ПИСМЕНО УВЕРЕНИЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:156:"КатринаиРитаодатнатака,аИлинкаиРададоаѓаатнавака.Аниенемамекадедабегаме

    1 Опозицијата побара интерпелација на Владата. И кога дојде денот за расправа, одвај се собраа на седница. Спикерот Јордановски ги молеше да пробаат да ја урнат Владата.
    И ние сега треба да поверуваме дека ваква опозиција може да урне Владата. Не дека не знаевме дека и нив не ги бива, ама не ни претпоставувавме дека и тие самите не веруваат дека можат да ја урнат Владата.
    Опозицијата уште сега може да формира влада. Груевски се фали дека толку биле спремни, што за секое министерско место имале дури и до пет кандидати. Дали тоа значи дека Груевски има и пет кандидати за премиер? Еве јас на пример, гласам за Ѕинго, ако веќе не можат Алија Шакиќ, Авдија Пепиќ и Бајрам Берат.

    2 Премиерот Бучковски го пофали само Слободан Чашуле. Само тој од опозицијата делувал конструктивно за НАТО и ЕУ.
    Кај и да е, Чашуле ќе го заврти кругот. Ќе си се врати на почетокот. Во СДСМ.

    3 Бучко ќе бара од НАТО писмено да му потврди дека Македонија е лидер во регионот. Доста НАТО бараше и поставуваше услови од нас. Сега Бучко им дава задачи. Во Брисел се тресат. Министерскиот совет заседава. Луѓе не се зафркавајте, на човеков му треба уверение.
    Уверението на Бучко му треба како оправдание за дома. За да ни ја продаде успешната приказна за Македонија, која нема да влезе во НАТО до 2008. А нема да влезе затоа што ние сме добри, ама друштвото ни е лошо.
    Ете ти беља. Пак друг е крив.

    4 Портпаролот на СДСМ Борис Кондарко рече: “СДСМ машки признава дека не се задоволни од економските резултати на оваа влада”.
    Зарем треба да имаме економски резултати, кога ионака сме лидери.

    5 Министерката за правда Мери Младеновска рече дека и меѓународните претставници ја пофалиле за реформите во судството. И порано имало бекства од затворите, ама се криеле. Сегашните бегства биле транспарентни.
    Една од реформите веројатно е и промената на речникот. Пред неколку дена Министерството соопшти дека многу опасниот затвореник А.К. пред да пука во Маџари, не избегал, туку “се одалечил” од затворот. Така што сега транспарентно во Македонија не бегаат од затвор, туку се одалечуваат.
    Па и нема зошто да бегаат. Никој не ги брка.

    6 Македонски пошти се рекламираат со слоганот: “Најубава порта е отворената порта”.
    Мери е многу лута. И го украле слоганот за рекламирање на македонските затвори. “Најубав затвор е отворен затвор”.

    7 По ураганот Катрина, на Американците им се заканува нов ураган. Рита. Од Катрина настрадаа во Луизијана и Мисисипи, а од Рита се евакуираат во Тексас.
    Катрина и Рита одат натака, а Илинка и Рада доаѓаат навака. А ние немаме каде да бегаме.
    Само затворениците ќе се спасат. Од Мери веќе се одалечиле на безбедно растојание.

    8 Скопје како град на солидарноста ќе изгради споменик за Њу Орлеанс. Сликарот Коле Манев рекол дека како што Французите на Њујорк им го подарија Кипот на слободата, и ние на Њу Орлеанс треба да му подариме споменик.
    А да им го дадеме крстот на Водно. Ионака им е скап за одржување.

    9 За решавање на сообраќајниот хаос во Скопје, ќе се ангажираат експерти од Велика Британија.
    Кога ќе ги разменат искуставата со експертите на Трифун Костовски и на ВМРО-ДПМНЕ, ќе почнеме да возиме лево.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира