратенка од “Скопје – Титоград – Хаг”. Ако не е така, нека тужат!

    3 Во борбата против корупцијата се вклучи и претседателот Трајковски. Тој си побара паушал над платата од 60 илјади денари за да не мора да биде корумпиран. Ако не му дадат, ќе биде легално корумпиран.
    Паушал им следува и на претседателот на Собранието Стојан Андов и на премиерот Љубчо Георгиевски. Ама, ним не им требаат повеќе пари од тоа што го имаат. Тие ја делат сиромаштијата со народот. Се снаоѓаат. Особено Љубчо. Дал Господ свеска библиотекарка, па му помага кога ќе може.
    Борис нема да добие 60 илјади денари паушал. Владата ќе му даде повеќе одошто барал . Љубчо ќе го израдува со 87 илјади. Ќе му го зголеми имунитетот на претседателот. Така Борис ќе стане отпорен на корупција.
    Коефициентот на отпорност на Борис е 87 илјади.
    Други коефициенти кај претседателот не се измерени. Тие се паушални.

    4 Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во Битола изјавил дека ако СДСМ стане слична на ВМРО -ДПМНЕ, тој ќе ја распуштел партијата.
    Што сакал да каже Бранко? Дека СДСМ ќе почне да учи од својот ученик ВМРО-ДПМНЕ!?
    Граѓаните на Македонија имаа исклучителна можност да живеат во ситуација кога по осамостојувањето, првите 8 години на власт беше добар учител, а последниве четири години, неговиот талентиран ученик. И како што е редот, ученикот го надмина учителот.
    Овие сега мислат дека народот пред четири години беше паметен, сфати дека СДСМ ги лаже, па ја смени власта со ВМРО-ДПМНЕ. Да не мислат дека сега сме отапеле?
    Старата кинеска поговорка вели: Сите луѓе можеш да ги лажеш некое време. Некои луѓе можеш да ги лажеш цело време. Ама цело време да ги лажеш сите луѓе, не можеш.
    Ама има и една македонска поговорка: Кој лаже, тој и краде!

    5 Али Ахмети не се чувствувал безбедно на своите ослободени територии. Сакал да дојде во Скопје. Бара локација за седиште на албанскиот совет. Ем, да му биде безбедно, ем да биде близу до странските дипломати.
    Има ли побезбедно место на светов од Водно? Нека не лежи дворецот недоправен, и да не бидат џабе фрлени пари за комуналиите што Видое Смилевски-Бато ги платил уште пред да умре Тито. Ако веќе никој не ја признава куќата за своја, нека си ја земе Ахмети. Ете му шанса еднаш во животот да добие нешто и без оружје.
    Положбата на куќата му е ептен погодена. Ем Љубчо и Борис ќе му бидат при рака, ем со американскиот амбасадор ќе пие чај, ем прва сосетка ќе му биде амбасадорката на Југославија, па ќе може ако му е тесен дворот, да си земе и од нејзиниот.

    6 Духот на србокомунизмот ги прогонува современите борци за човекови права. Како можеше куќата на Тачи да се наоѓа на улица што се вика ЈНА. Од судбината не се бега. Нели е смешно што ОНА и АНА се тепаат на ЈНА?
    Следува продолжение на приказната. Штабот на АНА ќе се пресели во училиштето “Маршал Тито”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира