ПИШИ-БРИШИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:70:"Ваковнародзаниеднавластнеедобар

    1. Кој вели дека Циле не ги исполнува ветувањата? Рече дека ако за две години не ја оствари програмата, ќе си замине од власта. На првиот жирант Љубчо изгледа дека му стана јасно дека ништо не биДУва, па почна да мисли дали да ги плаќа долговите. Вториот жирант – Џафери, си ја брка работата.
    Што му стана на Љубчо со изјавата дека ќе оди на парламентарни избори ако опозицијата добие повеќе од 10 отсто гласови, од владејачката коалиција. Знае ли тој што зборува? Се консултирал ли со Снешка, пред да го викне Бане во кабинетот, или воопшто дома не отишол, па ја оплескал работата. Толку ли му се брза да си оди или, пак, е сигурен дека ќе направи фалсификат? Наместо 10 %, Бранко да му избега за 9,99 %. И – пропадна социјалистичката револуција и Македонија остана неспасена.
    Најшокиран од развојот на настаните со преминувањето на пратениците од кумашинчето Љубчо кај кумот Змејко беше Бане Димовски. Толку беше возбуден и загрижен што мораше да направи упад на почетокот на вестите на државната телевизија и да се препотува кога на премиерот му ја соопштуваше веста за пронесувањето на гласовите за наводното пребегнување на ВМРО-вските пратеници.
    Сепак, кога Бане ќе се појави на телевизија, јавноста не се вознемирува. Затоа што секоја власт го употребува за смирување на народот. Штом ќе го видиме Бане, знаеме дека не е ништо страшно. Затоа следниот пат не мора да оди во кабинетот на премиерот и да му одзема од драгоценото време за водење на државата. Нека се појави сам и на сите ќе ни олесни.

    2. Ете, дојдоа и петте минути на Борис. Замислете сега СДСМ да стане побројна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш другарот Бранко ќе мора да оди кај граѓанинот Борис, за да му даде овој мандат да прави влада. А Борис ќе се прави најважен во државата. Љубчо може од мака комотно да се удави во капка вода. Како ли Доста ќе му се правда што му го намести за претседател.

    3. Додека Љубчо се занимава со виша математика, а Бранко ќе ни го враќа социјалистичкото самоуправување, либералите на Гуштеров се фатиле за моливот и не го испуштаат од рака. Помина кампањата, а ние уште не дознавме чиј е моливот.
    Тоа покажува на кое дереџе сме. Додека другите се расправаат со компјутери, ние си пишуваме со моливчиња и гумички. Така е кога се живее на рабуш. Затоа и ништо не паметиме. Пиши – бриши.

    4. Затоа сега ќе се избрише зошто гласачите му се лутеа на Бранко, кога гласаа за Љубчо. Избришано е што зборуваше тој за Ѕинго, со какви црни ѓаволи и против кого на времето ќе се спојуваше Марјановиќ, зошто Перо Гошев не сакаше да се види со Бранко, со чии гласови Ристо Пенов го доби градоначалничкото место на минатите локални избори, кој беше со чисти, а кој со валкани раце, кој ловеше октоподи, а кој шверцуваше стока за Југославија…
    Љубчо и Циле не треба да се грижат. Луѓето се такви што за некоја година ќе заборават што правеле во власта и пак ќе му се налутат на Бранко.
    Затоа, во оваа земја не треба да се смени власта. Треба да се смени народот. Ни една власт досега не била задоволна од него. Ваков народ за ни една власт не е добар. Постојано ќе ги менува, а аир од никого не гледа.

    5. Која и да е маркетиншка агенција, треба да е будала да не прифати да работи на кампањата на македонските политички партии. Затоа што на нашите политичари многу им се допаѓа кампања по српски терк. И тие имаа чисти раце, и ние имавме. И тие имаат здружена опозиција, и ние имаме здружена опозиција. И тие имаа “Заедно”, и ние имаме “Заедно”. Следниот пат ќе станеме и “небески народ”.
    “Имали сте право. Погрешили сте!”
    Што има ние да мислиме, кога веќе смислиле браќата Срби. Најдоа бавча и си ја работат. А и почвата е плодна. Што ако украдеа некоја реклама од Шведска? На што ќе удреше црта моливот? На спас на државата, или на граѓанинот. Вака, што е сигурно, сигурно е. Ние си крадеме од земји со проверена демократија.

    6. Крадците што ѝ го украле накитот на амбасадорката Љубица Ачевска во Вашингтон биле многу безобразни. Како да не можеа да почекаат да дојде новата амбасадорка Радмила Кипријанова. Можете да замислите колку ќе беше накитена, ако врз нејзините белезици го ставеше и накитот на Ачевска. Имаше да ѕуни цел Вашингтон од ѕвечкањето на македонската дипломатија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира