ПИСМО ДО КАРЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:47:"Зоки,чувајсијакубурата

    1. Драга Карла,
    Од името на Здружението на граѓани за доброто на министерот за внатрешни работи, те молам обрни му внимание на Љубе. Пати човекот. Сака да оди во Хаг. Испрати му барем едно писмо, ако веќе не сакаш да се трошиш за карта. Колку да знае дека мислиш на него. Цела нација е потресена. Собира потписи да не одел во Хаг, а ти ни името не му го споменуваш.
    Имај чувство Карла, барем овој пат. Сочувствувај со нас. Дај му карта на човекот. Љубе се пали на тебе. Му се дига – рејтингот на секое споменување на твоето име.
    Еве го вежба. Оди по селата и божем удира камен темелници на спортски сали и фрла камења. Не знам како е кај вас, ама во нашата селска традиција тој што најдалеку ќе го фрли каменот, нему му ја даваат девојката. Тој е најдобар дечко во селото.
    Зарем и по ваков доказ, ти повеќе го сакаш Милошевиќ од нашиот Љубе? Е, Карла, Карла, не знаеш ти што забава пропушташ. Хаг со Љубе ќе ви биде повесел.

    2. Љубчо не сака да го тужи Гошев по обвинувањата дека тој е најкорумпиран во државата. Иако, како што рече, секогаш е подготвен да разговара на таа тема. Ама, низ бројки. Бидејќи, бројките се важни. Изразени во провизија.
    Освен тоа, на Љубчо не му е јасно зошто толку се дига врева за корупцијата во Македонија кога неа ја има низ цела Европа.
    Македонија живее со европски дух. А премиерот со најевропски.

    3. Ни оружје не може да ја растури врската меѓу Љубчо и Џафери. Љубовта е многу силна. Се мери во цифри. Толкава е цифрата што не верувам дека толку куршуми ќе можат да се испукаат пред “Дора”.
    Љубчо му се заблагодари на Тачи што ДПА цврсто стои до ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот е многу загрижен што некакви сили посегнуваат дури и по оружје за да ја растурат коалицијата. За Љубчо најважна е коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Државата ни се сведе на нивната коалиција.
    Љубчо без потреба се грижи дека некој со оружје ќе го раздели од Џафери. Тие лани направија војна токму за да не бидат разделени. Љубчо и Џафери оружјето ги спојува, не ги раздвојува.

    4. Откако Зоран Крстевски е во Владата, цело време на Љубчо му се заканува дека ќе преземе некакви мерки за да ги одблокира цистерните на “Макпетрол”.
    На почетокот велеше дека се срами што е во таква влада. После се шеташе со Фетаи до Брисел, божем го решаваа проблемот на европско ниво. А завчера дури и сериозно се закани дека ќе барал да го отпуштат Даравелски оти многу му правел проблеми со ЕУ, а тој не сака да се расправа со ЕУ.
    Однесувањето на вицепремиерот Крстевски е како во оној вицот со Македонецот од турско време. Нели, прво Турчинот му украл се. Потоа го тепал. Потоа му ја силувал жената. И на крај кога го натерал и тој да ги соблече гаќите видел дека Македончево имало кубура. Изненаден, Турчинот го прашал: “Што ќе ти е кубурава?” А овој му одговорил: “За секој случај, да ми се најде”.
    Е така и Зоки наш. Љубчо му прави што сака, а тој си ја чува кубурата за некогаш. Да му се најде.

    5. Којзнае Борис колку паметен ќе ни се врати од Кина. Таму ќе му подарат книшка со мудростите на Мао Це Тунг. Претседателот ни е опкружен само со мудреци. Кој ќе го слуша кога ќе дава изјави. Ред мисла од Фрчко, ред мисла од Мао Це Тунг.
    На Чашуле мудрости не му требаат. Тој со сите мудрости е премачкан одамна. Ама затоа, како што го бива, сигурно и во Кина ќе најде некоја партија со демократски предзнак во името.

    6. Премиерот многу ја почитува А1 Телевизија. Рече дека ако А1 една недела ги фали лавовите Европската унија нема да биде против нив.
    Ако беше до фалењето, нели МТВ секоја вечер шест месеци ги фали лавовите. Толку ли тие од Брисел не почитуваат државни телевизии?

    7. Знаете ли која е последната шанса на Љубчо да ги одложи изборите? Ако веќе пролетта ни минува без офанзива, пак ќе му се најдат Грците. Еве, за да му помогнат на Љубчо ќе ни го пратат вирусот преку граница. Љубчо ќе му каже на Андов Собранието да прогласи вонредна состојба и избори нема да има.
    Се прават ли избори со болни луѓе?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира